Connect with us

Македонија

Во тек е голема полициска акција во Тетово, има приведени

Published

on

Припадници на специјалните полициски сили од утрово спроведуваат акција во Тетово.

-Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во тек е голема полициска акција во регионот на Тетово. Се вршат претреси на повеќе локации, има и приведени лица, информираат од ОЈО ГОКК.

Со детали од акцијата МВР и ОЈО ГОКК ќе излезат во текот на денот.

Македонија

Битола – Инспирација за студентите од петта година на Архитектонскиот факултет во Скопје

Published

on

Околу 80 студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје, под раководство на проф. д-р Дивна Пенчиќ, ја посетија општина Битола во рамките на нивниот предмет Урбанистичко обликување 2, а градот Битола е предмет на работа за оваа година. Предметот има за цел да им обезбеди на студентите пристап до знаењата неопходни за обликување на типични урбани простори, во кои со примена на различни морфотиполошки решенија, се добиваат различни видови на архитектонски амбиенти.

Пред присутните се обрати секретарот на општина Битола Борче Димитровски, кој посочи неколку сегменти од општинското работење, кои се во фокусот на интерес. Пред се, тука е изработката на Генералниот урбанистички план (ГУП) за општина Битола, како и други стратешки значајни документи за општината, кои служат како основа за работа на општината и како подлога за аплицирање на различни проекти. Секретарот исто така, ја нагласи потребата од вработување на млади архитекти и други инженери, кои ќе имаат јасна визија за натамошниот изглед на градот, кој изобилува со културна традиција, многу важни културни и историски објекти и заштитено градско јадро.

Во дискусијата се вклучија и студентите со свои прашања, кои ги поставија до раководителите на одделенијата за урбанистичко планирање и заштита на животната средина и спроведување на урбанистички планови Валентина Андријашевиќ Кривашија и Љубица Мигуловска и до останатите вработени од општинската администрација од посочените одделенија и од Одделението за економски развој.

Соработката со Архитектонскиот факултет, кој образува идни архитекти и урбанисти, може да им овозможи на студентите вклучување на високо професионално ниво на работа, а на општината своевидна поддршка и поткрепа во планирањето на идниот развој на градот Битола со свежи и визионерски идеи.

Continue Reading

Македонија

Филков ја разбира нервозата на Лога: Понатамошниот дијалог ќе се одвива пред надлежните органи

Published

on

Министерот за правда, Игор Филков, стои зад вчерашните изјави дека неговиот претходник, Кренар Лога, пред да замине од функцијата со себе го зел класифицираниот документ со препораките за Судскиот совет изработен од оценската мисија на Европската комисија.

Поранешниот министер Лога, по обвинувањето од Филков, на социјалните мрежи објави дека писмото е добиено по електорнски пат, а го добиле и останатите институции, а делот што бил класифициран само за министерот, е архивиран од службено лице во Министерството.

„Се што имав да кажам во врска со работата на мојот претходник кажав вчера и стојам зад тоа. Ја разбирам неговата нервоза, меѓутоа понатамошниот дијалог ќе се одвива пред надлежните органи“, кусо рече министерот Филков одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на канцеларијата на Комисијата за парична помош на жртви од кривично дело со насилство.

Лога вчера објави дека два дена по назначувањето на Филков, неколкупати го побарал за средба телефонски, преку СМС пораки и преку Кабинетот од каде го известиле дека тие ќе го побараат за средба, до која се уште не дошло.

Continue Reading

Македонија

Претреси во Велес, Радовиш, Валандово, полицијата заплени дрога

Published

on

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес вчера ги привеле  34 годишниот М.Ц. и еден малолетник, двајцата од Велес, затоа што биле затекнати при купопродажба на зелена растителна материја. Подоцна, со судска наредба бил извршен и претрес во домот на М.Ц., при што биле пронајдени и одземени зелена растителна материја и две дигитални ваги. Претреси и заплена на дрога биле извршени и во радовишко и валандовско.

Како што информираа од МВР, велешанецот М.Ц. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Вчера напладне радовишката полиција го уапсила 25 годишниот М.Т. од село Покрачјево.

„При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени марихуана, семки од растението канабис и предмет со остатоци од растителна материја. Лицето било задржано во полициската станица Радовиш, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се наведува во билтенот на МВР.

А валандовската полиција пак, вчера го лишила од слобода В.М од село Раброво. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени бела прашкаста материја, најверојатно амфетамин, марихуана и предмети со остатоци од прашкаста материја.

Како што соопшти МВР, лицето било задржано во полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

„По документирање на случајот, против В.М. ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк