Connect with us

Македонија

Меџити-Корсмо: во фокусот привлекување на инвеститори на македонскиот пазар

Published

on

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити денеска одржа работна средба со делегацијата на Глобалната организација за поддршка на претпријатијата – SEED, предводена од нејзиниот основач и лидер, Стеинар Хоел Корсмо.

На средбата, на која присуствуваа и претприемачите Ислам Полику и Исамет Бакиу, инвеститори од Норвешка, се разговараше за можноста за привлекување на инвеститори од оваа организација на пазарот во Северна Македонија, имајќи предвид дека оваа мрежа на инвеститори развива програми во над 50 земји од светот, што обезбедуваат пристап до финансии од приватен капитал за отварање нови бизниси (старт-ап) и за компании во развој (скале-апс).

Основачот Стеинар Хоел Корсмо информираше дека Глобалната организација за поддршка на претпријатијата – SEED, од 2002 година, управувала повеќе од 130 донаторски проекти во нордискиот и балтичкиот регион на Европа, Источна Централна Европа, Западен Балкан, Кина, Југоисточна Азија, Источна Африка и Латинска Америка.

Според него, развиени се одлични програми за претприемништво, како што се мрежата на иновативните центри i-HUB, мрежите на бизнис ангели, технолошката комерцијализација и обуката за претприемништво за млади, а, како што рече, нивната цел е да вклучат старт-ап и скал-апс компании од Република Северна Македонија во глобалната програма „Seed Forum“.

Меџити на средбата истакна дека Владата е посветена на привлекување странски инвестиции, а особено на позитивни практики на пазарот во Северна Македонија, а отворањето на центар во Скопје ќе помогне при стартување на нови претпријатија и ќе отвори можности за нивно приклучување кон странски компании.

Македонија

Семејна драма, морала да интервенира полицијата

Published

on

Денеска околу 00.10 часот во СВР Скопје, од страна на 26-годишен маж било пријавено дека бил нападнат од својот 19-годишен брат, двајцата од Штип.

Од МВР посочуваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Македонија

Запалено возило во Скопско

Published

on

Денеска (02.01.2025) во 02.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Арачиново, скопско, настанал пожар во патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.М.(34) од с.Арачиново.

Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот било изгаснат. Повредени лица нема. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Continue Reading

Македонија

Драма на патот Тетово-Скопје: Пронајдено оружје во автомобил

Published

on

На 01.01.2025 во 22.10 часот полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на регионален пат Тетово- Скопје, го привеле А.М. (21) од с.Бојане, скопско кој се превезувал со патничко возило ,,бмв“ со скопски регистерски таблици, управувано од Н.Ф.(26) од истото село. При преглед кај А.М. бил пронајден нож. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк