Connect with us

Македонија

Пензионерите во март ќе добијат уште едно покачување на пензиите од 2.500 денари

Published

on

Надлежните наредната година најавуваат зголемување на пензиите во март за 2.500 денари и 4 проценти во септември. Од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, велат, пари за пензии ќе има. За 2025-та година е планиран буџет од 135 милијарди денари. 105 милијарди се наменети за пензиите, 15 милијарди за вториот столб.

Директорот на Фондот, Никола Мемов соопшти дека предлог-буџетот за Фондот за 2025 година е 135 милијарди денари наспроти 110,5 милијарди денари за тековната 2024 година.

На средба со новинарите на која информираше за состојбата на буџетот и за идните планови, новиот директор на Фондот рече дека средства за пензии ќе бидат обезбедени и дека буџетскиот дефицит во вкупниот буџет за 2025-та е 27 проценти. Придонесот за пензиското осигурување останува 18,8 отсто.

Најави дека ќе работат на одржување на социјално-солидарниот концепт, подобрување на стандардот на сите пензионери. Во меѓувреме, барања за пензионирање ќе се носат низ целата држава за да се сработат, бидејќи одредени подрачни единици не можат да постигнат. На Фондот за пензиско му требаат над 900 вработени за непречено функционирање, а има вработено безмалку 500.

Во државава има помеѓу 340 000 и 350 000 пензионери, а планираната стапка на раст на нови корисници на пензија годишно се движи од 0,9 до 1 отсто. 

Македонија

Сашо Дранго ќе биде разрешен доколку се потврди дека ја застрелал мечката, најави Мицкоски

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе следи одговорност за заменик-директорот на „Македонија пат“ Сашо Дранго, ако се утврди дека тој ја застрелал мечката со која се фотографираше во декември.

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе следи одговорност за заменик-директорот на „Македонија пат“ Сашо Дранго, ако се утврди дека тој ја застрелал мечката со која се фотографираше во декември.

– Доколку се потврдат овие тврдења, ќе барам одговорност и ќе биде под итно разрешен. Таквите девијантни однесувања доколку се потврдат, јас ниту ги оправдувам, ниту имам намера да ги амнестирам – рече Мицкоски на новинарско прашање по присуството на божиќната литургија во Соборниот храм во Скопје.

Невладината организација за заштита на животните „Анима Мунди“ минатата недела објави дека заменик-директорот на „Македонија пат“ и претседател на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар, Сашо Дранго, се фотографирал со мечка и носи пушка со снајперски нишан, поради што тврдат дека ја застрелал во декември 2024 година.

Од „Анима Мунди“ посочија дека мечката е класифицирана како дивеч под заштита и нејзиното ловење, прогонување или вознемирување е строго забрането за што е предвидена и затворска казна. Од невладината организација најавија дека ќе поднесат кривична пријава против Дранго и очекуваат негово разрешување од функцијата.

По објавта на „Анима Мунди“, заменик директорот на Македонија пат во изјава за една национална телевизија кажа дека тој не ја застрелал мечката, туку дека таа била жртва на сообраќајна несреќа. Дранго и вработените во „Македонија пат“ само ја тргнале од коловозот на патот Битола-Ресен, по што тој се сликал со неа. Тој уверува и дека за инцидентот има записник и во полициската станица во Битола, но од таму негираа дека има пријава.

Од Основното јавно обвинителство од Битола изјавија дека ќе отворат предмет за случајот со мечката.

Continue Reading

Македонија

Традиционален Божиќен ручек за 400 деца во Прилеп

Published

on

-Децата се нашата сегашност и нашата иднина. Тие се основата на семејството. Без нив нема ништо. Не може да постои општеството, ниту Црквата, рече владиката Петар.

Околу 400 деца од повеќе делови на земјава по 19-ти пат денеска традиционално седнаа на заеднички Божиќен ручек во Прилеп. Организатор е Детската амбасада за сите деца во светот со седиште во Прилеп.

-На Божиќниот ручек се деца од Прилеп, Битола, Крушево, Кавадарци, Скопје, Струмица, Штип…. Ги има од повеќе целни групи: деца без родители, деца од згрижувачки семејства, деца со попречености, но сите се едно. Божиќниот ручек ја носи пораката за чување на вредностите за еднаквост, љубов и мир и дека детската среќа е над сѐ. Се надевам дека оваа традиција ќе ја одржуваат идните поколенија, изјави Александра Северкоска Стојаноски, извршен директор на невладината организација.

Божикќиот ручек традиционално го благослови владиката Петар.

-Децата се нашата сегашност и нашата иднина. Тие се основата на семејството. Без нив нема ништо. Не може да постои општеството, ниту Црквата, рече владиката Петар.

Прилепските градски власти на сите, околу 400 деца на Божикниот ручек, им даруваа пакетчиња и им го честитаа големиотпразник – Божиќ.

-Да има мир, спокој, детска насмевка. Децата да бидат безгрижни во семејството, рече прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.

На традиционалниот Божиќен ручек, што се одржа во прилепскиот хотел „Салида“, членовите од студиото „Зодијак“ од Прилеп изведоа програма за децата. Беа поделени признанија за општествено одговорните фирми и поединци.

Традиционалниот Божиќен ручек се одржа под мотото „Едно небо за сите деца“. (МИА)

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Оваа година ќе биде година на напредок

Published

on

„Би сакал да ја искористам оваа можност и на сите православни христијани да им го честитам Христовото раѓање, изјави претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

„Би сакал да ја искористам оваа можност и на сите православни христијани да им го честитам Христовото раѓање, изјави претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

Христос се роди, навистина се роди. Нешто што преставува голем ден за православните христијани, а на сите граѓани во нашата Македонија да им посакам пред сѐ здравје, затоа што здравјето е најважно, а потоа сите убавини на овој свет во нивните домови да им се случат. Очекувам година во којашто ќе имаме напредок, година на прогрес во секој план, тоа нормално го посакувам и за тоа како Влада во годината којашто следи ќе работиме, исктана Мицкоски.

Уште еднаш дозволете ми на сите да им го честитам Божиќ и да им посакам убав и мирен ден“ – изјави премиерот Христијан Мицкоски по централната литургија по повод празникот Божиќ, додаде Мицкоски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк