Connect with us

Македонија

Љутков: Лидерството на младите е важна алка за културата

Published

on

„Лидерството на младите е важна алка за културата како приоритет за остварување глобален мир“.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Охрид се обратил на Форумот за културна дипломатија, организиран од Школата за млади лидери, под покровителство на поранешниот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов.

Како што соопшти Министерството за култура, говорејќи на темата „Младите лидери во меѓународната соработка, одржливиот развој и глобалниот мир“, Љутков ги охрабрил младите, порачувајќи дека тие се двигател на иднината, тие ја имаат силата да донесат промени и да ја обликуваат иднината со визија и храброст.

-Лидерството не е титула, туку акција. Бидете храбри, верувајте во себе и инспирирајте го светот со вашата енергија, страст и решителност. Македонија како членка на Обединетите нации ја спроведува Агендата за одржлив развој за 2030 година, која признава дека мирот и безбедноста се предуслови за постигнување одржлив развој, но и дека одржливиот развој го обезбедува патот кон мирни општества. Младите се високо во оваа агенда. Потребни се итни мерки кои ќе обезбедат мир и хумани општества. Културата во овие процеси има едно од централните места. Таа мора да се стави во приоритетите на развојните политики зашто како белег на идентитетот на едно општество е често на удар, истакнал министерот.

Љутков посочил дека културата е особено ранлива категорија, но, од друга страна, културата е силно оружје за глобално обединување на човештвото.

-Токму таква сила има културната дипломатија што ја поседува таканаречената ’мека моќ‘ за создавање на врските меѓу државите. Нејзината цел е преку размена на уметност, на јазик и традиција да поттикне позитивни односи меѓу народите. Културната дипломатија овозможува поголемо разбирање и надминување на стереотипите, градење доверба и пријателски односи меѓу различни заедници, надминување на конфликтите од секаков вид. Затоа е неизбежна врската меѓу културата и глобалниот мир, рекол Љутков на темата на годинашната сесија на Школата за млади лидири.

Пред присутните панелисти од повеќе институции од светот и учесниците на Школата за млади лидери, Љутков им се обратил на младите велејќи дека светот е полн со неизвесност, но тој истовремено изобилува со потенцијал што мора да биде искористен. Затоа, додал тој, вештините и визијата на младите се алатките што можат да ја надминат неизвесноста и да ја претворат во можности.

Тој се осврнал на значењето на знаењето и на мудроста во процесот на созревање на младите, но ги охрабрил и во поглед на одржувањето баланс помеѓу личниот и професионалниот живот, стои во соопштението.

-Важно е да се сетите зошто сте започнале. Што е тоа што ве мотивирало да станете лидери? Кога ќе се вратите на таа основна мотивација, ќе ја најдете вашата сила повторно, истакнал Љутков на сесијата во Охрид.

Вториот форум за културна дипломатија на Школата за млади лидери, со тема „Младите лидери во меѓународната соработка, одржливиот развој и глобалниот мир“, започнал со обраќањата на – Ивица Боцевски, специјален претставник на македонската Влада за време на унгарското претседателство со ЕУ, поранешниот претседател Ѓорге Иванов и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

На Форумот учествуваат високи претставници од земји од светот, од УНЕСКО, од Европскиот парламент, министри и амбасадори.

Македонија

По големата полициска акција, МВР објави видео од запленетото оружје во Арачиново

Published

on

На 18 декември 2024 година, околу 01:30 часот, полициски службеници од Единицата за брзо распоредување и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршиле заплена на оружје и муниција. Ова се случило на локален пат од село Орланци во правец кон село Никуштак, во атарот на општина Арачиново.

При извршената акција, пронајдени се значителен број на оружје и муниција, вклучувајќи еден пушкомитралез, девет автоматски пушки, повеќе празни рамки за автоматска пушка, реденик за пушкомитралез, две рамки за автоматска пушка со куршуми, една тегла со муниција, ранец и други предмети.

https://youtu.be/y2Isv3QEM0E?si=tEaVAdVWU6gPblfR

Continue Reading

Македонија

АРТАН, НЕ ГИ СРАМОТИ АЛБАНЦИТЕ, ТИЕ НЕ БЕГААТ КОГА СЕ ВО ПРАВО Дојди, и соочи се, не ги користи граѓаните како штит за твоите криминали

Published

on

Коалицијата Вреди порачува дека разбиениот Европски фронт на чело со ДУИ, исполнет со луѓе од црни листи, нема кредибилитет да зборува за прашања кои ги засегаат Албанците.

Веќе разбиениот Европски фронт на чело со нон грата партијата ДУИ, исполнет со луѓе од црни листи, нема кредибилитет да зборува за прашања кои ги засегаат Албанците. Тие се разобличени и изложени пред очите на албанскиот народ, соопшти коалицијата Вреди.

„Сенката на Али Ахмети, Артан Груби, оваа лоша копија на Груевски, кој зборуваше со полна уста за ОНА, на првиот судир со правдата – побегна. Дојди и соочи се, Артан! Албанците не се научени да бегаат. Албанците, кога се во право, се соочуваат со крената глава и не се плашат. Не ги посрамотувај Албанците, не ги користи како штит за твоите криминални дела!“, соопшти Вреди.

Коалицијата Вреди, се додава во соопштението, одамна предупредува дека ДУИ е партија заробена од криминални структури, предводени од Артан Груби.

„ДУИ не може да повикува на заштита на знамето, јазикот и на Албанците, бидејќи сега е партија без кредибилитет и без сила да ги заштити Албанците. Не можеш секој ден да зборуваш за заштита на правата на Албанците, а во моментот кога ќе бидеш повикан да понесуваш одговорност – да побегнеш“, се вели во соопштението.

Артан Груби, Прпарим Бајрами и нивната клика, се додава, се вистинското лице на криминалот и корупцијата.

„Правната држава се консолидира и никој нема да избега од правдата. Ќе се открие целосната вистина за злоупотребите во Државната лотарија. Тие што украле и го прекршиле законот ќе одговараат. Коалицијата Вреди е цврсто решена да донесе транспарентност, одговорност и да ги заштити интересите на граѓаните. Ние нема да застанеме пред политиките на манипулација и страв, бидејќи иднината на Албанците не смее да остане заложник на криминалот и корупцијата. Никој не е над законот“, порача владејачката коалиција.

Continue Reading

Македонија

Ѓорѓиевски: Реформите во системот за заштита се приоритет за заштита на граѓаните

Published

on

Градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, на конференцијата „Современите предизвици на системот за заштита и спасување“, организирана од Дирекцијата за заштита и спасување, ја нагласи важноста од заедничка посветеност на централната и локалната власт во создавање ефикасен и одржлив систем за заштита и спасување.

„Превенцијата е клучна за справување со современите предизвици. Само со приоритетно третирање на реформите во противпожарната заштита и соработка помеѓу сите нивоа на власт можеме да обезбедиме систем кој ќе ги заштити нашите граѓани од кризни ситуации,“ истакна Ѓорѓиевски.

Тој информираше за преземените чекори во Кисела Вода, вклучувајќи:

• Набавка на ново противпожарно возило, кое ќе ја подобри ефикасноста на интервенциите на противпожарната бригада.

• Обезбедување на простории за нова противпожарна станица, која, за жал, сè уште не е функционална поради административни пречки од страна на градоначалничката на Скопје.

• Набавка на мултифункционален багер, наменет за расчистување на речните корита, со што ќе се намали ризикот од поплави.

Ѓорѓиевски истакна дека ЗЕЛС веќе подолго време апелира за реформи во системот за противпожарна заштита и побара од централната власт посериозен ангажман за поддршка на овие иницијативи.

„Нашата цел е јасна – да изградиме функционален систем кој ќе биде подготвен да одговори на сите кризни ситуации и ќе овозможи сигурност за граѓаните,“ додаде тој.

Конференцијата заврши со заклучок дека за ефективно справување со кризни ситуации е потребна посветена и координирана акција на сите нивоа на власт.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк