Connect with us

Македонија

„Нема простор за намалување на цената“: Дали да купувате стан во Скопје или да чекате подобри времиња?

Published

on

Претходниве неколку години скопјани се сведоци на вртоглав раст на цените за станбен квадратен простор во Скопје, но сепак се претпоставува дека цените во следниот период нема да одат надолу. Само во последните три месеци цената за квадратен станбен простор е зголемена за 8 отсто, а ваквиот тренд е и во останатите градови низ Македонија.

Цените на недвижностите во Скопје постојано растат. Трендот на раст на цените засега не покажува знаци на пад на цените. Само во последните три месеци, цените на становите во Скопје пораснаа за неверојатно 8 отсто, а ваквиот тренд го има и во останатите градови низ Македонија. Ова ја отвори дилемата кај купувачите и прашањето: „Дали да се купува стан во Скопје или да се чекаат подобри времиња“?

По која цена се движат становите моментално?

Како што пишуваат некои веб-страници чиј фокус се недвижностите, просечната цена за метар квадратен се движи од 1.100 до 1.900 евра, во зависност од локацијата.

Ако се направи проста математика ваквите цени значат дека за стан од 50 квадратни метри треба да се платат од 55.000 до 95.000 евра. Во меѓувреме пак, друга „кочница“ за граѓаните е високата камата или учеството по банките.

Овде спаѓа и купувањето на паркинг место кое во центарот на градот чини и до 15.000 евра што според многумина е претерано, но инвеститорите велат дека тоа е одраз на понудата и побарувачката.

Одраз понуда – побарувачка

И покрај „револтот“ кај дел од граѓните се јавуваат од другата страна градежните компании. Инвеститорите недвоумејќи се тврдат дека цените на становите се реални и, како што пишавме и погоре, дека се одраз на понудата и побарувачката на пазарот.

Нема простор за намалување на цената

Од градежната индустрија се категорични дека: нема простор за намалување на цените. Тие исто така посочуваат дека градежните активности се во согласност со законските и стандардните норми, и дека нема никакво вештачко качување на побарувачката.

Нереални цени на становите: Што велат експертите?

Експертите во областа на недвижностите од една страна велат дека цените се нереални и не се одраз на реалната економска состојба, но од друга страна велат дека треба да се навикнат граѓаните дека многу е мала веројатноста да се вратат „старите цени од минатото кога квадрат се наоѓаше по 700-800 евра.

„Цените на становите во Македонија се нереални и не се одраз на реалната економска состојба во земјава. Тие се резултат на монополистички практики, недостиг на информации и регулатива, и ниска понуда на квалитетни и енергетски ефикасни станови“, вели експерт за Денар.мк.

Како што додаваат, цените на становите во Македонија се во диспропорција со економските показатели и со цените во други земји во регионот и во Европа.

Како изгледаат цените во регионот?

Во меѓувреме, редакцијата на Радио Лидер истражи како се цените во регионот, а како мерило ги зедовме цените на крајбрежните локации. Таа вест може да ја прочитате во продолжение:,

Колку ќе ве чини ако сакате да купите стан со поглед на море: Детални цени за Црна Гора, Хрватска, Грција, Турција, Албанија

Македонија

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри

Published

on

Под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето, како и на голема влажна и многу постудена воздушна маса од север, почнувајќи од петок, и за време на викендот во Македонија времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд на ниските, и од снег на повисоките места и на планините. На многу места врнежите ќе бидат обилни и локално ќе наврнат над 40/50 литри на метар квадратен воден талог.

Поради влијанието на студената воздушна маса од север, повремено, и особено во западните и во северните предели од Македонија, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од влажен снег и во пониските места (градовите). Сето ова ќе биде проследено со ветер од северен и од североисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Во Скопскиот регион исто така за време на овој период ќе има врнежи од дожд, повремено обилни, додека на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Повремено врнежи од снег ќе има и во повисоките предели од котлината, и тоа особено во текот на ноќта петок кон сабота, како и во сабота, кога услови за краткотрајни врнежи од дожд и од снег ќе има и во пониските предели од Скопската котлина.

Сето ова ќе услови на планините да дојде до значително формирање на снежна покривка (над 50 cм, локално и повеќе). На повисоките места таа ќе биде со висина од 20 до 30 цм, локално и повеќе, додека на пониските места (градовите) особено во северните и во западните предели понекаде со висина од 10 до 20 cм, а можно е и повеќе.

Во Скопскиот регион, снежна покривка ќе се формира на околните планини, како и во повисоките предели од котлината.

Мора да напоменам дека поради очекуваниот влажен снег во пониските места во погоре споменатите предели, можни се проблеми поради тежината на истиот. На планините ќе има услови и за појава на снежни наноси, па доколку патувате низ планинските превои, препорачуваме да бидете премногу внимателни како управувате со вашето возило.

Што се однесува пак до температурите, тие значително ќе опаднат, особено дневните и ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени во најтоплите југоисточни предели, а наутро тие ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени. Во Скопје температурата за време на овој период ќе се искачува во интервалот помеѓу 2 и 5 степени.

Continue Reading

Македонија

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Published

on

Нов послаб земјотрес вечерва повторно е регистриран во Македонија.

Јачината на земјотресот е 1,5 степени според Рихтер, а епицентарот повторно е во близина на Богданци.

Длабочината е 2 километри.

Претходно попладнево со ист епицентар регистриран беше и земјотрес од 2,5 степени според Рихтер, додека претходно имаше уште еден земјотрес со јачина од 3.1 степени според Рихтеровата скала.

Continue Reading

Македонија

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ, СУРОВИ ИЗМАМИ СО БИТКОИНИ ЈА ТРЕСАТ МАКЕДОНИЈА Двајца охриѓани останаа без илјадници евра

Published

on

И двете жртви биле од Охрид, едната жртва им платила 730.000 денари на измамниците, а другата била оштетена за околу 6.000 евра. Измамите функционирале на истиот принцип…

Сѐ повеќе граѓани се жртви на измами со биткоини во Македонија, а овој пат, мета се охриѓани. Во вторникот двајца охриѓани биле жртви на телефонски измами, еден од нив бил оштетен за сума од 730.000 денари, а другиот бил измамен за сума од околу 6.000 евра.

На 26 ноември 2024 година, во 11.00 часот во СВР Охрид, 54-годишник од Охрид пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од околу 730.000 денари. Според пријавеното, лицето му се јавило на 15 ноември 2024 година и се претставило како претставник на фирма која работи со биткоини и дека е добитник на 15.000 долари како нивен корисник, а потоа му кажало дека за да ги подигне, ќе треба да инсталира апликација преку која ќе се изврши наплатата, но дека прво ќе треба да изврши уплата на одредена сума на пари.

„Како што е пријавено, во два наврата тој ги уплатил парите, за што подигнал и брз кредит од финансиско друштво. Исто така, според пријавеното, на 24 ноември 2024 година им пишал на нивната електронска адреса со барање за информација кога ќе ги добие парите, а откако го известиле дека биле заглавени во Народна банка, пишал и на официјалната електронска адреса на банката, од каде што добил известување дека тие не се нивни уплатници и дека најверојатно станува збор за измама“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

„На 26 октомври 2024 година, во 15.30 часот во СВР Охрид, 47 -годишник од Охрид пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од околу 6.000 евра. Според пријавеното, пред извесно време на една апликација отворил негов електронски паричник и уплатил 100 евра, но парите му пропаднале и не пријавил затоа што станувало збор за помала сума. Како што е пријавено, на 20 ноември 2024 година, на социјална мрежа забележал објава со понуда за враќање на украдени пари и се регистрирал, а по неколку дена му се јавило лицето и тој го запознал со неговиот проблем“, се наведува во соопштението на МВР.

Исто така, според пријавеното, по неколку дена лицето повторно му се јавило и го известило дека на неговата сметка во Народна банка имал заглавени 15.630 долари и „за да можат да ја извршат уплатата, ќе требало да инсталира една апликација и да го зголеми лимитот во неговата банка на приближно иста сума колку што треба да му биде исплатено“. Откако сторил како што му било кажано, забележал дека од неговата сметка биле направени две трансакции од 6.000 евра.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк