Connect with us

Македонија

Љубчо бара ревизија на наративите за ИЛИНДЕН и за АСНОМ

Published

on

„Сега, откако се наполнија 120 години од Илинденското востание, ВМРО-Народна партија смета дека доволно време е поминато за да се направи една полна рехабилитација на многу личности кои учествуваа и се бореа во Илинденското востание, а од идеолошки и други неразбирливи причини беа оцрнети од македонската историја“, се вели во соопштението на ВМРО-Народна партија.

Во продолжението на соопштението се вели:

„Сакаме да го спомнеме ликот на Тома Давидов кој беше назначен лично од Гоце Делчев за главен воен ревизор на битолскиот револуционерен округ, кој за жал загинал непосредно пред Илинденското востание, но бил главниот човек кој ја направил толку силна воената организација на ТМОРО непосредно пред самото востание.

Но, врв на нашата неодговорност кон историјата е фактот што Илинденското востание го воспеваме со највисоки пофалби, а од главниот штаб на истото тоа востание, кој беше составен од Даме Груев, Борис Сарафов и од Атанас Лозанчев, го признаваме само Даме Груев. Борис Сарафов сеуште официјално го сметаме за врховист, а Атанас Лозанчев дури и за фашист.

Исто така, не можеме да сфатиме зошто Илинденското востание го сведуваме само на десет дена во Крушево, кога јасно е дека востанието траело повеќе од два месеци и под истата команда и истото решение се дигнал и народот во Одринско, односно на Преображение во Одринско, а на Крстовден во Серско.

И доаѓаме до моментот кога самите ја намалуваме димензијата на големината на Илинденското востание.

Понатаму кога зборуваме за вториот Илинден – АСНОМ, за жал освен Методија Андонов Ченто, кој е официјално рехабилитиран, нитуе една друга југословенско- титоистичка жртва не е рехабилитирана. Се соочуваме со невидена историска хипокризија со која устата ни е полна во одбрана на АСНОМ, а скоро 80 години после тој АСНОМ не сакаме да го погледнеме списокот на луѓето кои учествувале на заседанието на АСНОМ, колку од нив биле убиени, колку мачени по југословенските затвори и колку од нив за жал избегале во Бугарија.

Само полна рехабилитација на жртвите на АСНОМ ќе ни даде право да зборуваме и да го славиме понатаму.“

Македонија

Македонското друштво “Илинден“-Тирана Фатри Фетаху го назначи за координатор на друштвото за областа Голо Брдо

Published

on

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, врз основа на статут и согласно своите надлежности на 20.01.2025 година донесе одлука да назначи Фатри Фетаху за координатор на друштвото за областа Голо Брдо.

Фатри Фетаху е роден во село Требиште, областa Голо Брдо. Фетаху од 2015 година е член на Mакедонското друштво “Илинден“-Тирана, активист на македонското национално малцинство во областа Голо Брдо. Од 2019 до 2021 година бил подпретседател на Македонско друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо, и од 2021 до 2024 Преседател на Македонско друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо и дописник на Македонскиот весник “Илинден“. За својата ангажираност Фетаху, во 2016 година, беше добитник на благодарница “Илинден“.

Македонското друштво “Илинден“- Тирана му посакува успех како координатор на друштвото за областа Голо Брдо со мандат од 2025 – 2029 година.

Македонско друштво ”Илинден”-Тирана
Претседателот Никола Ѓурѓаj

Continue Reading

Македонија

Богојески се огласи по инцидентот со Најчевска: Посакувам добро здравје и да најде спокој во иднина

Published

on

Петар Богојески се јави со коментар по инцидентот со Мирјана Најчевска кој се случи во Студиото на Канал 5 кога таа си замина од дебатата велејќи му дека тој е „глуп како точак“

„Почитувани граѓани, дозволете да се извинам за поведението на госпоѓа Најчевска во текот на денешната дебата на Само Вистина на Канал 5 Телевизија. Се надевам дека е се во ред со неа, посакувам добро здравје и да најде спокој во иднина.“ – напиша Богојевски

Continue Reading

Македонија

Во здравствената заштита базирана на вредности приматот се става на перспективата на пациентите

Published

on

 Зошто во одредени држави се трошат многу повеќе пари за административни процедури за здравствена заштита, а резултатите изостануваат, додека во други држави со помалку пари се постигнуваат многу поголеми ефекти? Зошто постои диспропорција меѓу средствата што се вложуваат и резултатите што се добиваат? 

На ова, а и на многу други прашања, одговараше Грејс Сара Џенингс, сениор директор во британскиот Меѓународен конзорциум за мерење здравствени резултати (ICHOM), образложувајќи ја важноста од здравствената заштита базирана на вредности (анг. Value Based Health Care), на конференцијата “Unlocking the Path to Value: AdvancingPrecision and the Role of Biomarker Testing in ModernOncology – RUBICON 2024” што се одржа во Скопје на оваа тема. 

Меѓународниот конзорциум за мерење здравствени резултати е меѓународна непрофитна организација чија мисија е да го „отклучи“ потенцијалот на здравствената заштита базирана на вредности, ставајќи ја перспективата на пациентот во центарот на грижата. 

Работата на овој конзорциум се состои од стандардизација на сетови од мерки во чиј центар е ставен пациентот, а приматот се става на резултатите, односно на исходот што се очекува да се постигне. Досега се формирани 46 сетови од мерки кои покриваат различни состојби, а се имплементирани во здравствените системи во 85 држави. 

Џенингс образложи зошто приматот на здравствената заштита базирана на вредност се става на резултатите кои се важни за самиот пациент.  „Често повеќе се грижиме за самите процеси, отколку за исходите што ги добиваме во здравствената заштита. Информациите се исклучително важни кога се одлучува по кој пат да се придвижите. Сега, она што го купувате се всушност влезните материјали, а треба да се купуваат излезните. Затоа потребно е да собираме податоци, да ги согледуваме исходите. Сега, во многу здравствени системи има многу ферментирани податоци, со што е невозможно да се согледаат и измерат ефектите“, рече таа. 

Според Џенингс, само она што може да се мери, може и да се менаџира. „Ако не можете да го мерите, не можете да го контролирате. Токму затоа е важно да се размисли какви мерила се важни. Се работи за клинички извештаи и она што го пријавуваат пациентите. Тоа се бројки според кои се гледа како напредува болеста, но и како се чувствуваат пациентите, да се видат објективните резултати и врз основа на тоа да се гради системот на здравствена заштита“, изјави таа на конференцијата организирана од МАНУ – Истражувачки центар за генетско инженерство, МАРО – Македонско здружение за радиотерапија и онкологија, Македонско здружение за патологија и Рош Македонија. Рош е една од најголемите светски фармацевтски компании и глобален снабдувач на иновативни решенија за најголем број болести. 

Во светски рамки сѐ повеќе се нагласува таканаречената здравствена заштита базирана на вредност, која претставува пат кон постигнување на аспирациите кон „тројната цел“ – подобрување на искуството на пациентот во однос на грижата, подобрување на здравјето на населението и намалување на трошоците за здравствена заштита по глава на жител, што воедно би значело и подобрување на искуството на лекарите. Здравјето на населението се подобрува само кога се подобруваат здравствените резултати на многу поединци, што всушност претставува фокусот на здравствената заштита базирана на вредности. 

 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк