Connect with us

Македонија

Димитриеска-Кочоска од Вашингтон: ММФ и Светска банка даваат поддршка за финансиска консолидација на Македонија

Published

on

Од средбите на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска во Вашингтон со високи претставници на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, се истакнува дека напорите за фискална консолидација на новата Влада се препознаени од меѓународните финансиски институции и даваат поддршка за тоа.

„ На состаноците истакнавме дека фискална консолидација не можеме да направиме преку ноќ и дека за тоа е потребно време. Најважно е дека покажуваме желба  којашто може да се види од Фискаланата стратегија. којашто е усогласена и предвидува намалување на буџетскиот дефицит на 4 проценти  за 2025 година. Тоа е она што е најважно“, нагласила министерката соопштуваат од Министерството за финансии.

Таа потенцирала дека особено радува фактот што на состаноците е забележано оти и таа како министерка за финансии и новата Влада максимално вложуваат напори да ги подобрат резултатите на државата, како и тоа дека максималните напори што ги вложуваат се препознаени од страна на претставниците на меѓународните финансиски институции.

Димитриеска-Кочоска изразила уверување дека престои одлична соработка во наредниот период и вложување напори во водење политика со постепена фискална консолидиција, внимателно трошење на буџетските средства и истовремено преземање мерки за борба со сивата економија.

Министерката за финансии учествува на Годишните средби на ММФ и СБ во Вашингтон, каде што имала и состаноци со високи претставници на овие меѓународни финансиски институции.

Македонија

Милошоски: Судскиот совет наместо чувар на правдата станува извор на неправо и клиентелизам

Published

on

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, го обвини Судскиот совет за противзаконско и несоодветно работење, по информациите дека на затворен колегиум одржан на 25 ноември 2024 година, бил усвоен заклучок за продолжување на мандатот на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева.

Според Милошоски, заклучокот, донесен со 9 гласа „за“, е целосно спротивен на член 8 став (5) од Законот за Судски совет, кој јасно утврдува дека мандатот на претседателот трае две години без право на повторен избор. Дамева, која беше избрана на функцијата на 5 декември 2022 година, според законот, би требало да го заврши својот мандат на 5 декември 2024 година.

Милошоски истакна дека Судскиот совет сега се обидува да го продолжи нејзиниот мандат за дополнителни осум месеци, како „компензација“ за периодот кога Дамева била неделовнички разрешена во април 2023 година. Тој потсети дека Управниот суд во декември 2023 ја поништил таа одлука, што значи дека истата нема правно дејство, а аргументот за „компензација“ е неоснован.

„Судскиот совет, наместо да биде извор на право и високи судски стандарди, стана создавач на неправо и симбол на политички клиентелизам. Со ваквите одлуки, Дамева и нејзината коалиција во Советот успеваат само во едно – да ја намалат и онака ниската доверба од 2% до уште пониско ниво,“ изјави Милошоски.

Дополнително, тој истакна дека записникот од затворениот состанок не им е достапен на членовите кои гласале против, што ја продлабочува нетранспарентноста на работата на оваа институција.

Милошоски повика на итно почитување на законските норми и отчетност во работата на Судскиот совет, со цел враќање на довербата во правосудниот систем, кој според него, сè повеќе се оддалечува од европските стандарди.

Continue Reading

Македонија

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри

Published

on

Под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето, како и на голема влажна и многу постудена воздушна маса од север, почнувајќи од петок, и за време на викендот во Македонија времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд на ниските, и од снег на повисоките места и на планините. На многу места врнежите ќе бидат обилни и локално ќе наврнат над 40/50 литри на метар квадратен воден талог.

Поради влијанието на студената воздушна маса од север, повремено, и особено во западните и во северните предели од Македонија, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од влажен снег и во пониските места (градовите). Сето ова ќе биде проследено со ветер од северен и од североисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Во Скопскиот регион исто така за време на овој период ќе има врнежи од дожд, повремено обилни, додека на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Повремено врнежи од снег ќе има и во повисоките предели од котлината, и тоа особено во текот на ноќта петок кон сабота, како и во сабота, кога услови за краткотрајни врнежи од дожд и од снег ќе има и во пониските предели од Скопската котлина.

Сето ова ќе услови на планините да дојде до значително формирање на снежна покривка (над 50 cм, локално и повеќе). На повисоките места таа ќе биде со висина од 20 до 30 цм, локално и повеќе, додека на пониските места (градовите) особено во северните и во западните предели понекаде со висина од 10 до 20 cм, а можно е и повеќе.

Во Скопскиот регион, снежна покривка ќе се формира на околните планини, како и во повисоките предели од котлината.

Мора да напоменам дека поради очекуваниот влажен снег во пониските места во погоре споменатите предели, можни се проблеми поради тежината на истиот. На планините ќе има услови и за појава на снежни наноси, па доколку патувате низ планинските превои, препорачуваме да бидете премногу внимателни како управувате со вашето возило.

Што се однесува пак до температурите, тие значително ќе опаднат, особено дневните и ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени во најтоплите југоисточни предели, а наутро тие ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени. Во Скопје температурата за време на овој период ќе се искачува во интервалот помеѓу 2 и 5 степени.

Continue Reading

Македонија

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Published

on

Нов послаб земјотрес вечерва повторно е регистриран во Македонија.

Јачината на земјотресот е 1,5 степени според Рихтер, а епицентарот повторно е во близина на Богданци.

Длабочината е 2 километри.

Претходно попладнево со ист епицентар регистриран беше и земјотрес од 2,5 степени според Рихтер, додека претходно имаше уште еден земјотрес со јачина од 3.1 степени според Рихтеровата скала.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк