Connect with us

Инфо +

Денеска е Светиот пророк Осија

Published

on

Светиот пророк Осија

Син Веириин од племето Исахарово. Живееше и пророкуваше 800 години пред Христа. Неговите боговдахновени зборови се наоѓаат во неговата книга составена од четиринаесет глави. Му упати многу укорувања на Израилот и на Јуда за идолопоклонството, пророкуваше за казната Божја за гревовите, ја прорече пропаста на Самарија и на Израилот заради богоотстапништвото, а и милоста Божја кон Јудиното колено. Го прорече укинувањето и престанокот на старозаветната жртва и доаѓањето на Господ и богатството на даровите коишто Он ќе ги донесе со Себе на земјата. Живееше до длабока старост и мирно се упокои.

Тропар
О пророче јасновидче Господов, о гласу кој воскресната радост ни ја објави, о молитвениче кој покајанието како лек ни го понуди, Осие пророче Господов, тело и крв тоа не ти го открија, туку Отецот Небесен пред Кого сега стоиш, и за нас постојано се молиш. Господи, слава Ти.

Светите маченици и бесребреници Козма и Дамјан

Едни од оние коишто се именуваат со ова име мирно се упокоија на 1 ноември. Другите беа каменувани во Рим на 1 јули, а овие третите беа од Арабија и под денешниот датум за нив станува збор. По занимање беа лекари, но кога ја примија Христовата вера ги исцелуваа болните со името на Исус Христос. Заради ова чудотворно лечење за нив се расчу на сите страни. Злобните незнабожци ги фатија и ги одведоа пред кнезот Лисиј во градот Егас. Бидејќи Светите браќа по никоја цена не сакаа да се одречат од Христа, најпрво ги фрлија во море, а потоа во оган. Но Семоќниот Бог ги спаси и од потоп и од оган. Ангел Господов им се јави спасувајќи ги. Незнабожечкиот кнез му го припишуваше ова на некоја нивна магија. А тие му одговорија: „Никаква магија не знаеме и не користиме, но ја имаме силата Христова којашто н ѐ спасува и нас и сите што го повикуваат пресветото име Христово.“ Тогаш ги удираа со камења, но камењата се одбиваа од нив; ги стрелаа со стрели, но и стрелите се одбиваа. Најпосле ги обезглавија со меч. Со нив пострадаа и примија венец на слава Светите Леонтиј, Антим и Евтропиј. Пострадаа во времето на Диоклецијан и Максимијан. Од нивните свети мошти се јавија многубројни чуда, како во времето кога беа живи.

Преподобниот маченик Андреј

Христијански свештеник роден на Крит. Во времето на гонењето на иконите се покажа како голем поборник на иконопочитувањето. За да го изобличи злочестивиот цар Копроним за неговото иконоборство, Св. Андреј отиде во Цариград. Еден ден царот беше во црквата на Св. маченик Мамант. Андреј влезе во црквата, застана пред царот и јавно пред сите го укори: „Подобро ќе беше цару да си ги гледаш војничките работи и да управуваш со народот одошто да Го гониш Христа и Неговите слуги.“ За ова Св. Андреј беше многу биен и мачен и влечен по улиците. Еден еретик го удри со секира и го уби. Така ја предаде својата света душа на Бога, во 767 година. Неговите мошти се извор на исцеленија за болните.

Лазар Четиридневниот

Главното празнување му е на 17 март и на Лазарова Сабота во Чесниот Пост. Под денешниот датум се празнува преносот на неговите мошти од островот Кипар во Цариград. Царот Лав Мудриот изгради храм на Св. Лазар во Цариград и неговите мошти ги пренесоа таму во 890 година. Кога после близу илјада години го откопаа Лазаровиот горб во градот Китија на Кипар, најдоа мермерна плоча со натпис: „Лазар Четиридневниот, пријател Христов.“

Македонија

Паднаа повеќе дилери: Серија на апсења во Скопје и Струмица

Published

on

Полициските служби продолжуваат со засилените активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога. Во текот на 2 јануари, во рамки на неколку полициски акции, беа извршени апсења на лица кај кои беше пронајдена марихуана.

  • Во 16:15 часот, на подрачјето на Шуто Оризари, полицијата го лиши од слобода О.Р. (41) од Скопје. Кај него беше пронајдена марихуана, која беше одземена.
  • Во 14:10 часот, во Карпош, беше уапсен С.Ш. (28) од село Крушопек, скопско, со пронајдена марихуана.
  • Во 21:40 часот, на подрачјето на Гази Баба, беше приведен С.С. (22) од Кочани, кај кого исто така беше најдена марихуана.
  • Во 15:00 часот, во општина Аеродром, полицијата го уапси И.С. (39) од Скопје, кај кого беше пронајдена дрога.
  • Во 23:45 часот, на подрачјето на Чаир, беше уапсен А.Љ. (25) од Скопје, со пронајдена марихуана.

Сите приведени лица ќе се соочат со соодветни поднесоци по целосното документирање на случаите.

Во друга акција, во Струмица, во 13:00 часот, полициските службеници од СВР Струмица извршија претрес во домот на З.Р. (52) од Струмица, со судска наредба. Притоа, беше пронајдена марихуана. За случајот е известен јавен обвинител, а против З.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Скопје

Автомобил заврши во жардиниера во Скопје

Published

on

-На 02.01.2025 година околу 18,20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосница од ул. „23-ти Октомври“ со бул.  „Јане Сандански“ во Скопје сe случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки управувано од Х.М.(23) од Скопје и патничко моторно возило „голф“ со велешки регистарски ознаки управувано од М.И.(19) од Велес. Во незгодата со телесни повреди се здобила М.И. и сопатникот во возилото „голф“ Б.А.(23) од Велес, како и Х.М. и сопатник во возилото „сеат“, Д.Ј.(34) од Скопје констатирани во Градска општа болница Св. „Наум Охридски“, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading

Македонија

Пензионери, фатени со 200 куршуми во „Голф“

Published

on

Брачна двојка пензионери од скопското село Батинци вчера добиле кривични пријави откако претходно биле фатени со 195 куршуми со калибар од 9 милиметри во нивниот автомобил, соопшти полицијата.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против Х.М.(72), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и против М.М.(77), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 10.06.2024 во 17.20 часот во с.Батинци, скопско, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „голф“ со скопски регистерски ознаки управувано од М.М., а како совозач била Х.М., кај која биле пронајдени и одземени 195 куршуми калибар 9 мм“, пишува во полициското соопштение.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк