Connect with us

Македонија

Димовски: Наместо да се фокусираме на дебата за балансерот, да изградиме функционална држава

Published

on

Во телевизиската емисија „Само Вистина“ на Канал 5, Илија Димовски направи детална анализа на дебатата за балансерот, нагласувајќи истовремено и за значењето на решавањето на подзаборавените проблеми што ја нарушуваат функционалноста на државата.

“Нема потребно е да се поставуваат работите од аспект дека ако нема балансер, нема да има застапеност на албанците. Дилемата е, дали првиот критериум е квалитет, а вториот е етничка припадност или обратно.

Што е разликата? Ако е првиот критериум квалитет, тогаш во ситуација во која што албанец и македонец би имале ист квалитет, но албанците се помалку репрезентирани или македонците, да има предност едниот или другиот. Но ако се еднакво квалитетниот. Другиот модел на решавање на овие проблеми, во секој случај влегува македонецот, ако се помалку македонците или албанецот, без разлика каков квалитет носи со себе. И таа дебата е на квалитет која што никогаш нема да се расчисти. И секогаш кога  ќе се обидуваме да внесуваме бројки во оваа дебата,  влегуваме во броење на крвни зрнца што не треба да ни биде начин.  Втора работа, веќе навистина, не треба  да разговараме за вработување во државниот сектор и во јавниот сектор. Ние треба да отвориме дебата за намалување на државниот сектор и јавниот сектор.

Нас трошоците кои што ги правиме во буџетското  финансирање на државниот и јавниот сектор, на јавни претпријатија кои што се тотално нефункционални. Во Македонија има 7-8 пошти само една е нерентабилна, државната. А претпријатието за стопанисување со стамбени и делове и простор ни е во минус. Немаат никакви трошоци, освен да собираат кирија од станови и од продавници кои што ги има државата во сопственост.  Електростопанство е во ужасна ситуација, Македонски шуми, Македонијан пат исто така.

Треба да зборуваме за програмите, за луѓето кои се во тој сектор, да ги внесеме воприватниот сектор, да создаваме подобар производ,  да создаваме подобар квалитет.

Нас ни е измеслена дебата. Додека ние зборуваме со години за балансери, за етнички прашања, немаме железница во државата. Мојот град, Велес, пред 150 години, имаше интернационална  линија во железнички сообраќај. Денеска, после 150 години, нема. Зашто зборуваме? Џубрето не можеме да си го собереме од улиците. За што зборуваме? Сега ние решаваме некои тешки филозофија.”

Македонија

Оглас во Општина Битола за вработување на 18 лица

Published

on

Општина Битола, објави јавен оглас за работно ангажирање на 18 невработени лица со средно образование кои ќе вршат доставување на решенија и покани за данок на имот до граѓаните. Работното ангажирање ќе биде за период февруари/јуни и истите ќе добиваат надоместок по учинок, во износ од 17 денари за решение и 3 денари за покана.

Кандидатите треба да достават барање и копија од документ за идентификација (лична карта).

Заинтересираните кандидати да се јават во период од 5 работни дена од денот на објавување на огласот, заклучно со 24.01.2025 година.

Бараните документи можат да се достават во просториите на Општина Битола ул. ,,Булевар 1 Мај“ бр.61 на шалтер бр 1.

Потребната документација и деталите за повикот се објавени на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/јавен-оглас-за-работно-ангажирање-на-18/

Continue Reading

Македонија

Физички нападнат лекар во Клиничката болница Тетово

Published

on

На 19.01.2025 во 17.20 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Б.(28) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во Клиничка болница Тетово физички го нападнал лекарот Н.А.(47) од с.Џепчиште, тетовско. Б.Б. бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок. 

Continue Reading

Македонија

Коњановски го награди Иван Миовски за фаќањето на Светиот крст на Водици

Published

on

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со дел од учесниците во традиционалната манифестација по повод Водици, на која 15-годишниот Иван Миовски го фати Светиот крст.

Миовски, ученик во прва година во средното економско училиште „Јане Сандански“, раскажа за уникатното искуство на оваа свеченост што секоја година го обединува градот.

Коњановски му посака здравје, успех и радост, доделувајќи му парична награда од 20.000 денари и икона од Заштитникот на градот, Свети Нектариј Битолски.

„Овој настан е симбол на верата и традицијата што го поврзува нашиот народ. Со гордост го наградуваме младиот Иван, чиј дух и храброст се инспирација за сите нас,“ изјави градоначалникот Коњановски.

Манифестацијата фаќање на Светиот крст, која се одржа во Храмот „Свети Великомаченик Димитриј“, продолжува да биде значаен настан во Битола, негувајќи ја духовноста и заедништвото во градот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк