Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, денеска имаш средба со претставници на компанијата Заубермахер на која биле дискутирани конкретни чекори за зачувување на животната средина и одржување на чистотата во градот. Се најавува дека секое прекршување ќе биде санкционирано со законски мерки согласно законот за јавна чистота.
-Во рамките на оваа соработка, ќе бидат поставени камери за мониторинг на сите клучни точки во градот, со цел следење и надзор на состојбата. Општина Тетово апелира до сите граѓани да ги почитуваат правилата и да не фрлаат отпадоци на несоодветни места. Секое прекршување ќе биде санкционирано со законски мерки согласно законот за јавна чистота. Да се ангажираме сите за чист град и здрава животна средина без отпадоци, се вели во изјавата на Касами, која ја пренесува Канцеларија за комуникации и односи со јавноста при Општина Тетово
Во соопштението, Општина Тетово упатува и молба до граѓаните кои имаат инертен отпад што не може да се фрли во контејнери да се обратат до Јавното комунално претпријатие (ЈКП), кое ќе се погрижи за транспорт на отпадот од нивните домови.
Денес се навршуваат 6 години од смртта на Горан Стефановски, еден од најголемите писатели и драматурзи во историјата на македонската литература. Роден на 27 април 1952 година во Битола, неговото име и дело се тесно поврзани со еволуцијата на театарот и литературата не само во Македонија, туку и во цела Европа. Неговиот живот беше посветен на создавање на дела кои се инспирација и предизвик за многу генерации читатели и уметници.
Стефановски ја обликуваше македонската драматургија со своите познати дела како „Диво месо“, „Лет во место“, „Конзервирани импресии“ и „Тетовирани души“, „Чернодрински се враќа дома“, „Гоце“, „Сараево“ и многу други во кои длабоко го истражуваше идентитетот, културната историја и политиката. Неговите претстави беа изведувани на најголемите сцени во светот, а неговото влијание се чувствува и денес. Како професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје и на универзитетите во Велика Британија и Шведска, Стефановски ги воспитуваше новите генерации на драматурзи и театарски работници.
Тој беше не само признат драматург, туку и длабоко чувствителен автор чија писмена реч допира до најдлабоките емоции на човечката душа. Неговите дела често беа претстави за болката, постоењето и минливоста на човековиот живот, а неговите зборови и денес ја одѕвонуваат во мислите на сите нас.
Цитати од неговите дела кои оставаат силен впечаток се:
„Чекам веќе десет часа, а неа ја нема. Да знам дека ќе дојде, воопшто не би ја чекал.“ (Конзервирани импресии)
„Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност.“ (Тетовирани души)
„Ќе има војна… Ќе има војна… – Доста беше и ваков мир.“ (Диво месо)
„Денес сè се купува и продава. Дури и она кое луѓето мислат нема цена. Тоа обично е и најевтино.“ (Диво Месо)
Горан Стефановски беше дете на театарот. Неговите родители, Мирко и Нада, беа активно поврзани со Народниот театар во Битола, што му овозможило на Горан да расте во театарска атмосфера, исполнета со уметност и креативност.
Сеќавањето на Горан Стефановски денес, на годишнината од неговата смрт, нè потсетува на неговото непроценливо наследство во македонската и светската литература. Неговите дела не само што го истражуваат човечкиот дух, туку и го поставуваат прашањето за иднината, за идентитетот и постоењето во свет кој сè повеќе се менува. Тоа што го остави зад себе ќе продолжи да живее, инспирирајќи нови генерации писатели, драматурзи и љубители на уметноста.
Денес, иако не е меѓу нас, Горан Стефановски продолжува да биде значаен дел од македонската културна историја, а неговото дело ќе остане живо во театарските претстави и во срцата на сите оние кои ја ценат моќта на уметноста и литературата.
Новоизбраниот Централен одбор на СДСМ, вечерва ќе ја одржи првата седница.
„Ве информираме дека денеска 27.11.2024 година (среда), со почеток од 19.00 часот во седиштето на СДСМ ќе се одржи 1-та седница на новоизбраниот Централен одбор на партијата.
Потсетуваме дека седниците на Централниот одбор се работни.
Утре, четврток, 28 ноември 2024 година, повеќе делови од Скопје и други региони низ Македонија ќе се соочат со прекини во снабдувањето со електрична енергија. Според информациите од надлежните институции, прекините ќе се извршат поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа.