Connect with us

Македонија

Директна авиолинија Скопје-Букурешт, тема на разговор меѓу Николоски и Аксинте

Published

on

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте денеска на средба, меѓу останатото, разговарале за можностите за воспоставување директна авиолинија Скопје-Букурешт како и поврзување со аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид.

На средбата на Николоски и Аксинте за актуелните политички и економски односи меѓу двете земји, акцент бил ставен на економската соработка и инвестициите. -Министерот Николоски ја запозна амбасадорката со владината агенда во делот на реализација на капиталните проекти, потенцирајќи ги инфраструктурните проекти. Исто така тој додаде дека Владата е посебно фокусирана на квалитетно и брзо поврзување со земјите од Централна Европа. На средбата се разговараше и за воспоставување на директна авиолинија Скопје-Букурешт како и поврзување со аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, информира Министерството за транспорт и врски. Истакнато е и прашањето за процесот на реформи што се спроведуваат како дел од интегративниот пат на земјата во Европската Унија, при што министерот Николоски потенцирал дека Владата е максимално посветена за обезбедување на забрзан економски развој и унапредување на владеење на правото и борбата против корупцијата. На средбата се потврдија добрите билатерални односи меѓу двете земји при што двајцата соговорници ја нагласија потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји, велат од Министерството за транспорт.

Македонија

Наскоро исплата: Дознајте кога ќе легнат парите од октомвриската пензија

Published

on

Како што е законски, исплатата на октомвриската пензија ќе биде направена на 1 ноември во петок.

И овој месец пензионерите ќе се офајдат со покачувањето од 2.500 денари, а следното покачување веќе ќе може да го очекуваат по пет месеци, односно во март.

Continue Reading

Македонија

ЈА ВРАБОТИЛЕ НА БАРАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ СЕЈДИНИ Членка на Комисијата за помилување на платен список во ФФМ

Published

on

Според информации што ги пренесува НетПрес, Кадри Шахиновиќ била вклучена во ФФМ со наводна препорака од претседателот Муамед Сејдини.

Арлинда Кадри Шахиновиќ, членка на Комисијата за помилување, која е вмешана во скандал што ја потресе јавноста последните неколку дена, имала ангажман и во Фудбалската федерација на Македонија.

Според информации што ги пренесува НетПрес, Кадри Шахиновиќ била вклучена во ФФМ со наводна препорака од претседателот Муамед Сејдини. Засега непотврдени извори наведуваат дека нејзиниот месечен хонорар изнесувал 30.000 денари.

Continue Reading

Македонија

Патрониот празник на ОУ “Стив Наумов“ од Битола под мотото “Моето училиште, Мојот град, Моето се“

Published

on

Вечерва пред преполната сала на Центарот за култура Битола традиционално се одржа прославата на патрониот празник на ОУ “Стив Наумов“ од Битола под мотото “Моето училиште, Мојот град, Моето се“.

Повеќе од двесте и седумдесет ученици продефилираа низ сцената за да ги покажат своите балетски, драмски и музички точки. Во еден набој на силна енергија, детска искреност и ентузијазам, учениците покажаа како се сака своето училиште и колку им се важни ваквите настани.

Со пригодно обраќање се претставија, најпрво директорот на училиштето Никола
Пискачев, кој истакна:

-Ако се сеќавате мотото на ланската приредба беше “Сакаме спортска сала!“, е па драги пријатели, денес тоа е реалност, нашето училиште го доби проектот за енергетска фасада и за спортска сала, и тука не застануваме. Докажавме дека упорната работа се исплати, а тоа го правиме за сите наши ученици кои се иднината на Република Македонија, тие се нашата иднина!“.

По неговото обраќање на сцената гостите имаа можност да го слушнат и говорот на внукот на Стив Наумов, господинот Стефан Бошков, претседател на Општинската организација на Сојузот на борците на Македонија, кој ја истакна големата улога на училиштето во чувањето на споменот на херојот Стив, но и афирмацијата со добрата работа која ова училиште ја потврдува секоја година и соработката која прерасна во пријателство.  Беше истакнато дека училиштето со гордост го носи името на Стив Наумов.

На крај се обрати и доктор Тони Коњановски, градоначалникот на општина Битола, истакнувајќи дека ваквите прослави се посебно значајни за општината, а мотото на овај патронат е вистински погодок затоа што и треба да биде едно, училиштето, градот, заедницата, само така ќе има успех за сите.

Коњановски со пофални зборови ја почасти целокупната организација на прославата и им честита на сите учесници за исклучителниот влог и прославувањето на денот на нашиот најголем херој Стив Наумов.

Прославата беше последна во редот на настаните кои преку цела недела го одбележаа патрониот празник, а меѓу нив имаше ревијални спортски натпревари, крводарителска акција, работилница за креативно пишување, доделување на литературни и ликовни награди од општинскиот конкурс.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк