Connect with us

Македонија

Нови велосипедски патеки во Битола: Започнува изградбата

Published

on

Во должина од над 5 километри, започна изградбата на велосипедските патеки во Битола. Работните активности се одвиваат на ул. „Васко Карангелевски“, а вело патеката ќе биде на потегот од Педагошки факултет до кружниот тек кај Веро, во должина од 800 метри. За овој потег, одвоените средства од буџетот на општина Битола ќе бидат околу 72.000 евра. Вело патеки ќе има и од левата и десната страна на ул. „Партизанска“, во должина од над 4,5 километри. Вредноста на вело патеките од двете страни на ул. „Партизанска“ е околу 425.000 евра.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски и советникот Бојан Бојковски, денес извршија теренски увид во градежните активности на терен и се запознаа со динамиката на работа.

Изведувачот на терен, фирмата „Јоска Транс“ за реализација на велосипедските патеки има 120 работни дена, а вело патеките ќе бидат изградени на веќе постоечките тротоарни места.

По бројни долгогодишни барања на граѓаните за вело инфраструктура во Битола, општината одлучи со сопствени средства да го реализира овој проект, откако претходно во Советот не беше поддржан проектот за изградба велосипедски патеки, со средства од ЕУ, во рамките на проектот „Smart4You2“.

Македонија

Штип во мрак, наставата во училиштата прекината

Published

on

Прекината е редовната настава на втората смена во неколку училишта во Штип, поради проблеми со снабдувањето со струјата.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов за МИА вели дека поради тоа што има проблеми со снабдувањето на струјата во градот учениците и наставниците се ослободени од настава, бидејќи нема услови истата да се одржува. Јорданов вели дека станува збор за дефект на трафостаницата кај приградските населба Чардаклија.

На телефонскиот број на ЕВН информираат дека без напојување на електрична енергија е Штип и околните села, а екипите работат на терен.

Инаку, граѓаните реагираат на социјалните мрежа и велат дека во одредени реони во своите домови на неколку минути добиваат, па повторно имаат прекин на струјата. Ваквата состојба, како што велат, речиси е цел ден, воедно реагираат дека со ваквите прекини има ризик и да се расипат електричните апарати во домовите.

Извор: нетпрес.мк

Continue Reading

Македонија

Над 300 војници добија по 10.000 денари за гаснење на пожарите

Published

on

Денеска над 300 храбри припадници од армијата добија парична награда за нивниот неуморен труд и посветеност при справувањето со пожарите. Благодарност за секој од нив кој со својата храброст и професионализам придонесе во борбата со огнените стихии. Вашата храброст е наша гордост, објави на својот Фејсбук профил министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

И Независниот синдикат на одбраната информираше дека 320 војници кои беа на терен и ги гасеа пожарите кои летово ја зафатија Македонија, се наградени со по 10.000 денари.

Независниот синдикат исто така посочи дека по разговорите кои ги воделе со министерот Мисајловски, министерството ги исплатило заостанатите средства од потпишувањето на Колективниот договор, заклучно со јуни. Односно, зголемување по 15 отсто и 30 отсто за период од февруари-јуни, потоа, за посебен степен на образование, учество во комисии…

Continue Reading

Македонија

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

Published

on

Министерот за здравство, Арбен Таравари во одговор на новинарско прашање на настан во Гостивар посочи дека има сознанија оти функционери на ДУИ се повикуваат во надлежните обвинителства. Тој не спомена конкретни имиња.

– Верувам дека за кусо време ќе видите кои се тие. Не знам, не работам во полиција, ниту во обвинителства или судови. Ако ви треба таква информација, прашајте таму. Но, знам дека многу луѓе и често се движат таму, рече Таравари.

За прозивката во изјавите на лидерот на ДУИ испратени од Цирих деновиве, дека ВЛЕН ги урива достигнувањата на Албанците кои се постигнати изминативе 22 години, Таравари посочи дека ДУИ не се занимава ниту со јазикот, ниту со знамето, туку со заштитата на имотот и најави некои функционери ќе понесат одговорност за нивното работење кога биле на власт.

– Колку што имам информации, процедурите течат, некои функционери на ДУИ веќе се движат по канцелариите на истражните органите и обвинителствата, кога ќе го направат тоа ќе го направат надлежните државни органи, немам точни информации, но знам дека се движат низ тие канцеларии, рече Таравари.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк