Connect with us

Македонија

Минималната синдикална кошница за октомври изнесува 61.249 денари

Published

on

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец октомври 2024 година изнесува 61.249,00 денари, информираат од Сојузот на синдикати на Македонија. Со изнајмен стан од 60 м2 за октомври кошницата изнесува 76.624,00 денари.

Споредено со вредноста на синдикалната минимална кошница за септември 2024 година која изнесуваше 61.306,00 денари е намалена за 57,00 денари.

-Значајно е да се нагласи дека мерката на Владата за ограничување на висината на маржите даде дел од посакуваниот резултат, но, поради алчноста за профит кај трговците што Државата мора да го заузда, тие, кога разбраа за намерата на Владата за оваа мерка ги зголемија цените на сите производи, а ова го потврдуваме и со растот на вредноста на делот за храна и пијалоци во Синдикалната минимална кошница за повеќе од 717 денари за минатиот месец септември, а во истата во делот ка храна и пијалоци во месец октомври 2024 година која изнесува 22.069,00 денари споредено со месец септември 2024 година ( 23.034,00 денари) е намелана за 965,00 денари, велат од ССМ.

Според нив, ова потврдува дека цените треба уште да се намалуваат, а нивното зголемување нема никаква поврзаност со економската логика, ниту пак со здравиот разум, туку, како што велат, има поврзаност само со алчноста која е се поизразена во Македонија.

Од ССМ сметаат дека при креирањето на мерките Владата треба да го вклучи синдикатот за тие да бидат  подобри, имајќи предвид дека во последната мерка 47 категории на производи од 70, беа превземени од Синдикалната минимална кошница која ја подготвува ССМ, а за кои го имаат движењето на цените во секој месец од почетокот на годината. Од ССМ сметаат дека се потребни поголеми контроли и доколку е потребно и казни за несовесните трговци кои се богатат на грбот на работниците и граѓаните.

Македонија

БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас

Published

on

Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.

На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.

На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.

Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.

Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.

Continue Reading

Македонија

„Подобра канцеларија од кабина на воздухоплов нема“: Воените пилоти Панче и Дејан за професионалните предизвици и личното остварување

Published

on

Враќањето на двата воени хеликоптери М-8, кои беа на ремонт во Чешкиот ремонтен завод беше причина да го посетиме воздухопловниот ВИНГ и да поразговараме со нашите воени пилоти. Механџиски беше дел од екипата која ремонтираните воздухоплови ги врати во Македонија.

„Како да се стане пилот“ е најпребаруваната реченица на интернет ширум светот годинава, а професијата пилот најпосакувана.

Целиот текст на Курир.мк

Continue Reading

Македонија

НЕМА АПСОЛУТНА ГАРАНЦИЈА ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ Франција целосно ја поддржува Македонија и ќе ѝ помогне на патот кон Унијата

Published

on

Франција е подготвена да ја обезбеди сета своја помош за надминување на сегашните блокади. Сепак, ние не сме индиферентни за чувствителноста на темата, вели амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер.

Франција ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија и е подготвена да ја обезбеди сета своја помош за надминување на сегашните блокади. Преземените обврски мора да се почитуваат, вели амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер во интервју за МИА.

– Во рамки на својата Стратегија за Западен Балкан, за Франција, интеграцијата на регионот е приоритет. Затоа, Франција целосно го поддржува и ќе продолжи да го поддржува процесот што води до интеграција на Северна Македонија во Европската Унија. Во тој контекст, Франција е подготвена да ја обезбеди сета своја помош за надминување на сегашните блокади. Преземените обврски мора да се почитуваат. Сепак, ние не сме индиферентни за чувствителноста на темата – вели францускиот амбасадор Ле Роголер на прашањето постои ли можност за „француски предлог плус“, за уставни измени со одложено дејство до завршувањето на преговорите, за што се залага македонската Влада

Според францускиот амбасадор, нема апсолутна гаранција за членство во ЕУ, поради сложениот процес на интеграцијата и поради носењето на одлуките со консензус.

– Неопходно е да бидеме реални и да разбереме дека не може да постои апсолутна гаранција за исходот на процесот на интеграција, кој е по својата природа сложен, бидејќи бара согласност од сите држави членки. Сепак, Франција е подготвена да работи и да ја искористи својата моќ на убедување, за да го осигура текот на процесот на интеграција, во корист на Европската Унија и на целиот Југоисточен регион на Европа –  рече Ле Риголер.

Во очекување на новиот состав на ЕК и најавените реформи на ЕУ, тој вели дека нема механизам за одлучување без консензус.

– Европската унија и Европскиот совет секогаш биле многу креативни кога станува збор за наоѓање решение за надминување на ситуациите на блокада. Сепак, не постои формален механизам „27 минус 1“, и затоа тоа не може да биде институционализирано решение за моменталната блокада. Одлуките за проширување на Европската Унија се уредени со принципот на едногласност. Најдобрата гаранција за Северна Македонија е без сомнение да продолжи да работи посветено на своите реформи, со цел да ја зајакне својата кандидатура, чиј квалитет ќе биде препознаен од Европската комисија и државите членки – вели новиот француски амбасадор во Македонија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк