Во предвечерието на големиот празник, Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, кој годинава се одбележува во знакот на три значајни јубилеи – 120 години од славното Илинденско востание и од загинувањето на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев, како и 130 години од формирањето на ВМОРО, универзитетскиот професор Тодор Чепреганов за весникот ВЕЧЕР вели дека самиот факт што слободата и државата се резултат на самостојната борба на македонскиот народ на страната на антифашистичката коалиција, оди во прилог на зборовите на Петар Поп Арсов.
„Секој што однадвор ќе ни ја подари слободата, ќе ни ја земе земјата“. Се чини дека оваа мисла на еден од основоположниците на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација, големиот Петар Поп Арсов, е актуелна и 130 години подоцна. Во предвечерието на големиот празник, Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, кој годинава се одбележува во знакот на три значајни јубилеи – 120 години од славното Илинденско востание и од загинувањето на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев, како и 130 години од формирањето на ВМОРО, универзитетскиот професор Тодор Чепреганов за весникот ВЕЧЕР вели дека самиот факт што слободата и државата се резултат на самостојната борба на македонскиот народ на страната на антифашистичката коалиција, оди во прилог на зборовите на Петар Поп Арсов.
– Во спротивно, оној што ќе ви подари слобода, ве доведува во позиција на вазалност, неслобода и импотентност. Не сте биле способни самите да формирате држава. Подарената слобода ве става во политичка и државна инфериорна позиција и постојана контрола. Тоа што денес ѝ се случува на Македонија е доказ за безвремената вистина искажана во мислата на Поп Арсов. Мисла што ги обврзува сегашните и идните генерации да ја чуваат самостојноста на државноста. Пораката е дека борбата за слобода и нејзиното зачувување никогаш не завршуваат – коментира историчарот за весникот ВЕЧЕР.
Претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, пак, пред десетина дена, во своето излагање по повод одбележувањето на Денот на МАНУ, рече:
– Македонија може и треба сама да се избори за својата подобра иднина. Инаку ќе нè снема, ќе догори чкорчето и стихот ‘македонско име нема да загине’ ќе остане за навек само во песните.
Професорот Чепреганов вели дека 23 октомври 1903 година е врежан во колективната меморија на македонскиот народ како ден кога започнува организираниот отпор на македонскиот народ против Османлиите.
– Никој не може да го оспори фактот, како што денес некој се обидува да го направи тоа, дека 23 октомври 1893, првиот Илинден 1903 и вториот Илинден 1944 година (АСНОМ) се дело на самиот македонски народ. Создавањето и развојот на македонското револуционерно движење е процес чии корени се врежани во историјата и во традициите на македонскиот народ. Тоа се појавило како културно-национално движење во средината на XIX век, а потоа се изразило како национално-револуционерно движење што највисоката зрелост и револуционерна дејност ги доживеало во Македонското (Кресненско) востание и во создавањето на програмата на Македонската лига. При крајот на XIX век, еволуира во политичко-револуционерно движење. Одлуките од Сан Стефано и Берлинскиот конгрес ќе бидат силен мотив за формирање македонска тајна револуционерна организација, која, како политичка сила ,воено ќе го организира македонскиот народ и ќе го предводи во неговото ослободување – вели историчарот за весникот ВЕЧЕР.
Додава дека револуционерните идеи во Македонија, преку самите учители, успевале да добијат широк замав. Во Бугарија, тоа го правеле македонските друштва, а преку списанието „Лоза“, тие идеи се афирмирале уште повеќе, поради што друштвата биле забранувани, а револуционерите прогонувани. Од тие причини, македонските учители Даме Груев и Пере Тошев во учебната 1892/1893 година, под влијание на позитивната револуционерна плима, во Прилеп ја разработиле идејата за основање револуционерна организација во Македонија.
– Во исто време, во Солун, група истомисленици: Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов и д-р Христо Татарчев работеле на идејата дека „само една тајна револуционерна организација може да го пресече патот на туѓите пропаганди во Македонија“. Со истата идеја бил запознаен и Гоце Делчев, кој веќе имал изградено свое мислење за тоа прашање. Според негo, требало да се формира „револуционерна организација внатре во Македонија и таа да дејствува таму за да не се смета од Србите и од Грците за бугарско орудие; основачите да се месни жители што живеат во Македонија, политичката лозинка на Организацијата да биде автономија на Македонија; Организацијата да биде тајна и самостојна, без да влегува во врска со владите на соседните држави; а од македонската емиграција во Бугарија и од бугарското општество да се бара само морална и материјална помош во борбата на македонските револуционери – појаснува професорот Чепреганов.
Додава дека на 23 октомври 1893 година, во Солун, бил одржан состанок на група македонски револуционери: Даме Груев, Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев и Антон Димитров, кои ја основале Македонската револуционерна организација и тоа на следните принципи: Организацијата да биде револуционерна; револуционерната дејност да се спроведува строго конспиративно; да дејствува исклучително на територијата на Македонија во нејзините природни граници; во Организацијата да се примат лица кои се родени и живеат во Македонија без разлика на народноста и на верата; Организацијата да дејствува за остварување политичка автономија на Македонија.
– Илинденското востание дојде како резултат од десетгодишната револуционерна активност на МРО. Тоа претставуваше највисок дострел на антиосманската ослободителна револуција и беше понесено исклучиво од организираните македонски народни маси, потпирајќи се само и само на сопствените сили, што треба да биде показ и денес на денешните политичари дека само со сопствени сили, со интегритет и единствени може да се постигне и да се реализира поставената цел – појаснува професорот Чепреганов.
Во чест на Денот на македонската револуционерна борба, кој е прогласен за државен празник и неработен ден за сите граѓани, ќе се одржат пригодни манифестации. (Е.А.)
Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, се обрати пред иселениците во Швајцарија, нагласувајќи ја загриженоста за состојбата со правата на Албанците во Северна Македонија. Во фокусот на неговиот говор беа прашањата за употребата на албанскиот јазик и легитимитетот на Владата во однос на албанскиот електорат.
„Мицкоски не може да формира влада без легитимитет од Албанците, затоа што ние освоивме над 60% од гласовите на албанскиот електорат,“ рече Ахмети, критикувајќи ја политиката на ВМРО-ДПМНЕ како националистичка и штетна за двете најголеми заедници во државата.
Ахмети потсети на преговорите во 2016 година, кога, според него, ВМРО-ДПМНЕ побарале поддршка за отстапување на Никола Груевски од премиерската функција.
„Им реков дека тие работи треба сами да ги решат. Три месеци водевме преговори,“ изјави тој.
Претседателот на ДУИ предупреди и за опасноста од руското влијание во земјата, подвлекувајќи дека единствена алтернатива за Северна Македонија е евроатлантскиот пат и силното партнерство со САД.
Ахмети ја критикуваше неконзистентноста на албанските политички опоненти, потсетувајќи дека постигнале договор за поддршка на уставните измени, кој подоцна бил негиран.
Јавното комунално претпријатие „Шар“ од Тетово информира дека дотокот на вода од новиот водоснабдителен систем е прекинат и ќе следуваат рестрикции во водоснабдувањето. Причина е заматеноста на водата што се презема од Лешничка Река.
– Поради неможноста да се пречисти водата во филтрите на филтрационата станица Лисец, поради високата заматеност како резултат на последните врнежи, принудени сме да го прекинеме снабдувањето со вода за пиење од линијата Лешница. Екипата на претпријатието од раните утрински часови е на терен и прави сè за да се надмине оваа ситуација -информираат од ЈКП „Шар“.
Рестрикциите на вода се започнати од 13:40 часот и ќе бидат на неопределено време.
Во Тетово водоснабдувањето се врши само со планинските извори и со градски бунари, чиј капацитет не е доволен за оптимално водоснабдување.
На 22.11.2024 во 13:30 часот во СВР Тетово 51 – годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен и оштетен за 36.500 евра од A.И. од Теарце, Л.Р. од Скопје , В.С. од Тетово, М.М.(58), П.Л.(56), и В.С.(30) тројцата од Р. Албанија, кои во текот на месец јануари 2024 година, му понудиле да инвестира во наводно многу профитабилен проект во Дубаи, но откако ги дал парите сфатил дека бил измамен.