Connect with us

Свет

Татко го фрли детето од прозорецот на зградата, а потоа сам скокна (Видео)

Во Казахстан дошло до пожар во повеќекатница, во која, како што јавија локалните медиуми, се евакуирани повеќе од 300 луѓе, а посебно внимание привлече едно видео кое се појави на социјалните мрежи.

Со оглед на тоа што многумина останале заробени во зградата поради пожарот, еден татко немал многу избор, па решил да го фрли своето дете од петти кат, додека луѓето на земја ширеле чаршафи.

На видео кое кружи на социјалните мрежи може да се види како таткото го фрла малото дете од висина од 20 метри, а долу сепак го фаќаат безбедно неколку луѓе.

На драмата и немало крај, бидејќи родителот во паника веднаш скокнал. За среќа, некој донесе душек за да го ублажи падот, бидејќи чаршафите тешко ќе ја издржат тежината на возрасен човек. Останува нејасно зошто станарите не ја напуштиле зградата користејќи ги пожарните скали, а постои можност да биле блокирани.

На видеото се гледа како некои од нив стојат покрај прозорецот за да не се задушат од чадот.

Локалните медиуми јавуваат дека нема жртви, а во болницата се згрижени 31 лице, меѓу кои 16 деца. Пожарот по извесно време бил локализиран, а во акцијата учествувале 50 пожарникари кои донеле големи скали и на тој начин ги извлекле заробените луѓе, пренесува Сан.

Свет

Зеленски најавува мировен план и нови воени способности на Украина

Во итна прес-конференција, украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека утре ќе му презентира на Доналд Трамп нов мировен план, кој моментално се финализира заедно со европските партнери.

Зеленски потенцира дека Украина не преговара со Русија, бидејќи Москва не покажува никаква заинтересираност за дијалог.

Тој исто така истакна дека Украина е подготвена за енергетско примирје, но само ако и Русија е подготвена за таков чекор.

Во рамките на воените активности, Зеленски објави дека Украина веќе ја користи Сапсан ОТРК со балистички ракети и дека се распоредуваат и ракетите Лонг Нептун, Паляница, Фламинго и Сапсан.

Continue Reading

Свет

Брисел подготвува строги казни за мигрантите – земјите-членки под притисок

Брисел – Земјите-членки на Европската унија се подготвуваат да поддржат значително заострување на миграциската политика, вклучувајќи воспоставување „центри за враќање“ на мигранти надвор од територијата на ЕУ.

Министрите за внатрешни работи денеска во Брисел ќе гласаат за предлозите на Европската комисија, кои предвидуваат построги казни за мигранти со одбиени азилски барања, враќање во „безбедни земји“ и принудно напуштање на територијата на ЕУ. Дополнително, пакетот вклучува распределба на најмалку 30.000 баратели на азил меѓу земјите-членки, при што земјите што нема да примаат мигранти ќе плаќаат по 20.000 евра за секое лице.

И покрај намалувањето на нелегалните влегувања за околу 20% оваа година, европските влади се под притисок да преземат акција, особено поради растот на крајнодесничарските партии. Данска и неколку други земји силно го поддржуваат пакетот, додека Франција и Шпанија го доведуваат во прашање легалитетот и ефективноста на предложените мерки.

Активистите предупредуваат дека новите мерки можат да го зголемат ризикот и правната неизвесност за мигрантите, додека ЕУ се обидува да постигне компромис до крајот на годината во услови на политички чувствително прашање.

Continue Reading

Свет

Половина Киев без струја по руски напади врз енергетскиот систем

Киев – Околу половина од населението на украинскиот главен град Киев денес остана без електрична енергија по најновите руски напади врз енергетската инфраструктура на земјата, соопшти Министерството за енергетика.

„Ситуацијата во Киев е една од најтешките – околу 50 проценти од потрошувачите во градот се без струја“, се наведува во официјалното соопштение на Телеграм.

Русија го зголеми бројот и интензитетот на нападите врз гасните и енергетските постројки на Украина, насочувајќи ги кон централи за производство на електрична енергија и далноводи. Трите украински нуклеарни централи, кои произведуваат повеќе од половина од електричната енергија на земјата, беа принудени да го намалат производството поради оштетувања на далноводите.

Како резултат, операторот на електричната мрежа, Укренерго, ги ограничи испораките на електрична енергија, оставајќи цели региони без струја. Прекините влијаат и на греењето и снабдувањето со вода, а жителите на Киев и околината во изминатата недела добиваат електрична енергија околу десет часа дневно.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг