Connect with us

Инфо +

Шилегов: Не е загадување, магла е

Published

on

Првиот човек на Град Скопје, Петре Шилегов, смета дека не станува збор за загадување, туку за магла. Тој изрази загриженост поради загадувањето, но не спомна никаква мерка или план за да се избегне истото.

Балкан

Дачиќ: Состојбата на повредените во несреќата во Нови Сад е многу тешка, сослушани се 26 лица

Published

on

Состојбата на повредените во несреќата во Нови Сад е многу сериозна, изјави денеска министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и наведе дека во саботата биле сослушани 26 лица во врска со несреќата, а денеска ќе бидат сослушани уште пет лица. 

– Само тројца од 17-те кои беа под настрешницата преживеаја и повредите им се тешки, на еден од нив, момче родено 2006 година, му беа ампутирани нозете до глуждовите, на девојката родена 2000 или 2001 година и беа ампутирани нозете, додека на втората девојка и е ампутирана рака, изјави Дачиќ за РТС.

Тој посочи дека за виновниците за несреќата ќе биде утврдена кривична и политичка одговорност и наведе дека вчера по наредба на обвинител во новосадската полициска управа биле на распит 26 лица, меѓу кои и лица од Министерството за транспорт предводено од министерот Весиќ, но дека никој не е приведен затоа што само се собираат информации.

Тој додаде дека истрагата продолжува и дека денеска ќе бидат сослушани уште пет лица.

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ вчера потврди дека дал изјава во Полициската управа во Нови Сад во присуство на обвинител во својство на граѓанин во врска со несреќата што се случи во петокот на Железничката станица.

– Веднаш по поканата што ја добив денеска од Вишото јавно обвинителство Нови Сад, отидов во Полициската управа во Нови Сад и дадов изјава како граѓанин во присуство на надлежниот обвинител. Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура е целосно во соработка со обвинителството за да се расветлат сите причини за оваа страшна трагедија, рече министерот Весиќ.

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, синоќа изрази надеж дека трите тешко повредени во несреќата на новосадската железничка станица, кои беа сместени во Клиничкиот центар Војводина, ќе преживеат и потсети дека увидот е завршен од стручни органи и тела, чии наоди и мислење треба да се почекаат за сите да знаат што се случило.

Continue Reading

Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕНЕРГЕТИКА ГИ ОБЈАВИ СПИСОЦИТЕ НА ГРАЃАНИ КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ВАУЧЕРИ ЗА ИНВЕРТЕРИ

Published

on

Министерството за енергетика на својавата веб страна ги објави списоците за граѓани кои ќе добијат ваучери за инвертери од огласот кој беше распишан во февруари годинава. На страната објавени се и фирмите од каде што граѓаните ќе можат да ги купат инвертерите.

„Најдоцна до 6 ноември на веб страната на Министерството ќе биде објавен датумот и локацијата за подигнување на ваучерите“, стои во соопштението на Министерството за енергетика.

За овој проект обезбедени се 4,1 милион евра или има пари за околу 8.000 ваучери. На повикот пристигнаа вкупно 18.805 барања по двата јавни повика. На огласот кој не е за ранливи потрошувачи барања доставија 14.500 баратели, а за огласот за ранливи потрошувачи 4.305 баратели.

Continue Reading

Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Ги решивме проблемите во ЗЕЛС, ќе ги решиме и во Скопје  

Published

on

Нема да дозволам никакви политички злоупотреби на ЗЕЛС. Политичките манипулации можат да имаат единствено негативен ефект врз граѓаните и нивниот квалитет на живот. Во ЗЕЛС, најважно е единството. Јас лично, како претседател, сум бил во ситуација кога немав добра соработка со одредени министри од претходната власт, но никогаш не ја злоупотребив позицијата ниту пак помислив на бојкот или на напуштање на оваа асоцијација, вели во интервјуто за МКД.мк градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, кој е и претседател на ЗЕЛС за актуелните случувања во Заедницата на единиците на локалната замоуправа.

Каква е соработката на ЗЕЛС со новата централна власт?

– Соработката на ЗЕЛС со новата Влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски е одлична. За разлика од претходната власт, која беше глува за проблемите со кои се соочуваа општините, сега конечно се отвори простор за конструктивен дијалог и конкретни чекори. Првиот чекор беше потпишувањето на Mеморандум за соработка – историски договор после 21 година чекање, кој ги дефинира заедничките насоки за работа и овозможува вистински партнерски однос. Според мене, тоа е сериозен сигнал дека и централната власт е подготвена за реално партнерство.

Во таа насока, активно се работи на измени во предлог-законот за државни службеници. Претходната верзија беше камен на сопнување бидејќи беше многу нерамноправна во однос на државните службеници од централната и локалната власт. Во моментот, работни групи од Министерството за администрација, претставници од ЗЕЛС и од општинските администрации седнуваат на заедничка маса за да најдат соодветно решение кое ќе ги задоволи сите засегнати страни.

Дополнително, ќе бидат формирани финансиски работни групи со претставници од локалните финансиски сектори, кои ќе работат заедно со централните институции при креирањето на Буџетот за 2025 година. Веќе започна реализацијата и на директната финансиска помош за проектите, при што за прв пат на локално ниво се распределуваат 100 милиони евра, односно 250 милиони евра за четирите години, што овозможува решавање на децениски проблеми на граѓаните во, буквално сите општини. Овие средства се распределуваат правично, а со нив значително ќе се подобри животот на нашите сограѓани.

Искрено верувам дека оваа соработка ќе продолжи и ќе се продлабочи со нови, сериозни проекти кои ќе донесат бенефит за сите жители.

Целото интервју на следиов линк: https://mkd.mk/orce-gjorgjievski-gi-reshivme-problemite-vo-zels-kje-gi-reshime-i-vo-skopje/?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTEAAR3TJKz2cnaD58K0jUZDLIQugntGsX50fmYkpyYQuYcycZlbdQnhYWb7ptg_aem_hS8re77sH24ZFle3MzpboQ

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк