Connect with us

Македонија

Од денеска ќе можете да земете ДРЖАВЈАНСТВО електронски И ТОА ВЕДНАШ

Published

on

Денеска (16.05.2023) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски присуствуваше на настан во просториите на „Една Точка за Услуги” – проект на Министерството за информатичко општество и администрација, каде што се соединуваат сите државни институции со цел поедноставување на пристапот на граѓаните до институциите и услугите кои ги нудат.

На настанот свое обраќање имаа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, а по повод отпочнување на процесот на дигиталната трансформација на услугите за граѓаните во однос на издавање на уверение за државјанство на Република Северна Македонија во електронска форма.

Како што изјави министерот Спасовски, граѓаните на Република Северна Македонија можат да добијат уверение за државјанство во електронска форма на е-маил адреса и мобилен телефон.

„За таа цел, како МВР донесовме Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на водење евиденција за државјаните на Република Северна Македонија и за обрасците што се применуваат односно издаваат. Притоа, работни тимови од Одделот за информатика и телекомуникации и Одделот за граѓански работи во соработка со МИОА, овозможија преку Националниот портал за електронски услуги, барањето да се реализира преку емаил адреса или паметен телефон”, рече  Спасовски.

Објаснувајќи ја постапката за поднесување барање за уверение за државјанство во електронска форма, министерот Спасовски истакна:

„Барањето се поднесува во лично име и за свое малолетно дете, а услугата е достапна на веб сајтот  www.uslugi,gov.mk, лични документи и исправи, државјанство. Барање може да поднесе лице кое има државјанство на Република Северна Македонија и е регистрирано на порталот за е-услуги, преку Системот за единствена најава (СЕН), односно Националниот портал за електронски услуги, согласно прописите од областа на електронското управување и електронски услуги и од областа на електронските документи, електронската идентификација и доверливи услуги”, рече  Спасовски, додавајќи дека досегашниот начин на издавање на уверение за државјанство во хартиена форма ќе продолжи да се издава на досегашниот начин (лично или со полномошно на шалтерите во управните служби на Министерството за внатрешни работи) независно каде лицето има пријавено живеалиште.

Спасовски нагласи дека МВР продолжува со дигиталната трансформација на процесите и услугите и во наредниот период, а со цел обезбедување брзи услуги кон граѓаните преку намалување на влијанието на човечкиот фактор.

„Ова е еден важен аспект од процесот на евроинтеграциите, бидејќи така ќе се подобри и квалитетот и ефикасноста во обезбедување на услуги за граѓаните. Притоа, ќе се осигура континуитетот и непречената работа на институциите. А, воедно би споменал дека е и успешна алатка во борбата против корупцијата”, истакна Спасовски.

„Денеска сме тука да ги објавиме дигиталните услуги во кои МИОА врз основа на Програмата и Националната Стратегијата за дигитална трансформација на државата, почнуваме да ги промовираме дигиталните услуги кои ги имаме развиени заедно со министерства и други институции кои нудат сервиси за граѓаните. Цениме дека преку дигитализација ќе ги подобриме услугите кон граѓаните, во реално време, со намалено влијание од страна на администрацијата, за која за жал до сега имаше одолговлекување во однос на добивање сервиси. Целта е до крајот на 2023 да се дигитализираат над 150 услуги преку Националниот протал. Преку Агенцијата за дигитализација овие услуги може потполно да се дигитализираат, при што факторот човек ќе биде занемарен”, рече министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.

Цената на чинење изнесува 150 денари (100 денари административна такса и 50 денари за образец) и истата може да се плати електронски во моментот на поднесување на барање за Уверението за државјанство во електронска форма.

Обрасците за уверение за државјанство број 4  ( македонски јазик) и 4а ( македонски и албански јазик) се заменети со нови обрасци, избришан е податокот за живеалиште заради целосно усогласување со процесот на дигитализација.

Во просториите на Една Точка За Услуги само во 2022 година се издадени 4.000 предмети од шалтерот на МВР, а годинава заклучно со 1 мај издадени се 600 предмети. Предметите опфаќаат Уверение за државјанство, потврда за последен адресен податок (потврдите барани од Катастар на недвижности), потврда која служи во социјално за прво родено дете, како и за второ и трето дете, понатаму потврда за непоседување на моторно возило, како и многу други потреби. Сите документи кои се издаваат на шалтерот на МВР се издаваат веднаш.

Македонија

МЕТЕОАЛАРМ СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доаѓа голем снежен бран на Балканот и во Македонија, се очекуваат обилни снежни врнежи!

Published

on

Под влијание на многу ладен циклон и низок воздушен притисок, секако поврзан со студена воздушна маса од север, а циклонскиот систем ќе биде со центар над Средоземјето, од утре попладне (20 Декември) па се до 24 Декември (Вторник) во Македонија ќе има пообилни врнежи, кои најпрво на пониските места ќе бидат од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег, каде снежната покривка на планините и на Скијачките центри значително ќе се зголеми, и таа до 24 Декември во вечерните часови локално ќе изнесува близу 100 сантиметри, особено на оние поголеми надморски височини, предупредува метеорологот Славчо Попоски.

„Поради веќе споменатиот продор на многу поладен воздух од север, од сабота, а особено во почетокот на следната седмица врнежи од снег ќе има во најголем дел од Македонија, и истите ќе бидат обилни, па така снежна покривка ќе се формира на многу пониски места (градови). Во источните предели ќе се формира снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри, локално и повеќе, додека во западните предели таа ќе биде најголема и ќе биде со висина од 10 до 20 сантиметри, а понекаде  и над 30 сантиметри. Помала снежна покривка се очекува да се формира  и во Скопје и околината.

Сето ова ќе биде проследено со засилен повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 65 км/час).

Што се однесува до температурите, тие од овој викенд значително ќе опаднат, а дополнително опаѓање на температурите се очекува од понеделник па натаму и минималните температури на воздухот на многу места во Македонија ќе бидат под нулата, додека максималните температури исто така на многу места ќе се задржат до околу, понекаде и под нулата.

Да напоменам дека поради силниот ветер кој се очекува да дува, се очекува појава  и на снежни наноси, особено на повисоките  и на планинските места, како и на Скијачките центри.

Со оглед на ваквата временска состојба, доколку патувате кон планинските превои, препорачувам да бидете крајно внимателни како управувате со своите возила, и тоа поради очекуваните обилни снежни врнежи и големата снежна покривка која се очекува. Исто така Скијачите да не се оддалечуваат на поголеми надморски височини, за да не дојде до нивно исчезнување како што беше случајот пред неколку денови, кога неколку Скијачи за среќа беа успешно пронајдени на Скијачите центри поради нивното исчезнување.

Од овој голем снежен бран секако ќе биде зафатен најголем дел од регионот, вели Попоски.

Continue Reading

Македонија

Дел од Тетово без вода известуваат од П.Е Водовод

Published

on

ИЗВЕСТУВАЊЕ!

Се известуваат сите граѓани дека поради поставување на нови вентили во водоводната мрежа што П.Е Водовод и канализација го врши на улицата Борис Кидрич, ќе има прекини на водоснабдувањето во овој дел од градот.

Continue Reading

Македонија

Се испитуваат причините за смртта на рекоторот на економски факултет Кожухаров – во што се сомнева обвинителството?

Published

on

Основното јавно обвинителство Кавадарци презема повеќе дејствија за испитување на причините за смртта на 64-годишен скопјанец кој на 16 декември беше пронајден починат во својот автомобил во водите на Црна Река, на територија на Општина Росоман.

Веднаш по настанот беше извршен увид на лице место, а при првичниот преглед на телото на починатиот не се констатирани видливи траги на насилство. Издадена е наредба за обдукција, а обдукцискиот наод се уште се изготвува и не е доставен до обвинителството. Освен тоа, наредени се и дополнителни лабораториски анализи.

Со цел испитување на настанот, надлежниот јавен обвинител издаде и барања до мобилни оператори за проверка на листинзи и податоци од базни станици за евентуална телефонска комуникација. Воедно, од АД ЕСМ – Подружница ХЕЦ Тиквеш побарани се информации дали во временскиот период на настанот е вршено испуштање вода од браната на хидроелектраната и дали при таков испуст се подига значително нивото на водата во Црна Река на критичната локација.

Врз основа на сите овие наоди и информации Основното јавно обвинителство Кавадарци целосно ќе го провери настанот.

Извор: 4news

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк