Connect with us

Инфо +

Груевски за Амди: „Беше човек кој помагаше на многу луѓе во тешки времиња на поплави, пожари, сиромаштија….“

Published

on

In memoriamЗамина Амди Бајрам. Добар човек, снаодлив и многу емотивен, секогаш подготвен за добра шега. Незаборавен лик во македонската политика со кого имавме одлична коалициска соработка.Искрено и неуморно се бореше за Ромите. Јас сум сведок за тоа. Многу средби, часови и часови за тоа како да им се помогне на Ромите во Македонија. Вработувања за Ромите, водоводи и канализациски мрежи, училишта и образование, улици, спортски сали, спортски игралишта…неуморно работеше да помогнеме на сите но често и директно на конкретни поединци кои се нашле во мака. Беше човек кој помагаше на многу луѓе во тешки времиња на поплави, пожари, сиромаштија….Моменти од нашите разговори во владата, во партијата, на кардиологија кога лежеше таму, од улиците низ општината Шуто Оризари, кај него дома кога имаше смртен случај во семејството, моменти од дошепнувањата но и настапите на митинзите низ цела Македонија, од парламентот, коалициските средби, од погребот на Есма, од џамијата која ја беше изградил, од легендарните свадби и ромските балови, одбележувањата на градбите на многу објекти и на многу други настани, секогаш ќе ми останат во сеќавањата.Почивај во мир Амди.

Македонија

Случајот „Адитив“ не е единствениот криминал во АД ЕСМ, ќе има и други случаи

Published

on

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека последниот случај во АД ЕСМ „Адитив“ не е единствен и нема да се заврши тука, ќе има и други случаи, јавноста ќе дознае кој е одговорен и кој ги крадел македонските граѓани и свесно уништувал, и одговорност мора да има.

„Тоа што се отпочна случај за адитивите кои се користени во АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ во производниот процес можам да кажам како инженер, професор и човек кој одреден период поминал во таа институција за менаџирање на истата, не само што немало потреба толкава количина за набавка на истите, туку и цените се надвор како што велат правниците правило на испружена рака, нивната рака долго се испружувала и завршувала во џебови кај поединци“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски истакна дека е убеден и за осомничениот кој не е достапен на органите на истрагата дека еден ден ќе биде достапен и ќе одговара, бидејќи како што посочи по седум години долгот е околу 5 милијарди денари, а нанесена е штета врз производниот енергетски систем со неспроведување на вистински ремонти туку со шпекулативни во смисла на нестручно и ненавремено.

„Би сакал да напоменам дека на тој начин што се несовесно се управувале производните комбинати во АД ЕСМ се нанесе и удар на суверенитетот на државата бидејќи ние не сме земја која има наоѓалишта на нафта или гас, со што директно се загрозија работни места на илјадници граѓани, и индиректни десетици илјади кои работат во компании кои соработуваат со АД ЕСМ“, рече премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека изминатите 7 години воедно се намалил производниот капацитет од 209 мегавати електрична енергија на мрежа до 145-150, а нови проекти и немало.

„На владина седница одглавивме два проекти, сакам да ја истакнам втората фаза од ветерниот парк во Богданци, нешто што претставува квалитетен проект, вториот е сончевата централа во Битола. Овие два проекти се обезбедени од европски банки, вредноста е стотина милиони евра што ќе додаде вредност во производното портфолио. Најголем дел злоупотреби се правени во надворешна механизација за ископ на јаглен ако направите математика ќе дојдете до заклучок дека денот нема 24 часа, туку 36, а годината нема 365 дека туку 450 или 500 дена, се побивани законите на физиката и би сакал во доказна постапка ако се отвори случај да ги слушнам кои им се објаснувањата“, рече премиерот Мицкоски.

Continue Reading

Македонија

„Зимска приказна“ ги враќа Битолчани дома: Празнична магија што обединува

Published

on

Секоја зима, Битола блеска со својата празнична магија, привлекувајќи илјадници посетители од целата земја и дијаспората. Оваа година, продолженото траење на манифестацијата „Зимска приказна“ стана посебно значајно за Битолчани кои живеат во странство, овозможувајќи им да ја доживеат оваа магија за првпат или повторно да се вратат на спомените од своето детство.

Многумина кои пристигнаа за празниците сведочат за емотивните моменти поминати на Широк Сокак, украсен со светлечни декорации, музика и празнични штандови. „По повеќе од десет години, конечно имав можност да ја посетам оваа манифестација заедно со моето семејство. Оваа атмосфера е нешто што ниту еден град во странство не може да го замени,“ вели Драгана Ставревска, која живее во Швајцарија.

Продолженото траење на „Зимска приказна“ им дава на иселениците повеќе време да се поврзат со своите најблиски, да уживаат во локалните традиции и да почувствуваат дел од своето родно место. „Зимската приказна е повеќе од настан – тоа е мост меѓу минатото и сегашноста за нас Битолчани,“ додава Александар Трајковски, кој дојде од Австралија.

Манифестацијата оваа година потсетува дека Битола не е само град, туку топол дом за сите кои некогаш го нарекле свој.

Continue Reading

Македонија

Лажен полицаец измамил скопјанка: Оставила пари во корпа во парк Жена Борец за да ја ослободат ќерка и

Published

on

Вчера во 17.00 часот во СВР Скопје, 65-годишна жена од Скопје пријавила дека  била измамена од едно лице за сума од 45.000 денари.

Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати за да ја ослободат. Потоа таа ги оставила парите на местото каде што ѝ кажало лицето, односно во корпа во парк Жена Борец, а подоцна сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк