Connect with us

Македонија

Почна фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во Штип

Published

on

Со кревање на фестивалското знаме и официјално почна 39.издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“. Знамето го крена пејачот Таско, кој со Малена лани ја испееја песната „Сафир“, а која според радиодифузерите е најслушана песна во текот на годината. Уметничкиот директор на „Макфест“, Роберт Саздов на денешната прес-конференција рече дека вечерва на сцената ќе се слушнат 14 нови песни. Посочи дека изведувачите на оваа вечер не се сите дебитанти.

-Дел настапиле на „Макфест“ и на други фестивали имаат некоја кариера. Меѓутоа сметаме дека не се доволно афирмирани, иако пред нив веројатно престои голема кариера, како обично бива поголем дел од нив ќе имаат кариера од неколку децении, а некои од нив за можеби за неколку години ќе фатат друг правец и веќе нема да се занимаваат со естрада. Меѓутоа наша искрена желба е сите што учествуваат на „Макфест“ оваа и секоја следна година да имаат голем допринос на македонската музичка сцена, вели Саздов.

Александар Арсовски продуцент од Општина Штип вели дека за реализација на „Макфест“ се работи цела година и се е завршено за да вечерва ја имаме и првата фестивалска вечер.

-Оваа година знаете дека изведувачите ќе бидат придружувани со оркестар во живо. Така да дефинитивно публиката ќе може да ужива во овогодинешниот „Макфест“, вели Арсовски.

Јован Јованов член на уметничкиот тим на „Макфест“ рече дека најдобрите пет песни од оваа вечер ќе настапат и утревечер.

-Денеска ќе имаат можност да направат уште една генерална проба, за да бидат повеќе спремни за вечер, да немаат трема, да се опуштени, насмеани на сцена и да дадат се од себе, изјави Јованов.

На денешната прес-конференција беше предложено наредната година да има две награди, едната за најслушана песна на радио станиците, а втората за најслушана песна на интернет.

Вечерва во ревијалното шоу ќе настапат Адријана Таневска и Ѓоко Таневски. Водители на двете фестивалски вечери се Маријана Станојковска и Димитар Атанасовски, а директен преност ќе има на МТВ со почеток во 20.15 часот.

Македонија

ИЗЕТ МЕЏИТИ: НЕМА ПОТРЕБА ОД ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

Published

on

На своето телевизиско гостување на ТВ24 Вицепремиерот и еден од лидерите на ВЛЕН ја отфрли можноста за одржување на предвремени парламентарни избори заедно со локални избори.
„Мислам дека нема потреба. Ова мнозинство и Влада е поддржана од 78 пратеници и нешто повеќе.“ е ставот на Изет Меџити.
Во оваа прилика вицепремиерот истакна дека ВЛЕН нема проблем со ЗНАМ во Владата, а доколку од ЗНАМ да се произнесат доколку сакаат друг партнер т.е. ДУИ. Во Владата има демократски капацитет и постојано се водат разговори за изнаоѓање решенија во интерес на граѓаните.

Continue Reading

Македонија

Новиот закон за судскиот совет до 2025: Поддршка од Европската комисија за реформската агенда во правосудството

Published

on

Со рок до јуни 2025 година, новиот закон за судскиот совет е клучен елемент во реформската агенда на Северна Македонија, со цел зајакнување на независноста на судските органи наместо нивно распуштање. Европската комисија го поддржа овој реформски чекор, истакнувајќи ја важноста на мерките за борба против корупцијата и усогласување со европските стандарди.“

Рокот за усвојување на новиот закон за судскиот совет во Северна Македонија е поставен за јуни 2025 година, со што Владата одлучи да се фокусира на консолидација и подобрување на работата на советот наместо на негово целосно распуштање. Европската комисија, со поддршка на овој чекор, одобри зелено светло за реформската агенда на Северна Македонија, што е чекор напред кон исполнување на препораките од Венецијанската комисија и Оценската мисија на ЕУ. Во документот од ЕК се потенцира дека реформите се дел од борбата за стабилно правосудство, додека владата на Северна Македонија изразува посветеност кон имплементирање одржливи промени.

Реформската агенда добива поддршка од Европската комисија

Во последниот извештај на Европската комисијареформите на Северна Македонија во судскиот систем се оценети како суштински чекор кон зацврстување на правосудството. Со тоа, според Комисијата, новиот закон треба да ја зајакне независноста на судскиот совети да ги отвори патиштата за борба против корупцијата. ЕК забележува дека реформските чекори ќе овозможат напредок во истрагите, кривичното гонење, и зголемување на бројот на конечни пресуди, со почитување на стандардите од ЕУ.

  • „Потребен е нов закон за независен судски совет, што ќе ја поддржи борбата против корупцијата и ќе овозможи напредок во истрагите и судските постапки. Промените се од суштинско значење за приближување кон европските стандарди,” наведува Европската комисија.

Владата ја менува стратегијата: без распуштање и со нов закон за судскиот совет

Иако претходно Владата на Северна Македонија навести дека распуштањето на судскиот совет може да биде дел од планот за реформи, реформската агендасе насочува кон зајакнување и надградување на работата на овој клучен орган. Владата истакнува дека, и покрај недостатокот на поддршка за јавна расправа, останува посветена на поставување на правосудството како стабилна и ефикасна структура која ги поддржува демократските вредности.

  • „За да се постигне одржливо решение, побаравме отворена расправа и инклузивност, но досега не добивме соодветна поддршка. Ова остава простор за прашање дали постојат заинтересирани страни кои се загрижени поради можноста за распуштање на институцијата. Како Влада, остануваме посветени на носење решенија кои ќе бидат темел на едно стабилно демократско општество,” велат од Владата.

Промени во кривичниот законик и подобрување на ефикасноста на јавните обвинители

Реформската агенда, исто така, предвидува враќање на делата злоупотреба на службена должност и злосторничко здружување во новиот кривичен законик, откако тие беа избришани во претходни измени. Европската комисија во својот извештај истакнува дека овие измени се важен чекор за стабилност и законитост. Дополнително, предвидени се законски промени за подобрување на ефикасноста на јавните обвинители, со цел зајакнување на нивната улога во правосудниот систем и обезбедување поголема правна сигурност.

Европската комисија во извештајот заклучува дека овие мерки се клучни за правната стабилност и приближување кон европските стандарди, и ги поздравува чекорите на Северна Македонија за транспарентност и одговорност во правосудниот систем.

Continue Reading

Македонија

ИЗЕТ МЕЏИТИ: КОГА ДУИ Е СЛАБА, ДОБИВААТ ГРАЃАНИТЕ АЛБАНЦИ И ДРЖАВАТА

Published

on

Во вечерното гостување на Телевизија 24, Вицепремиерот Изет Меџити истакна дека секогаш кога ДУИ е слаба добиваат граѓаните албанци и државата.
Кога во минатото ДУИ имаше 10 пратеници, државата стана членка на НАТО и сега мислам дека истото може да се случи. Во изминатите години имавме декларативни изјави кои убаво звучат, но ни милиметар не се доближивме кон Европска унија. Ова е ставот на вицепремиерот Изет Меџити на прашања поврзани со работењето на ДУИ и интеграција на државата.
Во поглед на најавите за дестабилизација, Изет Меџити истакна дека државата е дел од НАТО, партнер со земјите членки на НАТО и сме гарант дека оваа Влада оди на добар пат и прави европски чекори.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк