Connect with us

Инфо +

Средношколци на протест: Бараат да се вратат на училиште

Published

on

Средношколци од Струмица побараа да се вратат на училиште и да продолжат со настава, преку мирен протест одржан попладнево на плоштадот „Гоце Делчев“.

Учесниците на протестот бараат да се вратат на настава, бидејќи сметаат оти вистинскиот проблем ќе се случи кога ќе ја изгубат довербата во образовниот систем.

Тие порачаа дека се подготвени да посетуваат и комбинирана настава, најавувајќи продолжување на протестите ако не се прифатат нивните барања.

– Знаеме колку е ефикасна онлајн наставата. Ова е повик до надлежните да го слушнат нашето мислење бидејќи во спротивно ќе ја убијат нашата желба за напредок и ќе ни ја закопаат иднината – кажа една средношколка од Струмица

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Скопје

Ѓорѓиевски: Драчево ја слави новогодишната зимска бајка

Published

on

Вечерва Драчево блеска во празнична магија со манифестацијата „Новогодишна зимска бајка“, организирана од Општина Кисела Вода. Насмевките на децата, топлината на заедништвото и звуците на македонската музика ја претворија оваа ноќ во незаборавно доживување.

„Оваа бајка ја создадовме за сите наши жители, особено за најмладите, кои вечерва уживаат во магијата на празниците. Наша цел е да ја задржиме оваа традиција и да создадеме уште повеќе моменти што ќе ги поврзат нашите семејства и заедницата,“ изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Манифестацијата започна со настапот на детскиот фестивал „Поточиња“, каде децата пееја, играа и се фотографираа со Дедо Мраз и нивните омилени цртани јунаци. Забавата продолжува со настапи на македонски музички ѕвезди како ДНК, Огнен Здравковски, Лина Пејовска и Андријана Јаневска.

„Новогодишна зимска бајка“ ја покажа силата на празничниот дух во Драчево, привлекувајќи стотици жители и посетители. Со оваа манифестација, Драчево ја зацврстува својата позиција како една од најактивните заедници за време на празниците.

Continue Reading

Европа

НЕВРЕМЕТО ГО ПАРАЛИЗИРАШЕ СООБРАЌАЈОТ: Откажани летови; Издадено е предупредување

Published

on

Стотици летови беа откажани денеска во Велика Британија бидејќи силни ветрови ја зафатија земјата за време на пред-божиќниот викенд, соопшти лондонскиот аеродром Хитроу, а погоден е и другиот сообраќај.

„Поради силниот ветер и ограничувањата на воздушниот простор денеска се откажани мал број летови“, се проценува на околу сто, објави лондонскиот аеродром, најголемиот во Велика Британија и Европа по број на патници. Веќе вчера Хитроу откажа неколку летови, што главно ги погоди патниците на Бритиш ервејс.

И сите патувања меѓу Ларн во Северна Ирска и Каирнријан во јужна Шкотска се откажани најмалку до 20 часот по локално време, соопшти британската бродска компанија P&O Ferries.

Покрај тоа, патиштата мораа да бидат затворени, а возовите од вчера сообраќаат со намалена брзина, што доведе до откажувања и значителни доцнења за време на овој исклучително напорен викенд, за време на кој милиони Британци планираат да патуваат.

Британската метеоролошка служба соопшти дека жолтите предупредувања за силни ветрови ќе останат во сила до 21 часот по локално време, со налети до 125 километри на час. Ветерот треба да се намали во понеделник навечер.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Експлозивот пронајден во Арачиново доволен да ги крене во воздух Владата или Собранието

Published

on

МВР, Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје работат во насока на разбивање на една криминална група на подрачјето на градот Скопје, која што години наназад беше недопирлива за овие институции, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Сведоци сме на една робусна акција на МВР, на Бирото за јавна безбедност и на СВР Скопје, во насока на разбивање на една криминална група на подрачјето на градот, која што години наназад беше недопирлива за овие институции. Но, она кое што го направија овие институции претставува исклучително значајно, затоа што само пред два дена се најдени околу 200 грама експлозив кои се доволни да кренат во воздух која било поголема зграда на Влада, на Парламент, рече Мицкоски.

За потсетување, покрај досегашната заплена на милиони евра, накит, автомобили, часовници и други вредни предмети, во Арачиново со багери, детектори за метал, под земја, но и во шупи, во дворови на куќи и празни плацови се бараше што има скриено криминалната група Беланоца, а најдени се и 14 гранати 40мм и две калапчиња од 200гр ТНТ.

Најави дека ќе продолжат во битката против сузбивање на криминалните структури, но и на повикување на одговорност на политичките криминалци.

Со оваа влада граѓаните можат да бидат безбедни. Продолжуваме во нашата одлучна битка против сузбивање на ваков тип на криминални структури, но и на повикување на одговорност на политички криминалци кои што во изминатите седум години ја пустошеа Македонија. Повикувам граѓаните да бидат, мирни, спокојни и да знаат дека оваа Влада буквално води сметка за се она кое што треба да ја гарантира нивната безбедност, рече Мицкоски.

Извор: Вечер.мк

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк