Connect with us

Македонија

Велјановски: Почит за основачите на МРО и нивната вековна борба за независна македонска држава

Published

on

Пратеникот Александар Велјановски го одбележа државниот празник – Денот на македонската револуционерна борба во Тетово. Денеска, делегација на ВМРО-ДПМНЕ ОК Тетово и Општина Тетово положија свежо цвеќе во чест на основачите на Македонската револуционерна организација (МРО) и долгогодишната борба на македонскиот народ за независност. Со овој чин се изразува почит кон историјата и стремежот за слободна и независна држава. Нека е честит празникот на сите!

Македонија

ЗАПОЧНА ПОЛИТИЧКАТА АКАДЕМИЈА НА УМС НА ВМРО ДПМНЕ-БИТОЛА

Published

on

Примарна цел на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола е вложување во младите и нивно поттикнување за развивање на многу полиња. Ни рекоа од битолската Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ, пред почетокот на политичката академија која започна и ќе треа до 24 ноември оваа година.

Надежта е сон на будните“ беше насловот на првиот модул. Оттука и прашањето до првиот човек на Унијата, Попов дали има уште заспани или ги разбудиле?

„Апсолутно ги разбудивме, се чувствува насекаде во македонското општество во првите 100 дена, а особено помеѓу младите луѓе, дека ништо не е исто како до сега и дека не биле сите исти. Затоа што во првите 100 дена од новата Влада предводена од Христијан Мицкоски се решија повеќе проблеми и прашања за младите луѓе од ова што овие претходно го направија за седум години. Тука ќе ги спомнам младите лекари, ќе ги спомнам студентите, тука ќе ги споменам и двете мерки кои што на претходната годишна конференција пред една недела премиерот најави две нови мерки за младите, каде што се предвидуваат со наредниот буџет од наредната година 250 евра субвенција од државата за купување на електронски уред за сите студенти во државата, потоа отворање на фондот од 10 милиони евра со буџетот за наредната година за поддршка на бизниси за млади лица до 29 години во вредност до 30.000 евра. Туку спомнувам најава од 18,5 милиони евра кои што следната година ќе бидат инвестирани во реконструкција на студентските домови, тука спомнувам вработување на 600 млади лекари кои што инаку ќе ни заминеа и ред други мерки“ рече Сергеј Попов, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ.

Рекоа дека оваа политичка академијата е отворена за сите млади, не само за оние кои се членови или симпатизери на нивната партија.

„Повикот се уште на некој начин нас ни трае, иако официјално ние првиот модул го отпочнуваме, така што слободно доколку некој е заинтересиран, ние буквално не одредуваме политичка определба или нешто таква работа, секој е добредојде, повикот е јавен, така е и посочен како јавен повик, така што секој млад човек до 29 години што се гледа во овие води, во политиката, е добредојден, нашата врата е секогаш отворена“ рече Мартин Ивановски, претседател на УМС на ВМРО ДПМНЕ Битола.

Неговиот пат во политиката тргна од унијата. Беше и советник, а сега и пратеник. Милевски вели дека важно е младите да бидат дел од процесите.

„И да се обратам до сите млади. Многу е важно, ако не и најважно во животот да се биде дел од процесите кои што го управуваат животот, ако не и да се водат тие процеси. Токму затоа ги покануваме, ги поттикнуваме, ги замолуваме сите млади луѓе на иницијатива на Мартин како претседател на Унијата на млади сили, но и поддржани од Сергеј, од севкупните политичари во градот кои што делуваме заедно, ги покануваме уште еднаш, ги замолуваме да се приклучат на процесите и да бидат дел од општествените промени кои што треба да се случат или се случуваат, да бидат дел од оваа политичка академија во која што од прва рака ќе можат да слушнат одредени искуства, политички знаења од самите членови на извршната власт и многу непосредно да разговараат со нив. Токму затоа уште еднаш, повелете сите млади од Битола и битослко бидете дел од оваа политичка академија“ порача пратеникот Пеце Милевски, кој е и претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола.

Битола како град прави се во надлежностите кои што ги има општината да ги задржи младите, да ги врати оние кои се исселиле и да направи услови тие да останат овде, рече градоначалникот на Битола кој беше на стартот на оваа политичка академија.

„Тие се оние кои што треба да не наследат, тие се оние кои што треба да го продолжат патот. Ние сме тука кои треба да застаниме зад нив и да дадеме целосна поддршка на нив, меѓутоа тие се оние кои што за неколку години ќе ја водат оваа држава“ рече Тони Коњановски, градоначалникот на Битола.

Го прашавме дали го има одговор зошто базенот не е готов, а тој е за младите.

„Се што се нафатило ВМРО ДПМНЕ ќе го реализира. Па така и овој проект да го наречам или она што ни го оставија ќе го завршиме секако“ ни одговори Коњановски.

И Попов кој и пратеник во Собранието вети дека ќе лобира базенот да се заврши.

На првиот модул синоќа предавачи беа историчарите Александар Јаневски и Горан Талевски.

Continue Reading

Македонија

Божиновска: Жртвата и визијата на хероите остануваат нашиот патоказ за подобра иднина

Published

on

Министерка за енергетика, Сања Божиновска, денеска упати искрена честитка по повод 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

„Денес оддаваме почит на македонските револуционери, кои ја втемелија борбата за слобода и независност. Нивната жртва и визија остануваат нашиот патоказ за подобра иднина“, изјави Божиновска.

Таа ја истакна важноста на сеќавањето на овие херои и нивната улога во создавањето на современа и независна Македонија. „Честит 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба!“ – заврши таа со посветеност кон наследството на револуционерите.

Continue Reading

Македонија

Коњановски: Сплотени и единствени, со искрена љубов кон татковината ја продолжуваме борбата

Published

on

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски изрази искрени честитки по повод 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Во својата изјава, тој нагласи: „Нека ни е честит 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, во спомен на македонските револуционери за слободна, модерна и перспективна Македонија.“

Коњановски повика на единство и сплотеност, истакнувајќи: „Сплотени и единствени, со искрена љубов кон татковината ја продолжуваме борбата.“ Неговата порака ја потврдува посветеноста кон вредностите на слободата и напредокот на Македонија, со надеж за иднина полна со можности.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк