Connect with us

Македонија

„Не само што недостигаат лекови; за жал, недостига и човечката емпатија“ – познатите за ситуацијата со малата Бисера

Published

on

По објавата на видеото со мајка која ги брка родителите на четиригодишната Бисера додека зборуваат за живот со предизвици и проблеми на деца со дијабетес од под летниковец, затоа што славела роденден на нејзиното дете, на социјалните мрежи се коментира ситуацијата.

„Не знам зошто и е цензурирана олош фацата на онаа гуска без осет што брка тв екипа додека се мести за роденден на детето, додека дете со дијабет седи под сенка заедно со екипата, при тоа колку трае едно интервју и како тоа летниковец е резервиран за роденден.

Дај да ја видиме со фаца, да ја напраиме славна сосе детето еднаш годишно што слави роденден, дека иначе децава со дијабет слават 7-8 пати. Клети несреќни г****, ќе се удавите у сопствениот лошотилак. Да ви е живо и здраво детето и имајте пуно среќа, пошо ќе ви треба“, напиша Миа Костова како реакција на ситуацијата.

Ајде да ја направиме славна госпоѓата која го резервирала летниковецот и буквално ги избрка луѓето сред интервју. Пратете фотка ако некој ја препознае дотичната, не за друго туку да и пратиме поклон за роденденот зошто еднаш во годината се славело роденден“, напиша Панчо од ДНК.

Оваа Карен од градски парк кај има резервирано летниковец за роденден и зошто и почитуваме анонимност?“, прашува доктор Лазаров

Се најлошо во човекот е испливано на површина. Цел лошотилок, цело домашно невоспитување…се нема грам емпатичност, соживот.
Се надевам дека госпоѓата ќе се засрами барем сама пред себе, кога ќе го гледа интервјуто на родителите на девојчето со дијабет…
Ужас !
Како мајка, ми се преврти желудникот!
Како жена, се срамам од неа!
Како уметник сум тажна кому ние тука продаваме култура !
Жално…на сите можни нивоа“, вели актерката Маја Андоновска.

,,Бисера (4), дете со дијабет, требаше да се тргне од летниковецот и да стои на сонце со татко ѝ, бидејќи некоја „госпоѓетина“ еднаш во годината славела роденден за нејзното дете.
Никаква култура, дерење, Бисера во солзи. Неподнослива, одвратна дрскост.
И сеа, краток приказ на тоа каде живееме и која ни е културата“, нмапиша новинарот Кристијан Ландов.

„Погледнете го прилогот за детето со дијабетес. Не само што недостигаат лекови; за жал, недостига и човечката емпатија“, вели пратеникот Антонио Милошоски.

Видео:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=610903544480362&id=100003013190118&mibextid=Nif5oz

Видео:

https://youtu.be/bUtx_mgpQQY

Македонија

ШПАНСКИ ТИНЕЈЏЕРИ СЕ ПРИВЕДЕНИ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ Патувале со родителите и носеле куп петарди

Published

on

На граничниот премин Меѓународен Аеродром – Скопје, полициски службеници лишиле од слобода две шеснаесетгодишни лица шпански државјани, кои патувале со своите родители, а поради тоа што при ПДЗ контрола кај нив биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.

За настанот бил известен дежурен ЈО од ОЈО Скопје и обвинител за малолетни лица, и биле дадени насоки против малолетниците да се поднесе прекршочна пријава по основ на Закон за експлозивни материи, а додека со родителите да се изврши информативен разговор, информира МВР.

Continue Reading

Македонија

Гореше автомобил во Битола

Published

on

Во Секторот за внатрешни работи – Битола, ноќеска на полноќ било пријавено дека на улицата „Глигор Прличев“ настанал пожар во патничко моторно возило марка „пежо“ со битолски регистарски ознаки. Тоа било сопственост на В.А .од Битола.

Од СВР – Битола соопштија дека пожарот бил изгаснат од страна на битолската Територијална противпожарна единица. Повредени лица нема, причинета била материјална штета. Увидот го извршила увидната екипа на СВР – Битола.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Continue Reading

Македонија

Тепачка пред казино интервенирала полицијата

Published

on

Физичка пресметка се случила рано утрово пред казино во Неготино, информираат од Секторот за внатрешни работи Велес.  

– Утринава во 04.15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле А.Ј.(39) од неготинско село, затоа што пред казино во градот, тој и неготинецот Д.Ј.(35), по  вербална расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, појаснија од СВР Велес. 

Оттаму додадоа дека со Д.Ј. бил извршен службен разговор, а А.Ј. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк