Connect with us

Македонија

„Безумната партизација го уништи албанството во Македонија. Овде може да има тежина некојси уличар, којшто снима пациенти без трошка совест“

Published

on

„Во слободните економски зони во источна Македонија се отворени 33 илјади нови работни места, кои обезбедуваат егзистенција за 130 илјади жители, а во албанските зони на земјата има нула инвестиции. Во Македонија се уништува албанството. Албанската младина избега и во државата, според анализите на демографите, нема преостанати повеќе од 220 илјади Албанци, од кои огромно мнозинство се постари од 50 години.“ – вели Мерсел Билали, универзитетски професор и политички аналитичар од Гостивар, во својата статија со наслов „Уништувањето на албанството во * Македонија“, објавена во ревијата „Шења“, која ја пренесе информативната агенција на албански јазик ИНА.

Покрај другото, Билали пишува: Во слободните зони во источна Македонија уште од нивното основање отворени се околу 33 илјади нови работни места. Тие работни места обезбедуваат директна и индиректна егзистенција за близу 130 илјади жители од таа страна, во време кога во северозападниот дел од државата многу нешта се помножени со нула, како и свеста. Сите инвестиции од странство се испраќаат во источниот дел на земјава, додека во албанските делови на земјата тие празни слободни зони сега се претворени во одморалишта за кучињата-скитници и во пасишта за магариња без сопственици.

Северозападна Македонија во аут!

Во северозападниот дел на државата, кој е населен со албанско мнозинство, работат само три странски компании, кои имаат одредена тежина, но и овде вработувањето на Албанците е многу мало, или симболично. Тоа произлегува од незаинтересираноста на албанскиот политички чинител. Државата сега ужасно се празни од албанското население. Целата техника на албанското владеење со години се заснова врз празни пофалби и застарен патриотизам, поддржан од некои корумпирани медиуми и новинари. Тие имаат за цел да ги убедат луѓето дека нивната судбина е врзана со фолклорот и празните зборови, а зборот економија не се појавува воопшто во устата на албанските политичари, кои се занимаваат со цените на компирите и доматите!

Безумната партизација го уништи албанството во Македонија. Овде може да има тежина некојси уличар, којшто снима пациенти без трошка совест, но не и ни чесен и професионален човек! Ова е огледалото на ова преостанато албанство, колку кутро толку и трагично. Демографите анализираат дека во оваа држава нема преостанати повеќе од 220 илјади Албанци, од кои огромно мнозинство се постари од 50 години.

Нема дилема дека Коридорот 8 има голема геополитичка и економска тежина за Албанците во регионот. Додека на Албанците им преостануваат празните фалби, македонските властодршци во тишина ја вршат нивната работа со вековна вредност. Тие не погодуваат да кажат дека протерувањето на Албанците најдобро го вршат самите Албанци! Пијаните политички Албанци продолжуваат да се движат без компас, додека заслужните Албанци или избегале, или им се убиени надежите!

Македонија

ДО ЛЕТО ЌЕ БИДАТ ПУШТЕНИ 40 км од автопатот КИЧЕВО-ОХРИД – зимава ќе се асфалтира делницата до Врбјани

Published

on

До почеток на летната сезона ќе пуштиме за сообраќај околу 40 километри од автопатот Кичево – Охрид на потегот од Врбјани до Охрид, а до крај на 2026 година како што ветивме ќе го изградиме целиот автопат, истакна денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков извршија увид во зимско асфалтирање на автопатот во непосредна близина на Охрид.

Министерот Николоски, заедно со останатите присутни денеска промовираа асфалтирање во зимски услови, токму на трасата на автопатот Кичево – Охрид, активност која за првпат се применува после 50 години.

Како што истакнаа, ова е резултат на промена на Законот за изградба на автопатот Кичево – Охрид се со цел да се надминат проблемите со техничките услови со асфлатирањето и да се забрза неговата изградба. Министерот Николоски истакна дека направена е целосна мобилизација на работници и на машини и со тоа се создава услови да се асфалтира и на минусни температури.

– Ова е мое прво појавување на овој проект. Ветивме работа а помалку да зборуваме. Ги решаваме проблемите со автопататот и веќе ги забележуваме резултатите. Правиме историска работа за Охрид и за цел регион. Имаме голема мобилизација за изградба на автопатот и тоа со околу 300 машини и околу 600 вработени кои секојдневно работат на трасата. Денеска промовираме асфалтирање во зимски услови и на минусни температури се со цел да ја забрзаме изградбата и да ги достигнеме роковите што си ги зададовме. Тоа е до почетокот на летната сеозна да пуштиме за сообраќај околу 40 километри од Врбјани до Охрид со еден мал прекин кај Ботун, а до крај на 2026 година да го изградиме целиот автопат. Исто така во преткфалификација е избор на изведувач за автопатот Кичево-Букојчани и очекувам дека на пролет ќе имаме избрано изведувач. Потоа тој автопат ќе се надоврзе на автопатот кој интензивно започна да се гради, а тоа е од Гостивар до Букојчани и понатаму од Гостивар до Тетово, така да граѓаните од Охрид и регионот ќе добијат нов модерен автопат од Охрид до Скопје. Исто така по целата траса ќе има и алтернативен пат – изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Министерот Николоски исто така најави дека ќе се започне и со реконструкција на превојот Пресека.

Директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски истакна дека интезивно се работи на санација на косините и на завршување на експропријацијата.

– Работиме со силен интензитет да ги санираме косините што се појавени на потегот од Кичево до Врбјани бидејќи со текот на времето тие биле подложни на многу природни услови. Исто така работиме и на завршување на експропријацијата. Со измени на Законот благодарение на министерот Николоски ја сменивме формулата за асфалтирање и со тоа овозможуваме зимско асфалтирање, нешто што не се правело изминативе педесетина години. Наследивме огромни проблеми, но макотрпно работиме да ги решаваме ден по еден и очекувам дека до крај на 2026 година ќе го завршиме овој автопат – изјави Коце Трајановски, директор на ЈП за државни патишта.

Continue Reading

Бизнис

Раст на берзите, фокусот врз технолошкиот сектор

Published

on

На светските берзи цените на акциите пораснаа минатата по остриот пад седмица претходно, а инвеститорите се фокусираа на акциите на технолошките гиганти „Nvidia“ и „Alphabet“.

на Волстрите индексот Dow Jones скокна за речиси 2 отсто минатата седмица, на рекордни 44.296 поени, додека S&P 500 порасна за 1,7 отсто, на 5.969 поени, а индексот Nasdaq 1,7 отсто, на 19.003 поени.

Растот на индексите најмногу се должи на корекцијате на цените на акциите по остриот пад една седмица претходно, кога инвеститорите беа разочарани од пораката на претседателот на американската централна банка Федералните резерви (Federal Reserve – Fed), Џером Пауел, дека централната банка може да го забави темпото на намалување на каматните стапки.

Последните макроекономски податоци потврдија дека американската економија солидно расте, дека пазарот на трудот е стабилен, а инфлацијата и натаму е значително над целното ниво од 2 отсто.

Поради оваа причина, целосно е неизвесно дали Fed ќе ги намали каматните стапки уште еднаш, по трет пат оваа година, на состанокот во декември. Пазарот проценува дека има нешто повеќе од 50 проценти шанси да го направат тоа.

Минатата седмица, кварталниот деловен извештај на „Nvidia“ беше во фокусот на инвеститорите. Нето профитот на производителот на чипови достигна 19,3 милијарди долари во третиот квартал, двојно повеќе од истиот квартал минатата година. Приходите на „Nvidia“ скокнаа, пак, за 94 отсто на годишна основа, на 35 милијарди долари.

Иако резултатите беа подобри од очекувањата на аналитичарите, цената на акцијата падна по објавувањето на резултатите. Некои аналитичари велат дека тоа е последица на забавувањето на стапката на раст на приходите на „Nvidia“, која во претходните квартали изнесуваше повеќе од 120, па дури и 260 отсто.

„Иако Nvidia испорача импресивен раст на приходите, јасно е дека пазарот очекуваше повеќе“, рече Џорџ Бубурас, директор во „K2 Asset Management“.

Во фокусот на инвеститорите беше и акцијата на „Alphabet“, чија цена остро падна. Тоа следи по аргументот на американското Министерство за правда пред судот дека Google мора да го продаде својот прелистувач Chrome и да преземе други мерки за да го прекине својот монопол над онлајн пребарувањето.

Минатата седмица инвеститорите ја следеа ескалацијата на војната меѓу Русија и Украина, откако Украина истрела проектили од американско производство кон Русија. Рускиот претседател Владимир Путин изјави потоа дека Русија може да размисли за употреба на нуклеарно оружје доколку биде нападната со конвенционални ракети поддржани од нуклеарна сила.

Сепак, овие настани досега имаа само краткорочно и умерено влијание на пазарите.

Така пораснаа цените на акциите на повеќето европски берзи минатата недела, по две недели пад. Лондонскиот FTSE индекс зајакна за 2,5 отсто, на 8.262 поени, а франкфуртски DAX за 0,6 отсто, на 19.322 поени. Парискиот CAC, пак, ослабе за 0,2 отсто, на 7.255 поени.

Continue Reading

Македонија

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Published

on

Глобалниот прогностички модел (GFS) црта ново спуштање на многу ладен воздух од север и од североисток од 29 Ноември, овој бран повторно ќе донесе провејување на снег, но дали точно тоа ќе биде во вид на провејување или ќе имаме побилни врнежи останува да видиме што ќе каже неговото следно ажурирање, исто така до вечерва ќе видиме дали и Европскиот прогностички модел (ECMWF) ќе се усогласи со овој ладен бран кој го црта овој модел!

Наскоро следува официјална метео анализа токму околу оваа ситуација.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк