Connect with us

Македонија

Сиљановска Давкова: Да се обединиме во заедничката борба за просперитетна европска држава и за праведно македонско општество

Published

on

-Ве повикувам да ги надминеме меѓусебните делби и да се обединиме во заедничката борба за просперитетна европска држава и за праведно македонско општество. Нека ни е честит 11 Октомври – Денот на Народното востание, стои во честитката од Гордана Сиљановска Давкова. 

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, порачувајќи дека 11 Октомври е меѓникот што ја одреди нашата сегашност и иднина, денот кога ние храбро и одлучно се вклучивме во антифашистичката коалиција на слободољубиви и правдољубиви народи, со што ја избравме вистинската страна во најголемата војна во историјата на човештвото, цврсто решени да ги победиме окупаторите и да се избориме за слободна национална држава.

На денешен ден, вели во честитката Сиљановска Давкова, со гордост и чест им оддаваме заслужена почит на македонските партизани кои во 1941 година се кренаа на востание и ја започнаа народноослободителната борба.

– Благодарни на хероите за нивната натчовечка жртва, имаме одговорност кон нив, но и кон нашите деца и внуци да продолжиме да ја градиме македонската држава согласно идеалите што ни ги оставија во аманет, оти чувањето на татковината е важно колку и чинот на нејзиното ослободување. Секоја генерација се соочува со нови предизвици. Изминативе 33 години ние се боревме за признавање на независноста и добивање заслужено место во европското семејство и во меѓународните организации, за зачувување на мирот и градење демократија. Борбата за нашите правдини, но и за правна држава, продолжува, нагласува Сиљановска Давкова.

Да ве потсетам: нашите предци се сплотија и заедно го постигнаа она што не можеа да го остварат засебно – слободна македонска држава.

-Ве повикувам да ги надминеме меѓусебните делби и да се обединиме во заедничката борба за просперитетна европска држава и за праведно македонско општество. Нека ни е честит 11 Октомври – Денот на Народното востание, стои во честитката од Гордана Сиљановска Давкова.

Македонија

Кој пее, кој плаќа? На 5 дена до Нова Година се спрема прослава, а музичари сè уште си ги чекаат ланските хонорари

Published

on

На пет дена до Нова Година, вчера Град Скопје објави дека ќе има прослава на плоштадот „Македонија“.

Но, што се случи со минатогодишната? Дел од оние кои ги забавуваа скопјани- останаа без пари.

Музичарите сè уште чекаат да ги добијат своите хонорари!

Пејачката Викторија Лоба, која е една од „извисените“, за КУРИР вели дека институциите треба да постапат и да го разрешат случајот. Најавува дека доколку го земе чесно заработениот хонорар, ќе го донира во хуманитарни цели.

-Од комората на музичка индустрија ме поканија да настапам со мојот бенд на 4 јануари 2024 година како и сите останати уметници за проектот „Празнична Приказна” на плоштад Македонија во организација на Град Скопје. 

Дел од уметниците се покриени од спонзори, но околу од 50 музичари не се исплатени, вклучувајки ме мене и мојот бенд.

Од Комората на музичка индустрија ни објаснија дека конкурирале на конкурс со овој проект и го добиле, со буџетот кој го поднеле, кој е исто така одобрен на комисија. За да подоцна од Град Скопје да тврдат дека немаат склучен договор. 

Јавно ги повикувам инстуциите да го разрешат целиот случај за да не постане пракса ваков однос, а со голема љубов и желба сме настапиле.

Очекувам институциите во вакви случаеви да не заштитат.

Се надевам правдата ќе биде задоволена, а Ви најавувам дека мојот хонорар ќе биде дониран во хуманитарни цели, вели Лоба за КУРИР.

Од Градот пак пред неколку дена посочија дека немаат склучено договор за ангажирање на музичари за прославата на 2024 година и дека обврската за организација ја презела Комората за музичка индустрија. Според нив, Комората учествувала на јавен повик, на кој се обврзала дека настанот ќе биде финансиран од повеќе извори.

На музичарите им порачаа да ги бараат средствата директно од Комората. Дополнително, најавија поднесување тужба против одговорното лице во Комората, со цел утврдување на одговорност и проверка на начинот на финансирање на активностите преку надлежните институции, како и спречување на можни злоупотреби во иднина.

Од Комората, пак, исто така најавија правна постапка за неплатените хонорари, нагласувајќи дека ќе бараат исплата на средствата преку суд.

Continue Reading

Македонија

Здравствените работници со препораки пред празниците: Умерено со алкохолот, воздржување од пиротехнички средства

Published

on

Умерено со алкохолот, редовна терапија за хроничните болни, воздржување од разни пиротехнички средства и оружје, препорачуваат здравствените работници, во изјава за МИА, пред новогодишните и божикните празници

– Редовно земање на терапија кај хроничните болни, умерено користење на алкохолни пијалаци за да се избегнат несаканите последици – алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, велат од ЈЗУ Здравствен дом – Скопје. 

Посебно се апелира до младата и малолетна популација да не консумира алкохолни пијалаци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот, воздржување од користење разни пиротехнички средства и огнострелно оружје за да се избегнат несакани повреди, изгореници и други потешки последици.

Службата на итната медицинска помош со домашно лекување во состав на ЈЗУ Здравствен дом на Скопје, ги известува сите граѓани дека за време на новогодишните празници ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа.

На новогодишната ноќ (31.12.2024), достапни ќе бидат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници, во поликлиниките – Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар.

Исто така, со секојдневното работно време, ќе функционира и единицата за домашна посета.

– Се надеваме на беспрекорно почитување и придржување кон дадените препораки, како би можеле новогодишните празници да ги дочекаме  во весело и пријатно расположение за сите, подвлекоа од Здравствен дом – Скопје, апелирајќи, да се повика Итна медицинска помош, кога е најпотребно, честитајќи ги празниците.

Continue Reading

Македонија

ВНИМАВАЈТЕ, УХМР ИЗДАДЕ АЛАРМ ЗА СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР Следуваат студени утра, магла, мраз, дожд и снег

Published

on

До петок ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер, кој ќе надминува 60 километри на час.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со повремен локален снег во северните делови од земјата, а во југоисточните со повремен дожд, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

УХМР  за денеска издаде аларм за силен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 киломтри на час.

Во Скопје, vремето ќе биде  облачно и студено, со повремени врнежи од дожд и снег, а во повисоките делови од котлината со повремен снег. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се спушти до минус 4 во Маврово, а максималната дневна ќе се искачи до 7 степени во Гевгелија.

Во Скопје минималната температура ќе изнесува 1 степен, а дневната ќе биде до 6 степени Целзиусови.

До петок ќе преовладува променливо облачно, ветровито и студено време со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер, кој ќе надминува 60 километри на час.

Од сабота следува период на стабилно време со ниски утрински температури, кои ќе се симнат до минус 9 степени. По одделни места ќе има појава на магла и пониски дневни температури.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк