Connect with us

Македонија

ЕВН Информира: Дел од Тетово и тетовско ќе биде без струја (четврток 24.10.2024)

Published

on

Екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ ќе спроведуваат реконструкција и модернизација на дистрибутивната мрежа на локациите наведени во приложениот документ. Ве информираме дека, поради реализацијата на инвестиционите активности за подобрување на квалитетот на снабдувањето со електрична енергија, дел од населените места кои припаѓаат на Корисничките Енерго Центри (КЕЦ) наведени во листата, ќе останат без електрична енергија

Објекти на Болница Тетово, објекти кои се наоѓаат на ул.29Ноември, Јане Сандански и Д.Г Кара во близина на Болница Тетово прекин од 09:30 до 14:00 часот

ВРАТНИЦА: манастир Константин и Елена во Честодубље прекин од 09:00 до 14:00 часот

Македонија

Службените возила ќе добијат унифицирани таблици и GPS уреди

Published

on

Директорот на службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски, на социјалната мрежа Фејсбук најави дека доаѓа крај на злоупотребата на службените возила. Тој посочи дека истите ќе добијат унифицирани регистарски таблици и GPS уреди.

„СОЗР ја подобрува контролата на службените возила преку прецизен регистар кој гарантира ефикасна распределба и употреба на државните ресурси.Службените возила ќе имаат унифицирани регистарски таблици и GPS уреди со што ќе може да вршиме постојана контрола на користење на возилата со цел минато да стане нивната злоупотреба“, напиша Томовски.

Continue Reading

Македонија

Непознати лица синоќа го оштетиле шестоседот на Попова Шапка

Published

on

Непознати лица ја оштетиле жичарницата на Попова Шапка, пишува Алсат-М. 

Првиот човек на општина Тетово Билал Касами вели дека тоа е направено тенденциозно, со цел туристичката сезона да започне со проблеми, најавувајќи одговорност за сторителите.

„Имаме информации дека некој таму работи и прави субверзија за да спречи почеток на туристичката сезона или пропаѓање на сезоната. Имаме информации и брзо ќе се постапи по нив“, рече Билал Касами, градоначалник на општина Тетово.

Касами рече дека поранешниот директор на Попова Шапка, кадар од ДУИ, го оставил ова туристичко место без работници, поради наводна приватизација, формирајќи друга компанија. Касами рече дека локалната самоуправа ги презела сите мерки за добра туристичка сезона.

„Како локална самоуправа извршивме повеќе активности како асфалтирање на патот до викенд куќите, пробивање на нов пат во кружниот тек кој се надеваме дека ќе биде во функција оваа сезона и изработка на урбанистички план што оваа сезона ќе биде во јавна расправа за донесување на новите инвеститори, автобуската линија во зимската сезона и со сите овие наши заложби што ги преземаме за Попова Шапка во служба на туристите“, додаде Билал Касами, градоначалник на општина Тетово.

Директорите на угостителските капацитети на Попова Шапка се во паника. Велат дека направиле инвестиции и подготовки за туристичката сезона, а состојбата и понатаму е алармантна.

„Ситуацијата овде во моментов е алармантна. Ништо не е преземено ниту во инфраструктура, ниту во одржувањето на ски-лифтовите, ниту пак подготовките што треба да се направат. Лани имавме недостиг од снег, а годинава најавуваат дека ќе врне многу снег и загрижени сме што сме инвестирале и редовно инвестираме, но Владата ни кажа дека ќе направи големи работи но ниту инвестиции ниту нов директор има, тоа мора многу брзо да се реши затоа што и тогаш немаме време да направиме нешто, но мораме да направиме нешто заедно, да се санираат ски-лифтовите кои се веќе застарени“, нагласи Хашим Муртезани- сопственик на хотел.

Инфраструктурата на Попова Шапка со посебен акцент на главната точка каде што е и хотелот од каде што тргнуваат скијачите, и понатаму е во катастрофална состојба. Проблем е и фекалната канализација која завршува на патот, честопати оневозможувајќи влегување со автомобил до паркингот.

Continue Reading

Македонија

Пазарен инспекторат: Трговците со единицата мерка правеле манипулации

Published

on

Една недела пред истекот на Есенската потрошувачка кошничка со која Владата се обиде да го спречи дивеењето на цените и ја ограничени профитната  маржа  за основните прехранбени производи, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, останува на ставот дека државните институции немаат капацитет да го следат спроведувањето на  мерката.

Во интервју за Гласот на Америка, на прашањето зошто е против замрзнување на тргоските маржи, вели дека станува збор за сложена методологија на која институциите и кадарот не можат да одговорат.

-НЕ СЕ ИНСТИТУЦИИТЕ СО СООДВЕТНО НИВО НА КВАЛИТЕТ. КОГА ЌЕ БИДАТ,  МОЖЕМЕ ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА ВАКВО НЕШТО, ЗАТОА ШТО АКО НЕМАТЕ СООДВЕТНО НИВО НА КВАЛИТЕТ ТОГАШ МЕРКАТА РАЗЛИЧНО ЌЕ БИДЕ ТРЕТИРАНА ОД РАЗЛИЧНИ ИНСПЕКТОРИ ПРИ КОНТРОЛИТЕ, ТОА МОЖЕ ДА НАПРАВИ ДОПОЛНИТЕЛНИ КОМПЛИКАЦИИ. ЈАС СУМ ЗА ПОЕДНОСТАВНИ МЕТОДОЛОГИИ, МОЖЕ НЕКОЈ ТИП НА ПОПУСТ, НА ОДРЕДЕНИ ПРИЗВОДИ ДА СЕ ДАДЕ ПОПУСТ, ТОА Е ПОЕДНОСТАВНА МЕТОДОЛОГИЈА, ВЕЛИ МИНИСТЕРКАТА ЗА ФИНАНСИИ ГОРДАНА ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА.

Според извештајот на ДПИ, биле изречени 30 прекршочни платни налози во вредност од над 4 милиони денари, при што биле казнети маркети во Скопје, Битола, Струмица, Валандово, Охрид, Куманово, Гостивар, Струга. Казните предизвикаа револт,  па дури и најави за тужби, а директорот Горан Трајковски, рече дека   нема да го поколебаат притисоците од некои  производители кои одат со профитни маржи дури од  70 проценти, и повторно кажа за  манипулациите на трговците со единиците мерки на производите.

– ТОЧНО Е ТОА ДЕКА СО ЗАКОН ВО МАКЕДОНИЈА Е ДОЗВОЛЕНО ПАКУВАЊЕ ОД 1КГ И ОД 1Л НА ЈОГУРТОТ, НО ОПШТО ПОЗНАТ ФАКТ Е ДЕКА 1КГ Е ПОМАЛКУ ОД 1Л И ИЗНЕСУВА 950 ДО 980МЛ. ОНА ШТО Е ЗАБЕЛЕЖАНО НА ТЕРЕН  Е ДЕКА НА РАФТ КАЈ ТРГОВЦИТЕ НА МАЛО  ИНСПЕКТОРИТЕ НАОЃААТ ПРОИЗВОД ОД 1КГ ЈОГУРТ, А НА ЕТИКЕТАТА ЗА ОЗНАЧУВАЊЕ ЦЕНИ СТОИ ДЕКА Е 1Л. СО ОВА СЕ ДОВЕДУВААТ ВО ЗАБЛУДА ПОТРОШУВАЧИТЕ, А НИЕ КАКО ИНСТИТУЦИЈА ТОА НЕМА ДА ГО ДОЗВОЛИМЕ“, НАВЕДУВА  ГОРАН ТРАЈКОВСКИ, ДИРЕКТОР НА ДПИ.

Владината мерка за ограничување на бруто профитната маржа  на дел од основните прехранбени производи до 10 проценти, завршува на  крајот на месецот, по што трговците ќе можат слободно да ги формираат цените.

Извор: Телма

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк