Connect with us

Македонија

Костадинов: Струмица излегува од ЗЕЛС

Published

on

Градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов најави дека денеска ќе испрати допис до Заедницата на локалните самоуправи (ЗЕЛС) дека Општина Струмица излегува од ЗЕЛС.

„Со огромна грижа кон народот на моја Струмица, утре ќе спремам и официјален допис, ЗЕЛС не ја заслужува партиципацијата на Струмица. Го напуштаме ЗЕЛС, со целата одговорност, обиди за соработка, партнерски однос, доволно е“, напиша на социјалните мрежи Костадинов.

На оваа одлука претходеше објава во која струмичкиот градоначалник остро ја осуди одлуката на надлежните инстотуции да биде продолжена забраната за користење на водата за пиење во општината.

„Одговорно тврдам, а потврда за тоа ќе бидат резултатите кои ќе бидат објавени, дека водата е исправна и хемиско физичкиот состав и микробиолошки“, посочи Костадинов и додава дека „некој скапо ќе плати некој за оваа фашистичка операција врз Струмица и струмичани“.

Тој исто така најави дека „наскоро ќе се дознае вистината и за водата, но и за сите притисоци, врз инспектори, врз вработени во ИЈЗ само да не се кажуваат јавно резултатите оти истите не се во прилог на политиката на Цветан Трипуновски“.

„Ова е еден од најголемите скандали во Европа за повреда на човековите права, за уставните права и слободи. За мојата Струмица, компромиси немало, нема и нема да има! Нека ви е со среќа“, пишува во објавата на градоначалникот на Струмица Костади Костадинов во која најавува дека општината ја напушта ЗЕЛС.

Македонија

Прилеп се соочува со сериозни проблеми со коцкањето – Отворено одделение за третирање на овој порок

Published

on

Коцкањето полека, но сигурно станува порок кој му се доближува на алкохолизмот и конзумирањето на дрога. Прилеп е еден од градовите каде тоа убедливо води. Прилепчани на шега велат дека секој втор поголем дуќан во центарот на градот e или казино или спортска обложувалница, а секој помал дуќан до него е фирма за брзи кредити кои им помаат во бизнисот на претходниве. Токму затоа во состав на друштвото за лекувани алкохоличари се отвори и одделение за лечење на оваа зависност кој го псоетуваат во моментов 10-тина лица. 

– „Меѓу главните причини за коцкање е причината да се донимира. Бидејќи на тој начин тие сметаат дека се слободни да трошат средства во оној опсег во кој што не се моќни да ги вратат и таа нивна моќ постепено се претвора во зависност затоа што кога ќе започнат да губат тие мислат дека со понатамошно играње ќе ги повратат средствата“, рече Јован Велески, специјалист по медицинска психологија, раководител на клубот за лекувани алколичари и зависници од коцкање. 

Иако коцкањето на меѓународно ниво се води како болест за жал тоа кај нас не е регистрирано како такво.

– „Ако има потреба од психијатриска или медицинска потреба ние ги упатуваме таму, а ако се за присохолошка помош гледаме кој дел од нивната личност е стабилен, кои се нивните способности, секако правиме психодијагностика преку тестови за да може да ги усмериме како понатаму тие да си го нормализираат животот, а истовремено да ги анулираат загубите кои ги направиле со непресметливото коцкање“, додаде Велески.

Граѓаните и младите и постарите признаваат дека оваа зависност е се поголема кај нас и дека потребни се вакви советлувалишта и програми.

– „Знам од лични примери, мои другари кои се коцкаат на апарати или ставаат на спортска, за мене тоа е исто, носат само лоши работи. Кај нас се дозвлолуваат во овие објекти и млади под 18 години да се коцкааат на апарати и да поднесуваат ливчиња, нема  контрола. И кај нас е најтешко да си признаеш дека си зависник од коцкање и дека треба да одиш на такви советувалишта или лечења“, вели еден млад прилепчанец.

– „Немаштијата ги тера, луѓето изнајдуваат милион начини да дојдат до пари. Еден од тиа начини е и коцкањето. Да се стекнат пари експресно, најбрзо што можи“, рече еден граѓанин.

– „Причина е лесно заработување на пари, без работа пари, ама тоа не оди така. Потребно е или да се стопираат овие работи, да се забрани и онлај коцкање или да им се стават големи даноци“, вели друг граѓанин.

Без итна и поголема државна стратегија и кампања против овој порок истиот ќе добива на се поголем замав кај граѓаните.

Извор: Сител

Continue Reading

Македонија

Колективна оставка на Комисијата за помилување

Published

on

Професорот Гордан Калајџиев на својот фејсбук профил информираше дека членови на комисијата за помилување поднеле колективна оставка

Почитувани,

Со ова ја известуваме јавноста за нашата колективна оставка од позициите членови на комисијата за помилување.

Оваа одлука ја донесовме во согласност со нашите лични и професионални принципи.

Со почит,

Проф.др Методија Каневчев, Проф.др. Гордан Калајџиев, Проф.др. Арлинда Кадри Шахиновиќ,

Др. Зора Митиќ,

М-р Ана Ѓорѓиева Ивановска

Ајтен Шаќири

26.10.2024 година

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Фокусиран сум да не бидат зголемени платите на функционерите, да растат платите на вработените

Published

on

Подобро е да има намалување на цените, отколку зголемување – ова е реакцијата на премиерот Мицкоски за мерката „есенска потрошувачка кошничка“ за ограничени маржи на производите којашто истекува на крајот на месецов. Тој вели дека намалувањето на трошоците по семејство од 900 денари кое го објави министерот за економија Бесар Дурмиши не е доволно, но дека како Влада ќе се трудат заштедите за секое домаќинство да достигнат и до две илјади денари. Според него, ефектите се поголеми, ако се земат в предвид зголемувањето на платите и падот на инфлацијата.

– Математички ако гледаме е повеќе од нула, а е подобро да е намалено, отколку да е зголемено, како што беше случајот до пред неколку месеци. Замислете што се случува во овие четири месеци од оваа Влада. Платите повторно растат со истата динамика, како што растеа и претходно со таа разлика што сега Народната банка двапати ја намалува референтната каматна стапка, а инфлацијата се движи на ниво меѓу 2 и 2,5 проценти, нешто што беше мисловна именка за претходната Влада, бидејќи бевме рекордери во инфлација во Европа, имавме инфлација над 20 проценти, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека Владата е фокусирана на тоа да ги зголемува платите во администрацијата, а да ги ограничи примањата на функционерите. Посочи дека за мерката да не растат платите на функционерите ќе разговараат во рамки на Владата, а еден од начините бил да се намалат коефициентите за пресметка.

-Ние со ова замрзнување го намалуваме тој процент од година во година, за да дојдеме до процент еднаков на нула, рече Мицкоски.

Мицкоски потсети дека во изминатите четири месеци се зголемени пензиите. Примањата на пензионерите веќе се покачија за 2.500 денари, а ќе добијат и дополнителни 2.500 денари месечно почнувајќи од март следната година.  Зголемени примања имаат и наставниците, а можат да очекуваат и вработените во здравството.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк