Connect with us

Македонија

Од 2025 година, личната карта и возачката дозвола ќе ја имаме на мобилен

Published

on

Андоновски ја најави првата мобилна апликација за лични документи и услуги

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска во новите простории на Министерството за дигитална трансформација пред медиумите и граѓаните го презентира сработеното во рамките на 100 дена од новата Влада.

Министерот Андоновски го најави проектот за изработка на првата владина мобилна апликација за административни услуги Super App ELI.

„Аплицираме на програма на Европската Унија, која ќе ни овозможи да развиеме мобилна апликација за административни услуги. Овој проект, наречен Supper App ELI, со вредност од 1.200.000 евра, е дел од иницијативата „Дигитална Европа“. ELI ќе биде револуција во пристапот до јавните услуги“, изјави Андоновски.

Андоновски најави дека секој граѓанин ќе има пристап до административните услуги директно преку својот мобилен телефон.

Во рамките на овој проект се работи на воведување дигитална верзија на лични карти и возачки дозволи, познати како мобилен паричник (ID Wallet). Дигиталниот паричник ќе претставува револуција во начинот на кој граѓаните се идентификуваат и пристапуваат до услуги.

Андоновски најави и дека Министерството работи на целосен редизајн на порталот за услуги – uslugi.gov.mk.

„Свесни дека постојниот изглед на порталот за е-услуги не ги исполнува целосно потребите на граѓаните се зафативме со сериозни негови подобрувања. За кратко време ќе имаме обновен портал за услуги со изглед кој е поинтуитивен и полесен за користење, кој ќе понуди нови функционалности и пристапност за лицата со попреченост и нови услуги и ќе се осигураме дека тие одговараат на реалните потреби на граѓаните“, истакна Андоновски. „Веруваме дека со овие подобрувања ќе создадеме портал што навистина ќе ги задоволува потребите на нашите граѓани и ќе прерасне во едноставна и единствена точка за контакт меѓу граѓаните и институциите“, потенцира Андоновски.

Во своето излагање Андоновски најави и 100 нови електронски услуги во 2025 година, достапни на порталот за услуги.

„Секоја од овие услуги ќе биде базирана на анкетата што ја спроведовме со приватниот сектор, но и на анализите што произлегуваат од институциите. Овие нови услуги ќе опфаќаат широк спектар на области, од административни процедури во МВР, до услуги од ПИОМ, Министерство за правда итн.“.

Министерството најави дека со воведувањето на новите услуги се очекува значително да се зголеми бројот на активни корисници на порталот и да се подобри ефикасноста на државната администрација.

„На овој начин создаваме единствена точка за контакт меѓу граѓаните и институциите. Ова е иднината на дигиталната трансформација во нашата земја“, заклучи Андоновски.

Македонија

Битола е лидер во отвореноста: Прво место според индексот за 2024

Published

on

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ во партнерство со Рурална коалиција, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас, подготви процена на состојбата на доброто владеење на единиците на локалната самоуправа (ЕЛС) во Република Северна Македонија за 2024 година.

Во 2024 година, наодите од Индексот на отвореност покажаа дека најотворенa единица на локалната самоуправа е Битола, со 67%.

На првата панел дискусија „Индекс на отвореност на локалната самоуправа: Отворени и транспарентни општини за сите!“ беа претставени резултатите од Индексот на отвореност на локалната самоуправа за 2024 година заедно со патоказ со препораки за унапредување на отвореноста кон граѓаните.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, како градоначалник на најотворената општина според Индексот на отвореност ја нагласи важноста за соработка со граѓанскиот сектор. Тој истакна колку е важно да се разбере одговорноста на општинските власти кон граѓаните и како тие како општина се трудат да бидат поотворени и да ги вклучуваат граѓаните во се поголем број од важните одлуки.

„Општина Битола, во изминатите три години, посветува посебно внимание на транспарентноста и соработката со граѓанскиот сектор, со цел овозможување проактивна транспарентност, преку сите канали на комуникација кои се користат, пристап до информации од јавен карактер, овозможување отворени податоци, а наскоро ни следуваат и буџетските форуми кои исто така се важен дел од отвореноста на општината. Довербата кај граѓаните се гради низ постојана отвореност, во која ќе знаат како се управува со буџетските средства, врз кои критериуми, на кого и за какви активности се доделува поддршка за културни, спортски или други манифестации, независно дали за тоа одлучува комисија формирана од градоначалникот или комисија од општинскиот Совет.
Со ваквиот пристап, повеќе истражувања потврдуваат дека сме ги постигнале вистинските резултати и сме достигнале висок степен на 100 процентна проактивна транспарентност.Но, тука не застануваме, затоа што за да бидеме во чекор со времето, мора соодветно да одговориме и на новите предизвици кои произлегуваат од развојот на дигиталните алатки.Во овој контекст, веќе го подготвуваме новиот документ менаџмент систем кој значително ќе ги олесни процесите за граѓаните, но и ќе ја направи поефикасна и поефективна работата на општинската администрација. Исто така, со новата веб страна која треба да биде изготвена следниот месец, ќе стартува и нов модул за електронско аплицирање за субвенции за граѓаните“, посочи градоначалникот Коњановски.

Процената е резултат на спроведеното истражување засновано врз Индексот на отвореност, чија цел е да го утврди степенот до кој се почитуваат начелата на доброто владеење, во овој случај на локалната власт во Република Северна Македонија.

Continue Reading

Македонија

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и Х.О. „Свети Спас“ помогнаа со 200 оброци за ранливите семејства

Published

on

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски со отец Оливер и вредните раце на волонтерите од Х.О. ,,Свети Спас”, подготвија повеќе од 200 оброци за ранливите семејства.

Ѓорѓиевски на социјалните мрежи објави:

🌍 На Светскиот ден за борба против гладот, заедно со Отец Оливер и мојот тим, се приклучивме на иницијативата за подготовка на оброци за социјално загрозените семејства, дел од програмата на Хуманитарната организација ,,Свети Спас” од Драчево.

🫵🏼 Во време кога многумина се соочуваат со големи предизвици, нашата обврска е да подадеме рака и да помогнеме на оние на кои им е најпотребно.

❤️ Хуманоста е темелот на едно здраво и солидарно општество.

🤝 Малите дела на добрина имаат голема моќ да внесат светлина во животите на луѓето.
🥗 Овие оброци што денес ги подготвуваме се повеќе од храна – тие се симбол на грижа, љубов и поддршка, порака дека никој не треба да биде оставен сам во тешки моменти.

🙏 Им се заблагодарувам на Хуманитарната организација ,,Свети Спас” и на Отец Оливер за нивната посветеност и за сите напори што ги вложуваат во помагање на нашите сограѓани. Заедно покажуваме дека кога сме обединети во доброто, можеме да направиме вистинска разлика.
Исто така, заедно со ЈДГ ,,Весели цветови” и ,,8 Март”, подготвивме прехрамбени пакети кои ќе бидат поделени на социјално ранливите семејства.

✌️Се чувствувам навистина почестен што со години сум дел од оваа убава приказна.
🤝 Мојата поддршка ќе ја имаат засекогаш!

Continue Reading

Македонија

Исечен бил кабелот на камера која снимала директно во влезот каде била киднапирана Вања

Published

on

Музафер Карашиќ, полицаец и Помошник началник на СВР Скопје за криминалистички работи, сведочеше на денешното рочиште за убиствата на Вања и на Панче. Тој објаснуваше детали за потрагата на малата Вања.

„Александар ми пушташе слики, видео снимки. Беше упорен во тоа дека девојчето е киднапирано и убиено. Ми се јави Александар бараше средба со мене, итно да се видиме. Откако е киднапирано девојчето рече дека постојано е во станот кај Зорица, таму спиел. Дојде со некој кој се претстави како Гоце. Околу 40 годни имаше. Разговорот ни траеше 10тина минути, мислев дека има нешто да нѝ каже. Гоце повеќе зборуваше отколку Александар. Таткото пак тезата ја водеше кон мафијашки групи, криминали, дека бараат пари, и дека е убиена. Кога прашав кој е Гоце? Ми рече дека е пријател, старо кумство. Ми рече дека откако дознал нон стоп биле заедно, барале снимки. Се интересираше што имаме ние како МВР, тогаш не ми дадоа никаква информација“, рече полицаецот Музафер Каришиќ.

Обвинител: Какви пораки ви праќаа Александар и Гоце?

„Беа слики и некои снимки од камери кои и ние веќе ги имавме. Снимки д околни фирми, згради, објекти… Како ги прибавиле, не знам. Се сеќавам на една. Александар ми ја испрати од спроти влезот на зградата каде што е киднапирана Вања, има камера која гледа како директно во влезот. Тоа беше нешто поспецифично од Алекдандар. Отидовме и ние во тој објект, контактиравме со газдата, тој ни рече дека друго лице е одговорно за системите за камери и ни даде број од него. Ние контактиравме се договоривме со него да одиме, кога отидовме видовме дека нема струја. По еден круг околку објектот, кој беше како приколка, видовме дека кабелот од камерата беше исечен“, вели Каришиќ.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк