Connect with us

Бизнис

КАФЕАНИТЕ ЌЕ СТАНАТ САМО ЗА БОГАТИ, натаму тргнале со ЦЕНИТЕ

Published

on

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – септември 2024 година во однос на истиот период лани е зголемен за 5,5 отсто, додека во однос на декември 2023 година, е зголемен за 2,8 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година во споредба со август 2024 година е зголемен за 0,2 отсто. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,3 проценти, Алкохолни пијалаци зa 0,3 и Безалкохолни пијалаци за 0,1 отсто.

Индексот на цените на угостителските услуги во септември 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година е зголемен за 5,2 отсто.

Бизнис

Божиновска: Минимално покачување на струјата благодарение на одговорниот пристап!

Published

on

Ја поздравувам одлуката и одговорниот пристап на Регулаторната комисија за енергетика, која како независно тело, донесе одлука за минимално, односно незначително, покачување на цената на електричната енергија за домаќинствата. Посебно сум задоволна заради минималното покачување од 0,68% за првиот блок на потрошувачи, кои сочинуваат скоро 80% од вкупниот број на домаќинства. Исто така за поздравување е и тоа што просечно покачување е од незначителни 0,92% на цената на електричната енергија за домаќинствата.

 Оваа одлука секако е резултат на посветената соработка помеѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, АД ЕСМ – најголемиот производител на електрична енергија во државата, и останатите компании од енергетскиот сектор. Со заеднички напори успеавме да обезбедиме стабилно снабдување со електрична енергија и одржување на ценовната стабилност, дури и во услови на глобални енергетски предизвици. На тој начин помагаме на животниот стандард на граѓаните.

 Посветеноста на АД ЕСМ кон ефикасното управување со ресурсите претставува клучен фактор за овој успех. Во изминатиот период со сериозен и одговорен пристап значително ги подобривме работните процеси во енергетските капацитите во насока на намалување на трошоците,  што има значаен допринос кон одржување на ценовната стабилност, но и сигурност и стабилност на енергетскиот систем на нашата земја. Наследивме неповолни договори од минатото, големи долгови, неподготвени енергетски капацитети и други неповолни состојби кои успешно ги решаваме.

 Како Министерство, остануваме фокусирани на развој и имплементација на долгорочни стратегии, како и зголемување на домашното производство на електрична енергија што ќе допринесе за ценовна стабилност. Среќни сме што првичните значајни резултати од нашата работа почнуваат да се видливи за сите.

Continue Reading

Бизнис

МЕПСО: Критичниот енергетски трансформатор пристигна во „Битола 2“; голем чекор кон стабилоноста на енергетската мрежа

Published

on

400/110 kV трансформатор пристигна во трансформаторската Станица (ТС) Битола 2. Тоа претставува клучен чекор кон обновување на стабилноста на електроенергетската мрежа во Југозападна Македонија. Ова е значајна пресвртница во напорите на државата за справување со предизвиците во преносниот систем и обезбедување сигурно снабдување со електрична енергија во еден од најважните региони во земјата.
По дефектот на двата 400/110 kV трансформатори во ТС Битола 2, кои се случија во јануари 2024 односно јули 2024, новиот менаџмент на МЕПСО се соочи со голем ризик за енергетската стабилност во југозападниот регион.

Во овој регион, кој покрива 25-30% од вкупната потрошувачка на електрична енергија во Северна Македонија, се работеше со големи напори, ослонувајќи се исклучиво на 110 kV далноводи.
Договорот за набавка на трансформаторот е потпишан на 4 август 2023 година и досега не се реализирал со што била влошена состојбата на електроенергетската мрежа, соопштија од МЕПСО.

Пристигнувањето на новиот трансформатор ќе го намали притисокот врз мрежата, ќе ја подобри системската сигурност за реоните на Струга, Охрид, Ресен, Битола и Прилеп, обезбедувајќи стабилно снабдување со електрична енергија за време на зимската сезона и ќе обезбеди сигурност на производството на електрична енергија во РЕК Битола, клучен снабдувач на електрична енергија во државата.
Трансформаторот, првично наменет за ТС Дуброво, беше пренаменет за ТС Битола 2 заради итните потреби на регионот.
Раководството на МЕПСО работеше напорно изминатиот период за да ги надмине логистичките и административните предизвици, вклучувајќи сложени транспортни аранжмани, неповолни временски услови и наследени административни доцнења за да го реализира проектот. Тимовите на МЕПСО работеа неуморно за да го управуваат сложениот транспорт на овој голем и критичен енергетски уред, кој сега е безбедно сместен во ТС Битола 2 и подготвен за монтажа.

Процесот на монтажа ќе вклучува составување, филтрација на масло, тестирање и интеграција во системот, што се очекува да трае приближно 10-12 дена, во зависност од временските услови. Техничките тимови на МЕПСО се целосно подготвени и гарантираат дека монтажата ќе се заврши што е можно побрзо, и покрај предизвиците што ги носи зимскиот период.

Откако ќе биде оперативен, овој трансформатор ќе одигра клучна улога во стабилизирањето на мрежата, намалувањето на ризикот од каскадни прекини и исполнувањето на зголемените енергетски потреби за време на зимската сезона.
Монтажата на овој трансформатор во ТС Битола 2 не само што ќе ја стабилизира енергетската мрежа во Југозападна Македонија, туку и значително ќе го намали ризикот од прекини во снабдувањето за време на критичните зимски месеци.
АД МЕПСО ги уверува граѓаните дека се преземаат сите можни напори за обезбедување стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија за регионот и пошироко.

Continue Reading

Бизнис

ЕЛС бара нови партнери за франшизи во градовите низ Македонија

Published

on

Еко Логистик Сервис (ЕЛС), водечкиот логистички и поштенски бренд во Македонија, отвора можност за соработка со локални претприемачи преку франшизен модел на работа. Компанијата е во потрага по партнери кои ќе управуваат со канцеларии и хабови низ градовите во земјата, од каде граѓаните ќе можат да ги подигнуваат своите пратки.

Со зголемениот наплив на пратки што компанијата го забележува во последниот период, а особено во делот на меѓународните пратки, од ЕЛС велат дека ова е совршена можност за сите претприемачи кои сакаат да станат дел од докажаниот бренд.

„Во последниов период сведоци сме на значителен пораст на пратките, што претставува нова можност за развој на мрежата на ЕЛС. Сакаме да ги прошириме нашите капацитети со нови партнери кои ќе го препознаат потенцијалот и придобивките од оваа соработка,“ велат од компанијата и додаваат дека заинтересираните претприемачи можат да поднесат апликација на официјалната веб-страница на ЕЛС, на info@els.mk или да се јават на 076/234-926.

ЕЛС е ексклузивен доставувач на Али Експрес за Македонија, што дополнително го зголеми и обемот на работа, со што се отвори и можноста за отворање поголем број хабови. Со оглед на стабилноста на компанијата која е водечки бренд на пазарот, ова би значело можност за бизнис со минимален ризик и побрз поврат на инвестицијата.

Во моментов, ЕЛС располага со 40 хабови кои се под франшиза и кои во последнава година поради огромниот наплив на пратки, двојно го зголемија својот приход и бројот на доставени пратки.

Компанијата има речиси 75% пазарен удел во пратки за кореспонденција и 62% во пакетските услуги. ЕЛС обезбедува целосна техничка и логистичка поддршка за успешна работа, вклучувајќи системи за следење на пратките, обука за персоналот и оптимизација на процесите.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк