Connect with us

Македонија

На австриската амбасада и пукна филмот ! Фирма од Австрија не може да си наплати 4,5 милиони евра долг од зетот на Заеви

Австриската амбасада ги повикува коморите да им ги одземат лиценците на извршителите и нотарите кои учествуваат во ова беззаконие, а медиумите ги повикува на јавно наддавање на кое должникот го распродава имотот над кој има судска забрана.

Фирма од Австрија, која има побарување од 4,5 милиони евра од македонска фирма, и времена мерка за забрана за отуѓување на нејзиниот имот, реагира на тоа што и покрај судската забраната, фирмата ја отуѓува својата сопственост, оставајќи мали или никакви шанси доверителот, австриската компанија АММА, да си го наплати долгот. Според австриската амбасада, станува збор за злоупотреба од страна на нотари, извршители и судски функционери, кои се под влијание на фирмата должник. Австрискиот амбасадор бара надлежните судски органи, обвинителството и стручните комори да реагираат и да го спречат криминалот. Една од фирмите, преку која се испумпува имотот на фирмата должник, е во сопственост на Емилија Заева Костова, братучетка на Зоран Заев и сопруга на самиот должник Атанас Костов од Валандово – наведува амбасадата на Австрија.

Во отвореното писмо до медиумите од Амбасадата на Австрија во Македонија се опишува проблемот:

„Основниот граѓански суд во Скопје на 7 јуни годинава издаде времена мерка во корист на компанијата AMMA Import Export GmbH (AMMA), со седиште во Хоенемс, Австрија, високо ценет индустриски снабдувач на зеленчук во регионот на Југоисточна Европа, првенствено ангажиран во трговија на големо и дистрибуција на земјоделски производи. Со забраната се замрзнува недвижниот имот на фирмата ДЕНА ПРОДУКТ Увоз Експорт Велес (ДЕНА) во сопственост и управуван од г-дин Атанас Костов од Валандово до признавање и извршување на арбитражна одлука во износ од приближно 4,5 милиони евра дадени на 3 јануари 2023 година во фер и транспарентен процес од реномиран меѓународен арбитер, во корист на АММА. Не е изненадувачки што мерката е обжалена.

Испаѓа дека патот до извршување на меѓународна арбитражна одлука во Северна Македонија е тежок и комплициран, и ги загрозува инвестициите преземени од австрискиот инвеститор. Во случајов времето е значителен фактор, со оглед на тоа што ДЕНА уште од почетокот, со поддршка на сродни компании, извршители и нотари, презема разни активности за да ги избегне и спречи легитимните побарувања од АММА, и тоа на следниве начини:

– најголемиот дел од својот имот го префрли на ГЛОБАЛ ТРЕЈД ДММ ДООЕЛ Валандово, (ГЛОБАЛ), поврзана компанија која е во сопственост на г-ѓа Емилија Заева Костова, сопруга на г-дин Атанас Костов, и братучетка на поранешниот премиер Зоран Заев,

– помогнала во спроведување на две извршни решенија против сопствените стакленици и имот во Валандово, при што има јасни докази дека официјалниот јавен катастар е изманипулиран како поддршка на овие акции, и трето,

– спровела јавно наддавање на сопствена стаклена градина во Богданцина на 10 јули 2023 година, иако е во тек граѓанска постапка и кривична истрага.

Со последното закажување на јавното наддавање на 10 јули 2023 година, во корист на компанија поврзана со ДЕНА, АММА речиси сигурно нема да може да си го наплати отштетниот износ од 4,5 милиони евра.

Зошто австриски инвеститор мора да ангажира три адвокатски канцеларии и да поднесе повеќе од десет тужби за признавање на арбитражна одлука во Северна Македонија? Како е можно да се манипулира со информациите од Централен катастар, официјалниот јавен регистар? Како може да продолжат извршни постапки, кога во исто време против некоја фирма се изречени привремени судски мерки, а против неа се води истрага? Зошто надлежните институции во државата, најважно, се Советот на јавни обвинители, Државниот јавен обвинител, Вишото јавно обвинителство – Скопје, се целосно неактивни и воопшто не го истражуваат случајот?

Дали ДЕНА и ГЛОБАЛ ги заробија судството и службениците (извршителите и нотарите)?

Како последица на тоа, австрискиот амбасадор Георг Вуцас побара од Судскиот совет и Советот на обвинители во неодамнешното писмо итно да ги отстранат сите неспособни или пристрасни судии и обвинителите во овие случаи. Секој притисок и влијание се некомпатибилни со независноста на судството и мора да се пријават за понатамошно постапување. Покрај тоа, амбасадорот Георг Вуцас ги повикува надлежните Комори на извршители и Комора на нотари да ги укинат лиценците на нотарите и извршителите кои ја злоупотребиле својата службена положба и овластување во конкретниот случај.

Австриската амбасада будно ќе ги следи понатамошните случувања во оваа работа, вклучително и сите нерешени правни барања до судовите и до јавното обвинителство. Ние ги изразуваме нашите големи надежи и очекувања дека правосудниот систем во Северна Македонија ќе дејствува самостојно и правично и ќе дозволи владеењето на правото да преовладува во разумна временска рамка.

Австриската амбасадата ги повикува сите одговорни медиуми во Северна Македонија да бидат сведоци на јавната аукција во просториите на извршителот Ангел Костадиновски во Кавадарци, на 10 јули во 12:00 часот. На аукцијата ќе присуствува и амбасадорот Георг Вуцас, а тој ги повикува сите одговорни граѓани кои се залагаат за владеење на правото, особено државниот јавен обвинител, да му се придружат. Ако заложбите за борбата против корупцијата и организираниот криминал се искрени, сега е време да се обрне внимание, а не да се гледа настрана!“ – се вели во писмото од амбасадата на Република Австрија во Македонија.

Македонија

Шар Планина влезе во елитното друштво на Динаридите – националниот парк стана дел од мрежа со 105 заштитени подрачја

Националниот парк Шар Планина и официјално стана полноправна членка на Мрежата Паркови на Динаридите, платформа што обединува 105 заштитени планински региони од осум држави. Членството беше потврдено на VII Меѓународна конференција на Парковите на Динаридите – „Глобални и европски перспективи на заштитените подрачја во регионот“, која се одржа во Подгорица.

Претставниците на НП Шар Планина потенцираат дека членството претставува значајно признание и поттик за понатамошен развој на заштитеното подрачје.

„Особено го истакнувам тоа што со колегите од соседните држави разменивме искуства, што говоревме за добрите и лошите моменти во управувањето со заштитените подрачја“, изјави Милорад Андријески од управата на паркот.

На конференцијата, на која присуствуваа повеќе од 110 учесници од земјите од Динарскиот лак, како и од Италија, Белгија, Франција, Шпанија и Чешка, беше прифатено и зачленувањето на Паркот на природа Драгишница и Комарница од Црна Гора.

Управувачите на заштитените зони ја нагласија потребата од посилен регионален пристап во обновата на природата, подобрување на управувањето со мрежата Натура 2000, редовно оценување на ефикасноста на заштитата и интензивна меѓусебна соработка.

Во рамки на тридневната програма беа одржани четири панел-сесии, две работилници, како и седници на Управниот одбор и Собранието на Мрежата на Парковите на Динаридите.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: На овој Конгрес не добив само реизбор, победи идејата, од поглавје на кризи, отвораме поглавје на зрелост

На XVIII Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше повторно избран за претседател, но како што истакна, овој реизбор значи многу повеќе од лична победа. „Не добив само реизбор, туку победи идејата. Вечерва затвораме едно поглавје на кризи, напади и неправди и отвораме поглавје на зрелост“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека партијата денес донесе документи кои ќе ја обноват вербата во политиката и ќе покажат дека со јасна стратегија и план резултатите се достижни. „Создаваме заедно стратегија, доктрина и нова национална рамка, а оваа визија ја добива поддршката што ја претвора во обврска за сите нас“, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека товарот што го носи не е лесен, но го прифаќа со мир, затоа што зад него стои народот. „Македонија премногу долго се гледаше низ очите на другите. Време е да чекориме со свои амбиции и да ја градиме иднината што ја заслужуваме“, додаде тој.

Вечерниот конгрес беше означен како историски исчекор за партијата, која, според Мицкоски, се подготвува да излезе од кругот на страв, поделби и ниски амбиции и да започне нова ера на зрелост.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Довербата во институциите и дигитализацијата ја носат иднината на Македонија

На XVIII Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, што се одржува во Спортскиот комплекс „Јасмин“ во Кавадарци под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, нагласи дека стабилноста и развојот на Македонија се возможни само со доверба во институциите кои функционираат на основа на владеење на правото и дигитализација.

Мицкоски истакна дека интеграцијата на дигитални процеси, автоматизацијата и енергетската транзиција се стратешки приоритети за државата. Според него, зелената економија не е идеолошки проект, туку државна потреба, а инвестициите во обновливи извори на енергија, модернизација на преносниот систем и регионални енергетски проекти ќе ја намалат зависноста и ќе создадат нова економска динамика.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека стабилноста и развојот се невозможни без доверба во државата, која се гради преку независни институции, владеење на правото и системи што создаваат правичност, а не зависност. „Без доверба во институциите – нема држава. Правната држава не е збир од закони, туку нивна доследна примена. Македонија мора да ја премине границата од формална кон функционална демократија“, истакна Мицкоски.

Во својот говор тој посочи и дека вештачката интелигенција е новото гравитациско поле на глобалната моќ. Земјите што инвестираат во AI обезбедуваат економска, безбедносна, институционална и технолошка предност, додека оние што ја игнорираат остануваат зависни од туѓи технологии и интереси. Мицкоски нагласи дека Македонија мора да стане активен учесник во новата интелигентна економија, наместо пасивен консумент на туѓа технологија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг