Connect with us

Македонија

“Наследничка од Тетово открила дека нејзината парцела веќе има друг сопственик

Published

on

На 17.10.2024 во 17.00 часот во СВР Тетово 55-годишна жена од Тетово пријавила дека во почетокот на 2024 година заедно со нејзините братучеди извршиле физичка делба и префрлување на имот наследство од нивните мајки, и откако го исчистила местото кое што и следувало на неа и подготвувала документи за изградба на куќа во таа парцела во Општина Јегуновце била известена дека  таа парцела по судски спор, веќе припаѓа на друг сопственик, и тоа од с. Сиричино, при што веднаш го известила нејзиниот адвокат. Пријавителката се сомнева дека биле употребени фалсификувани документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија

Димовски: Наместо да се фокусираме на дебата за балансерот, да изградиме функционална држава

Published

on

Во телевизиската емисија „Само Вистина“ на Канал 5, Илија Димовски направи детална анализа на дебатата за балансерот, нагласувајќи истовремено и за значењето на решавањето на подзаборавените проблеми што ја нарушуваат функционалноста на државата.

“Нема потребно е да се поставуваат работите од аспект дека ако нема балансер, нема да има застапеност на албанците. Дилемата е, дали првиот критериум е квалитет, а вториот е етничка припадност или обратно.

Што е разликата? Ако е првиот критериум квалитет, тогаш во ситуација во која што албанец и македонец би имале ист квалитет, но албанците се помалку репрезентирани или македонците, да има предност едниот или другиот. Но ако се еднакво квалитетниот. Другиот модел на решавање на овие проблеми, во секој случај влегува македонецот, ако се помалку македонците или албанецот, без разлика каков квалитет носи со себе. И таа дебата е на квалитет која што никогаш нема да се расчисти. И секогаш кога  ќе се обидуваме да внесуваме бројки во оваа дебата,  влегуваме во броење на крвни зрнца што не треба да ни биде начин.  Втора работа, веќе навистина, не треба  да разговараме за вработување во државниот сектор и во јавниот сектор. Ние треба да отвориме дебата за намалување на државниот сектор и јавниот сектор.

Нас трошоците кои што ги правиме во буџетското  финансирање на државниот и јавниот сектор, на јавни претпријатија кои што се тотално нефункционални. Во Македонија има 7-8 пошти само една е нерентабилна, државната. А претпријатието за стопанисување со стамбени и делове и простор ни е во минус. Немаат никакви трошоци, освен да собираат кирија од станови и од продавници кои што ги има државата во сопственост.  Електростопанство е во ужасна ситуација, Македонски шуми, Македонијан пат исто така.

Треба да зборуваме за програмите, за луѓето кои се во тој сектор, да ги внесеме воприватниот сектор, да создаваме подобар производ,  да создаваме подобар квалитет.

Нас ни е измеслена дебата. Додека ние зборуваме со години за балансери, за етнички прашања, немаме железница во државата. Мојот град, Велес, пред 150 години, имаше интернационална  линија во железнички сообраќај. Денеска, после 150 години, нема. Зашто зборуваме? Џубрето не можеме да си го собереме од улиците. За што зборуваме? Сега ние решаваме некои тешки филозофија.”

Continue Reading

Македонија

Димовски: Со векови живееме заедно – не ни требаат увезени модели на соживот

Published

on

Во денешната емисија “Само Вистина” на Канал 5 телевизија, поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски направи кратка анализа за меѓуетничкиот соживот и во кој правец би требало да се развива дебатата на ова поле:

“Нас не треба некој од Европа да ни увезува модели на соживот, ние малце сами се подценуваме кога зборуваме дека некој треба да не учи на соживот. Извинете, ама стотици и стотици години живеат и македонци, и албанци, и турци, и роми во овие подрачја и живеат многу по-нормално отколку во некој подрачја од развиена Европа.

Фактот дека промените општествени кои се случуваа во минатите 60-70 години, различните политики на околните држави, спрема македонците или спрема албанците, направија одредени дисбаланси. Ако сме ние паметни, како граѓани на една зедничка држава, тогаш ние треба да се малце и тргнеме на страна од тие влијанија и да погледнеме со ладна глава, што се нашите интереси како граѓани на оваа држава. Треба да бидеме конкурентни во наука, во образување, во економија, во производство, во трговија, во извоз.

Еден милион случаеви имаме на соработка помеѓу бизнисмени од различни етнички заедници, комори, соработки, акционерски собранија и така натака. Значи каде што сме практични, каде што не се оптеретуваме со некаква симболика, тогаш функционираме многу нормално.”

Continue Reading

Македонија

Нови стотина вработувања – Мицкоски најави нова инвестиција од 8,5 милиони евра

Published

on

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски при посета на Општина Брвеница одговарајќи на новинарско прашање, дали има нови инвестиции, приоритет на којшто Владата е силно фокусирана, информираше дека во државата, на домашниот пазар има една нова инвестиција којашто е завршена и уште неколку коишто се во процес на завршување.

Премиерот очекува бројот на странски инвестиции во државата значајно да се зголемат до крајот на годината.

„Да, да тоа е исто така убава, добра вест. Имаме една нова инвестиција којашто е веќе завршена и уште неколку коишто се во процес на завршување. Очекувам до крајот на годината и тие да ги завршиме, ова е инвестиција на компанијата „Бреjнчаjлд“. Вредноста е некаде околу осум и пол милиони евра и очекувам и таа да вработи околу стотина луѓе. Веќе ја закупија парцелата во зоната Жабени, почнуваат да ја градат првата хала од 3.000 квадратни метри.

Така што во периодот којшто следи ќе бидеме сведоци на уште нови и успешни вести и очекувам бројот на странски инвестиции драматично да се зголеми до крајот на годината“, изјави Мицкоски.

Носењето на нови странски инвестиции значи и отворање на нови работни места и поквалитетен и подобар животен стандард за граѓаните. Затоа Владата посветено работи и ќе продолжи да работи и во иднина за силен економски развој и целосна трансформација на државата. Да се отвораат нови работни места, добро платени, за младите да има услови, да останат да работа, инвестираат и живеат во државата, наместо да се селат во странство, истакнуваат од неговиот кабинет 

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк