Connect with us

Македонија

Мицкоски иницира проект кој треба да се преточи во стратегија на државата до 2050 година

Published

on

Владата, како што рече премиерот, ќе се обиде да го договори овој проект со Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и со универзитетската заедница и да го преточи во стратегија до 2050 година во која ќе се дефинираат националните приоритети

„Мора да се обединиме и да поставиме долгорочни цели за разввој на државата, а потоа ќе побарам широк партиски консензус за прифаќање на таа стратегија. Таков консензус, за жал, ни недостасува сиве овие години“, порача Микцоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, во своето обраќање од свечената академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, ја најави иницијативата за нов, како што рече, сериозен проект, кој ќе биде преточен во стратегија на државата до 2050 година, во која ќе се дефинираат националните приоритети.

Владата, како што рече Мицкоски, ќе се обиде да го договори овој проект со Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и со универзитетската заедница. 

„Од денот кога почнав да се занимавам со политика тврдам дена на ова наше македонско прашање му е потребна енергија и сметам дека денес дојде денот да отпочнеме еден сериозен, нов проект. Една сеофпатна стратегија која ќе ја дефинира новата парадигма на современата држава. Мора да ги користиме знаењата на сите кои можат да помогнат. Мора да се обединиме и да поставиме долгорочни цели за разввој на државата, а потоа ќе побарам широк партиски консензус за прифаќање на таа стратегија. Таков консензус, за жал, ни недостасува сиве овие години“,изјави Мицкоски во своето обраќање.

На граѓаните, оцени премиерот, им е преку глава од водење држава ден за ден, потребна им е долгорочна стратегија чии главни точки и цели нема да зависат од лакомоста на политичарите ниту од нивното незнаење.

„Научните умови беа маргинализирани и насочени само кон своите проекти и научни цели, но овојпат мора да се вклучат и да помогнат во развојот и поставувањето на целите и приоритетите. Потекнувам од универзитетскта заедница и знам што значи титулата која ја имаат сите оние кои ги повикувам да се вклучат во овој проект. Од нив може многу да научиме, тие се духот на нашата земја и дел од нашиот идентитет. Секоја академија на науки од соседството соработува со својата држава и придонесува кон градењето стратегии за државата. Нашата мора да го добие заслуженото место на почит, но и на одговорност“,порача Мицкоски.

Подобра иднина за државата, додаде премиерот, зависи исклучиво од нас и од никој друг.

„Мора да се свртиме кон себе, да се цениме повеќе, да веруваме во себе, да не дозволиме апатијата да не проголта и да не водат алузии дека сите не престигнале и дека нас не не бива. Не е точно. Одамна ќе бевме во ЕУ да не беа билатералните проблеми. Да се потсетиме, билатералните проблеми постоеја на денот на осамостојувањето и траат до денес како дел од нивната стратешка политика базирано на нивното гледање на истпријата и нивните интереси до ден денес“,посочи Мицкоски.

Македонија

Убави вести од Водовод Тетово

Published

on

Јавното претпријатие за водоснабдување и канализација информира дека дефектот во системот за водоснабдување во Лешница е успешно саниран.

“По интензивна работа и непрекинати напори неколку дена по ред, успеавме да го обезбедиме целосното нормализирање на водоснабдувањето. Од денес, водата што ја обезбедуваме преку нашиот систем е целосно безбедна и погодна за пиење. Овој процес бараше максимална посветеност од нашите екипи, кои работеа 24/7 за да го отстранат дефектот и да обезбедат водата да ги исполнува сите стандарди за квалитет и безбедност за пиење.

Им благодариме на граѓаните за разбирањето и трпението што го покажаа за време на овој предизвикувачки период. Тоа нè мотивира уште повеќе да ја исполниме нашата одговорност кон заедницата и да продолжиме со нашите напори за обезбедување стабилно и сигурно водоснабдување.

Како претпријатие, нашата главна цел останува да обезбедиме квалитетна и подобрена услуга за секој жител на нашиот град. Посветени сме на непрекината работа за да ви овозможиме континуирано водоснабдување со безбедна вода за пиење, следејќи ги највисоките стандарди за хигиена и безбедност.

Се извинуваме за сите непријатности и тешкотии што можеби настанале во текот на овој период и ве уверуваме дека нашата посветеност за континуирано подобрување на услугите ќе продолжи.

За какви било прашања или дополнителни информации, можете да контактирате со нашите канцеларии или да нè следите на официјалните платформи за да добиете најнови информации”.

Continue Reading

Македонија

Кај село Табановце запрено возило полно со мигранти, возачот побегнал

Published

on

МВР информира дека синоќа околу 20.30 часот на автопат „Пријателство” во близина на с. Табановце од страна на Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, запрено е патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистерски ознаки, сопственост на Ј.Р. од с. Студеничани, во кое се превезувале мигранти.

Возачот се дал во бегство, а во возилото се пронајдени девет лица – мигранти, од кои четири малолетни.

Шестмина од мигрантите се од Сирија, и по еден од Иран, Ирак и Палестина.

Тие се пренесени во Транзитен центар-Табановце, а се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

Published

on

По завршување на 30 Конгрес на СДСМ, во изјава за медиумите претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче информираше за донесените одлуки а ја потенцираше и одличната енергија и ентузијазмот за време на одржување на Конгресот.

По завршување на 30 Конгрес на СДСМ, во изјава за медиумите претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче информираше за донесените одлуки а ја потенцираше и одличната енергија и ентузијазмот за време на одржување на Конгресот.

-Денеска се одржаа два конгреси на СДСМ 29-от оној кој прекина претходниот пат и новиот 30-ти конгрес. На овој конгрес присуствуваат новоизбраните делегати и можам со навистина големо задоволство да констатирам дека имаше одлична енергија, нова сила и ентузијазам кој беше многу видлив кај сите присутни. На овој конгрес беше избрана нова заменик претседателка на СДСМ тоа е Фани Каранфилова Пановска на која ја користам и ова прилика да и упатам искрени честитки. Таа е човек кој се познавам долго време, знам дека цврсто верува и во себе ги носи социјалдемократските вредности. Учествувала во работата на многу граѓански организации и соработувала со други правни субјекти коишто ги делат вредностите така како што се поставени во постулатите на нашата партија. Истовремено беа избрани и нови членови на Централниот и Надзорниот одбор. Тоа беше процес на селекција на луѓе во изминатите 5 месеци од практично мојот мандат за претседател на партијата. Изберавме луѓе коишто се почитувани во општинските организации, имавме соодветни критериуми по кои беа избрани и на нив им посакувам успешна работа. Сметам дека ќе бидат одлични претставници во својот регион, на општинските организации, рече Филипче.

Претседателот Филипче најави дека во текот на наредната недела ќе биде комплетиран изборот и на останатите раководни органи и тела на СДСМ.

-Првиот состанок на новиот состав на Централниот одбор ќе се одржи во текот на оваа недела и тука ќе бидат избрани членовите на новиот Извршен одбор, Потпретседателите и секретарите на партијата со што во текот на оваа недела се заокружува целокупниот процес на поставување на ново партиско раководство, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк