Connect with us

Македонија

Сања Божиновска: Госпоѓата Јотова живее во фантазија од деветнаесеттиот век

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска со остра реакција за провокациите на потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова.

Госпоѓата Јотова живее во свет на фантазии од деветнаесеттиот век.
Ниту еден граѓанин на Македонија нема потпишано изјава дека се чувствува за Бугарин, туку тоа го прават бугарски адвокати кои наплаќаат пари за да посредуваат.
Ниту еден граѓанин на Македонија кој добил бугарско државјанство не се чувствува за Бугарин. Всушност тоа го видовме и на пописот во Македонија со екстремно симболичната бројка на попишани Бугари.
Луѓето, како и јас, побарале бугарски пасош од една и единствена причина, економски потреби за работа надвор од Македонија.
Ако госпоѓата Јотова мисли дека измамата со внесени документи од бугарската држава, ќе го смени моето чувство дека сум Македонка, па и чувството на многу мои сограѓани, тогаш или не разбира дека политиката на подметнување им е пропадната или не разбира дека ние сме имале економска потреба, а таа и политичарите како неа, сме ги оставиле да фантазираат како да се наоѓаат во деветнаесеттиот век.
Госпоѓата Јотова, наместо со ситни полициски подметнувања добро е да почне да се занимава со потребата на Македонците во Бугарија, конечно да бидат признаени како малцинство и да им се овозможат основните човекови права.

Македонија

Нови стотина вработувања – Мицкоски најави нова инвестиција од 8,5 милиони евра

Published

on

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски при посета на Општина Брвеница одговарајќи на новинарско прашање, дали има нови инвестиции, приоритет на којшто Владата е силно фокусирана, информираше дека во државата, на домашниот пазар има една нова инвестиција којашто е завршена и уште неколку коишто се во процес на завршување.

Премиерот очекува бројот на странски инвестиции во државата значајно да се зголемат до крајот на годината.

„Да, да тоа е исто така убава, добра вест. Имаме една нова инвестиција којашто е веќе завршена и уште неколку коишто се во процес на завршување. Очекувам до крајот на годината и тие да ги завршиме, ова е инвестиција на компанијата „Бреjнчаjлд“. Вредноста е некаде околу осум и пол милиони евра и очекувам и таа да вработи околу стотина луѓе. Веќе ја закупија парцелата во зоната Жабени, почнуваат да ја градат првата хала од 3.000 квадратни метри.

Така што во периодот којшто следи ќе бидеме сведоци на уште нови и успешни вести и очекувам бројот на странски инвестиции драматично да се зголеми до крајот на годината“, изјави Мицкоски.

Носењето на нови странски инвестиции значи и отворање на нови работни места и поквалитетен и подобар животен стандард за граѓаните. Затоа Владата посветено работи и ќе продолжи да работи и во иднина за силен економски развој и целосна трансформација на државата. Да се отвораат нови работни места, добро платени, за младите да има услови, да останат да работа, инвестираат и живеат во државата, наместо да се селат во странство, истакнуваат од неговиот кабинет 

Continue Reading

Македонија

Општина Гостивар: Ѝ нудиме помош на Данела во математиката, очигледно има проблем со разбирање на бројките

Published

on

„И честитаме на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која што, освен креирање на врева, за ништо друго не ја бива. Таа за скоро четири години власт во Скопје, освен за коалицијата со Блерим Беџети, за друго нешто не е позната во јавноста. Наместо реализација на конкретни проекти и унапредување на животот на граѓаните на Скопје, нејзиното мандатско наследство останува празно и беззначајно“, велат од Општина Гостивар за работењето на градоначалничката на Скопје.

Скопје, како главен град, како што додаваат во соопштението, заслужува модерни решенија, но за жал, како што истакнуваат, во рацете на Арсовска, секој проект се претвора во мистерија.

„Зошто не се реализира проектот „Скопје – БУС РАПИД“, за кој секој ден доцнење носи финансиски загуби за скопјани? Дали граѓаните на Скопје ќе добијат конечен одговор за пречистителната станица, која беше најавувана како стратешки приоритет, а остана само на хартија?

Претпоставуваме дека нервозата на Арсовска се должи на нејзината неспособност да аплицира за средства дестинирани за општините. Тоа не е ништо ново – додека другите општини успешно ги завршуваа своите проекти, Арсовска е заглавена во административни пропусти. Затоа, како тим од општина Гостивар, нудиме помош во изработка на проекти, и тоа на волонтерска база – за доброто на граѓаните на Скопје. Не е срамота да се побара помош кога не можете сами да го направите тоа што сте ветиле.
Воедно, нудиме и помош во математиката, бидејќи градоначалничката очигледно има проблем со разбирање на бројките. Според неа, долгот на општина Гостивар изнесува астрономски 108 милиони евра, но вистинската бројка е далеку поскромна – 9.1 милион евра. Ваквите неосновани обвинувања само ја отсликуваат нејзината несериозност и неспособност да се справи со фактите“, потенцираат во реакцијата.

Арсовска, според напишаното од Општина Гостивар мора да престане да ги мами граѓаните и конечно да преземе одговорност за својот неуспех. Скопје, оценуваат од оваа општина, заслужува подобро, а „ние сме тука да ѝ помогнеме, дури и ако тоа значи да ѝ го покажеме патот во земјата на чудата каде што очигледно се наоѓа“, нагласуваат од општината. 

Continue Reading

Македонија

Пензионерите во март ќе добијат уште едно покачување на пензиите од 2.500 денари

Published

on

Надлежните наредната година најавуваат зголемување на пензиите во март за 2.500 денари и 4 проценти во септември. Од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, велат, пари за пензии ќе има. За 2025-та година е планиран буџет од 135 милијарди денари. 105 милијарди се наменети за пензиите, 15 милијарди за вториот столб.

Директорот на Фондот, Никола Мемов соопшти дека предлог-буџетот за Фондот за 2025 година е 135 милијарди денари наспроти 110,5 милијарди денари за тековната 2024 година.

На средба со новинарите на која информираше за состојбата на буџетот и за идните планови, новиот директор на Фондот рече дека средства за пензии ќе бидат обезбедени и дека буџетскиот дефицит во вкупниот буџет за 2025-та е 27 проценти. Придонесот за пензиското осигурување останува 18,8 отсто.

Најави дека ќе работат на одржување на социјално-солидарниот концепт, подобрување на стандардот на сите пензионери. Во меѓувреме, барања за пензионирање ќе се носат низ целата држава за да се сработат, бидејќи одредени подрачни единици не можат да постигнат. На Фондот за пензиско му требаат над 900 вработени за непречено функционирање, а има вработено безмалку 500.

Во државава има помеѓу 340 000 и 350 000 пензионери, а планираната стапка на раст на нови корисници на пензија годишно се движи од 0,9 до 1 отсто. 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк