Connect with us

Македонија

Општина Гостивар: Ѝ нудиме помош на Данела во математиката, очигледно има проблем со разбирање на бројките

Published

on

„И честитаме на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која што, освен креирање на врева, за ништо друго не ја бива. Таа за скоро четири години власт во Скопје, освен за коалицијата со Блерим Беџети, за друго нешто не е позната во јавноста. Наместо реализација на конкретни проекти и унапредување на животот на граѓаните на Скопје, нејзиното мандатско наследство останува празно и беззначајно“, велат од Општина Гостивар за работењето на градоначалничката на Скопје.

Скопје, како главен град, како што додаваат во соопштението, заслужува модерни решенија, но за жал, како што истакнуваат, во рацете на Арсовска, секој проект се претвора во мистерија.

„Зошто не се реализира проектот „Скопје – БУС РАПИД“, за кој секој ден доцнење носи финансиски загуби за скопјани? Дали граѓаните на Скопје ќе добијат конечен одговор за пречистителната станица, која беше најавувана како стратешки приоритет, а остана само на хартија?

Претпоставуваме дека нервозата на Арсовска се должи на нејзината неспособност да аплицира за средства дестинирани за општините. Тоа не е ништо ново – додека другите општини успешно ги завршуваа своите проекти, Арсовска е заглавена во административни пропусти. Затоа, како тим од општина Гостивар, нудиме помош во изработка на проекти, и тоа на волонтерска база – за доброто на граѓаните на Скопје. Не е срамота да се побара помош кога не можете сами да го направите тоа што сте ветиле.
Воедно, нудиме и помош во математиката, бидејќи градоначалничката очигледно има проблем со разбирање на бројките. Според неа, долгот на општина Гостивар изнесува астрономски 108 милиони евра, но вистинската бројка е далеку поскромна – 9.1 милион евра. Ваквите неосновани обвинувања само ја отсликуваат нејзината несериозност и неспособност да се справи со фактите“, потенцираат во реакцијата.

Арсовска, според напишаното од Општина Гостивар мора да престане да ги мами граѓаните и конечно да преземе одговорност за својот неуспех. Скопје, оценуваат од оваа општина, заслужува подобро, а „ние сме тука да ѝ помогнеме, дури и ако тоа значи да ѝ го покажеме патот во земјата на чудата каде што очигледно се наоѓа“, нагласуваат од општината. 

Македонија

ВЛЕН: ДУИ е „нон грата“ во опозиција, Дрин Ахмети е во ходниците на Обвинителството, заврши ерата на влијание во судовите

Published

on

-Кога ќе се спомене ДУИ, не можеме да мислиме друго освенна злоупотреби и корупција. Сакаме да ја информирамејавноста за едно важно прашање поврзано со економскатаактивност на компанијата „Еверест ЈД“ ДООЛ, која е восопственост и управувана од Дрин Ахмети, внук на лидеротна ДУИ нон грата, Али Ахмети. Според достапнитеинформации, ова компанија не го платила концесискиот надоместок за експлоатација на минерални суровини налокацијата „Буковиќ“, со што ги прекршила законите и прописите, соопштија од ВЛЕН.

Оваа неодговорна постапка претставува сериозен облик нанетранспарентност и злоупотреба на привилегиите дадени за експлоатација на природните ресурси и поради оваа причина, коалицијата ВЛЕН иницира да се преземат итни и целосни мерки за расветлување на ова прашање.

Со гордост ја споделуваме оваа информација, бидејќи сонесаканата транзиција на ДУИ во опозиција, заврши и заштитата или поддршката во судовите и обвинителството. Затоа, ова е знак дека завршува ерата на политичко влијаниеврз институциите кои треба да бидат целосно независни и незасегнати во работата на правосудството.
По откривањето на ова дело, Дрин Ахмети бил повикан од Обвинителството да даде објаснувања и се води истрага заовој случај. Коалицијата ВЛЕН, како дел од Владата, ги повикува правосудните институции да постапат восогласност со законот и да обезбедат безбеден и транспарентен истражен процес, за да се избегне каква било форма на политичко влијание за конечната одлука да биде целосно заснована на законите на нашата земја. А, злонамерниците како Дрин Ахмети ќе ја добијат заслужената казна.

Коалицијата ВЛЕН со целосна решителност и максималнаодговорност ги поддржува сите напори овој случај да се постапува со професионалност и непристрасност за да се воспостави ред и законитост во оваа област.
Коалицијата ВЛЕН будно ќе го следи ова прашање и ќе биде неприкосновна во борбата за транспарентност и правда и никогаш нема да толерира злоупотреби. Ги уверуваме граѓаните дека сме тука да ги откриеме сите измами поврзани со ДУИ нон-грата и дека ќе има одговорност засите.
ВЛЕН е коалиција на сите граѓани, ВЛЕН не се залага за внуците, туку за секој од вас. Секој граѓанин ужива почит и еднаков третман од најголемата албанска коалиција, велат од ВЛЕН.

Continue Reading

Македонија

Од Скопје ќе се лета до Женева и до Париз, се воведуваат уште две нови дестинации на барање на дијаспората

Published

on

Од Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа:

Скопје -Женева
Скопје – Париз (аеродром Орли)

Овие две дестинации се воведуваат на барање на дијаспората, а ќе ги оперира авиокомпанијата Изиџет со тоа што линијата Скопје – Париз ќе започне да се оперира од 2 април, додека линијата Скопје -Женева од 3 ноември, оваа година.

Овие две дестинации се дел од финансиската подршка што ја овозможува Владата преку Министерството за транспорт, а се во рамките на отворениот јавен повик за подршка за воведување на нови авиолинии.

Би сакале да потенцираме дека јавниот повик е се уште отворен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполнуваат критертиумите предвидени со повикот.

Со овие две нови линии се зголемува бројката на 9 нови дестинации кои ги обезбеди Министерството за транспорт. Претходно се потпишаа договори за воведување на линиите:

Охрид – Истанбул
Охрид – Базел Мулхаус
Скопје – Дубаи
Скопје – Штутгарт
Скопје – Лион
Скопје – Барселона
и за истите се овозможува финансиска подршка по принципот на патник во доаѓање.

“Ова е уште една одлична вест за граѓаните, за авиосообраќајот и за државата. Ова е резултат на добрите политики што ги спроведуваме во делот на авиосообраќајот. Париз и Женева се две атрактивни дестинации за граѓаните. Верувам дека ќе поттикнеме и други авиокомпании да се јават на повикот, со некои и веќе преговараме и очекувам воведување и на други дестинации од домашните аеродорми. Имаме потенцијал, имаме капацитет и верувам дека повторно ќе ја зголемиме конкурентноста на аеродормите во регионот. Дополнително на граѓаните им овозможуваме нови дестинации, а на нашите од дијаспората олеснување во комунакцаијата со своите блиски овде во Македонија. Развојот на авиосообраќајот е дел од владините приоритети и еве се потврдуваат нашите напори и овој сегмент да го развивавме”- истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Continue Reading

Македонија

Ѓорѓиевски: Заедничка посветеност за стабилност и безбедност на граѓаните

Published

on

Денеска, на седницата на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за кризи, под раководство на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, се дискутираше за унапредување на кризниот менаџмент. На настанот присуствуваа високи претставници од Владата, ЦУК, Дирекцијата за заштита и спасување, како и национални институции.

Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, ја истакна потребата од заедничка работа меѓу централната и локалната власт за изградба на ефикасен систем за справување со кризи. Како клучни приоритети, тој ги посочи реформите во противпожарната заштита, подобрување на инфраструктурата и создавање финансиски одржливи механизми за заштита и спасување.

Со обезбедување ново противпожарно возило, простор за противпожарна станица и мултифункционален багер за расчистување на речните корита, општина Кисела Вода покажа проактивност, но Ѓорѓиевски потенцира дека е неопходна поголема поддршка од централната власт за надминување на системските предизвици.

“Превенцијата е клучниот елемент за справување со кризи. Само преку заедничка посветеност ќе обезбедиме стабилност и безбедност на нашите граѓани,” истакна Ѓорѓиевски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк