Connect with us

Скопје

Инспектори го фатија на дело како исфрла големи количини отпад во Карпош

Published

on

Инспектори за животна средина на Град Скопје, денеска, затекнале жител на Општина Бутел како исфрла големи количини отпад на територијата на општина Карпош кон Визбегово, соопштија од Град Скопје.

Во соопштението наведуваат дека против лицето З.М. ќе биде поднесена кривична пријава за предизвикување значително оштетување на квалитетот на воздухот, водата и почвата, односно опасност за животот и здравјето на луѓето, дело кое што е казниво со затвор од четири до десет години.

Инспекторите за животна средина на Град Скопје пред еден час затекнаа и евидентираа во тек на исфрлање големи количини отпад, правење дива депонија и нејзино палење на територијата на општина Карпош кон Визбегово. Град Скопје за извршено кривично дело од страна на лицeто З.М жител на општина Бутел, согласно членот 218 на Кривичниот законик, ќе поднесе кривична пријава за предизвикување значително оштетување на квалитетот на воздухот, водата и почвата, односно опасност за животот и здравјето на луѓето, дело казниво со затвор од четири до десет години, стои во соопштението.

Од Град Скопје велат дека на територијата на Скопје има вкупно 14 институции кои што имаат надлежност и обврска да постапуваат во вакви ситуации, нагласувајќи дека за време на викендот инспекторите за животна средина на Град Скопје, како и комуналните инспектори имаат санкционирано над 20 сторители.

Досега единствено Град Скопје реагира, додека останатите не постапуваат, иако за истото имаат законска обврска. За време на викендот инспекторите за животна средина на Град Скопје и комуналните инспектори имаат санкционирано над 20 сторители, наведуваат во соопштението.

Додаваат дека годинава имаат поднесено повеќе кривични пријави за исфрлање на опасен отпад и загрозување на животната средина за кривична одговорност против сторители затекнати како исфрлаат опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен отпад.

Како пример од Градот го посочуваат случајот во општина Бутел, каде затекнати лица истураа неколку тони отпад меѓу кои и опасен канцероген отпад во зелен појас, со што, велат, се нагрдува градот и доведува во опасност на животот и здравјето на скопјани.

Град Скопје годинава поднесе повеќе кривични пријави за исфрлање на опасен отпад и загрозување на животната средина, за кривична одговорност против сторители затекнати како исфрлаат опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен отпад како случајот во општина Бутел каде затекнати лица истураа неколку тони отпад меѓу кои и опасен канцероген отпад во зелен појас со што се нагрдува градот и доведува во опасност на животот и здравјето на скопјани. Апелираме до Владата на овој проблем да му пристапи сериозно, да реагира на пријавите на Град Скопје за поажурно контролирање на нелегалното исфрлање на отпад низ градот што е казниво и според Кривичниот законик на Р. Македонија, но и едновремено да ги ангажира и останатите надлежни институции, да започнат да постапуваат за детекција и санкционирање на сторителите, наведуваат во соопштението.

Скопје

Орце Ѓорѓиевски: Скопје повторно ќе биде град на културата!

Published

on

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вечерва пристуваше на отворањето на деветтото издание на Меѓународниот филмски фестивал, ,,КинеНова”. Ѓорѓиевски не го криеше задоволството и на неговиот facebook профил напиша:

Скопје повторно ќе биде град на културата!

📽️ На мое огромно задоволство, вечерва имав чест да присуствувам на едно од најубавите случувања во Скопје – на отворањето на деветтото издание на Меѓународниот филмски фестивал, ,,КинеНова”.

🎥 Токму од ова место, од киното ,,Фросина” во МКЦ, а веќе од утре и за првпат досега, целата филмска програма ќе се одвива во Домот на култура ,,Билјана Беличанец” во Кисела Вода и ќе имаме можност да ги видиме возбудливите дебитанстки остварувања од младите режисери од Македонија и светот за кои сум убеден дека, ќе го задржат до крај вниманието на сите гледачи.

🎞️ Вечерва исто така, имаме можност да го проследиме и првиот долгометражен анимиран филм во Македонија, дело на Гоце Цветановски.

🙏 Изразувам огромна благодарност до директорот на овој фестивал, Небојша Јовановиќ за поканата на овој прекрасен настан.

🥇Упатувам честитки до лауреатот за оваа година, познатиот австриски режисер Улрих Зајдл, добитникот на наградата ,,Златна грива.”

🫵🏼 Вечерва беше навистина посебно да се биде во друштво со македонските и светските режисери и актери.

🗺️ На Скопје му недостасуваат вакви настани.
И Скопје, повторно ќе биде град на културата!

Continue Reading

Скопје

Полицијата го расчисти случајот со вчерашното пукање во Чаир

Published

on

СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан случен вчера (14.10.2024) околу 18 часот во Скопје на ул. „Христијан Тодоровски- Карпош“, во близина на општина Чаир, каде што од огнено оружје во левата нога е повреден Е.А. (35) од Скопје. Веднаш по добиената пријава преземени се опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје – Единица за насилен криминал и Единицата за интервентна полиција, во координација со „Безбеден град“ Скопје, како и OJO Скопје, при што се утврдени сите учесници во кривично правниот настан и тоа: Л.А. (32) и И.Т. (30), кои се лишени од слобода и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, како и А.Р. (29) и М.И. (32), осудени лица на издржување на казна затвор во КПУ Идризово, а кои во текот на 14.10.2024 година, во времето на извршувањето на кривичното дело, користеле излез од затворот Идризово, по основ на работен ангажман. Од лице место подигнати се траги од биолошко потекло, применети се апликатори за барутен тест од утврдените учесници во кривично правниот настан, обезбедени се видео записи од „Безбеден град”, а исто така утврдено е и возилото со кое едниот сторител доаѓа на лице место, по што истото е подигнато за криминалистичко техничка обработка. 

По целосно документирање на настанот, во координација со OJO Скопје, од страна на ЕНК при СВР Скопје ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

Continue Reading

Скопје

ЗА ПОПЛАДНЕ Е НАЈАВЕН ПРОТЕСТЕН МАРШ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ Затворени ќе бидат улиците од Собрание до Влада

Published

on

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска во периодот од 15 до 17 часот, поради одржување на протестен марш од страна на Коалиција за застапување на правата на лицата со хендикеп, воведен ќе биде посебен режим на сообраќајот во центарот на Скопје.

„СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“, наведено е во соопштението.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк