Connect with us

Македонија

Филков оствари средба со амбасадорот на ОБСЕ Килиан Вал

Published

on

Министерот за правда Игор Филков денес оствари работна средба со амбасадорот Килиан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Разговараа за планираните реформи во правосудството и владеењето на правото, при што беше истакнато дека ОБСЕ финансиски ќе го поддржи преводот на Предлог законот за кривична постапка.

Мисијата на ОБСЕ ќе продолжи да биде активно вклучена во подготовката на Развојната секторска стратегија 2024-2028 и законските измени. Соработката и дијалогот ќе се интензивираат за да се реализираат клучните реформи во правосудството.

Македонија

17 години без Тоше

Published

on

На овој ден пред 17 години, Македонија и целиот Балкан го загубија Тоше Проески, една од најголемите музички икони. На 16 октомври 2007 година, во раните утрински часови, трагична сообраќајна несреќа на автопатот кај Нова Градишка, Хрватска, го однесе животот на пејачот, кој имаше само 26 години. Неговото прерано заминување остави неизбришлива болка и празнина, која, и по 17 години, сè уште се чувствува во срцата на неговите фанови, пријатели, колеги, и неговото семејство.

Continue Reading

Македонија

Продолжува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Published

on

Денеска во Кривичен суд продолжува судењето за двојното убиство на малата Вања Ѓорчевска и на пензионерот Панче Жежовски.

На претходното рочиште сведочеше мајката на Вања, која кажа дека заедно со таткото Александар ја барале ќерката во една напуштена куќа на Партизанска. Исто така рече дека Александар веднаш се посомневал дека е киднапирана.

Continue Reading

Македонија

Над 35 полицајци и цариници се уапсени вечерва

Published

on

Во големата полициска акција уапсени се најмалку 35 полицајци и вработени во Царина. 

Акцијата се одвивале во градовите Гевгелија и Струмица а апсени се лица за кои постојат сомневање дека зеле мито и несовесно работеле во службата.

Повеќе инфомации се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк