Connect with us

Македонија

Саат кулата во Битола осветлена за подигнување на свеста за борбата против ракот на црниот дроб

Published

on

Општина Битола, во соработка со Хепар центар – Битола, ја поддржува кампањата за подигнување на свеста за борбата против ракот на црниот дроб, преку осветлување на Саат кулата во боите на црнодробниот карционом.

На овој начин се истакнува итната потреба за справување со ракот на црниот дроб, кој според најновите проценки објавени во Европскиот информативен систем за рак (ECIS), претставува шеста водечка причина за смртност од рак во Европа. Податоците, исто така покажуваат значителна родова разлика: мажите, речиси двојно поверојатно е да бидат дијагностицирани и да починат од рак на црниот дроб во споредба со жените, со доживотен ризик од 1 на 91 за мажи и 1 на 333 за жени. Повеќето случаи кај жените се појавуваат по 70-та година, додека кај мажите, случаите се подеднакво распределени меѓу возрастите 45-69 и над 70 години.

Превенцијата од ракот на црниот дроб е централна фокусна точка на стратегијата на ЕУ, со акцент на поздрав начин на живот и намалување на изложеноста на ризични фактори, како што се нездрава исхрана, употреба на тутун, консумирање алкохол и недостаток на физичка активност. Со 70% од случаите на рак на црниот дроб глобално поврзани се инфекции од хепатитис Б и Ц. Напорите за превенција вклучуваат и подобрување на пристапот до вакцинација против хепатитис Б, што може значително да го намали ризикот од рак на црниот дроб. Иако нема вакцина за хепатитис Ц, планот за победа над ракот на Европа работи на подобрување на пристапот до третмани кои можат да спречат рак на црниот дроб поврзан со овој вирус.

Напорите за превенција не само што го намалуваат бројот на случаи, туку и помагаат да се намалат пошироките економски и социјални трошоци поврзани со оваа болест. Порталот за знаење за промоција на здравјето и превенција на болести нуди вредни алатки за да им помогне на владите и организациите да преземат акција против ракот на црниот дроб и другите незаразни болести.
Заедно да ја направиме превенцијата од рак на црниот дроб приоритет, да спасиме животи и да се движиме кон поздрав иднина!

Македонија

Ахмети од Швајцарија: Без Албанците, Северна Македонија нема иднина

Published

on

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, се обрати пред иселениците во Швајцарија, нагласувајќи ја загриженоста за состојбата со правата на Албанците во Северна Македонија. Во фокусот на неговиот говор беа прашањата за употребата на албанскиот јазик и легитимитетот на Владата во однос на албанскиот електорат.

„Мицкоски не може да формира влада без легитимитет од Албанците, затоа што ние освоивме над 60% од гласовите на албанскиот електорат,“ рече Ахмети, критикувајќи ја политиката на ВМРО-ДПМНЕ како националистичка и штетна за двете најголеми заедници во државата.

Ахмети потсети на преговорите во 2016 година, кога, според него, ВМРО-ДПМНЕ побарале поддршка за отстапување на Никола Груевски од премиерската функција.

„Им реков дека тие работи треба сами да ги решат. Три месеци водевме преговори,“ изјави тој.

Претседателот на ДУИ предупреди и за опасноста од руското влијание во земјата, подвлекувајќи дека единствена алтернатива за Северна Македонија е евроатлантскиот пат и силното партнерство со САД.

Ахмети ја критикуваше неконзистентноста на албанските политички опоненти, потсетувајќи дека постигнале договор за поддршка на уставните измени, кој подоцна бил негиран.

Continue Reading

Македонија

До кога дел од Тетово ќе биде без вода?

Published

on

Јавното комунално претпријатие „Шар“ од Тетово информира дека дотокот на вода од новиот водоснабдителен систем е прекинат и ќе следуваат рестрикции во водоснабдувањето. Причина е заматеноста на водата што се презема од Лешничка Река.

– Поради неможноста да се пречисти водата во филтрите на филтрационата станица Лисец, поради високата заматеност како резултат на последните врнежи, принудени сме да го прекинеме снабдувањето со вода за пиење од линијата Лешница. Екипата на претпријатието од раните утрински часови е на терен и прави сè за да се надмине оваа ситуација -информираат од ЈКП „Шар“.

Рестрикциите на вода се започнати од 13:40 часот и ќе бидат на неопределено време.

Во Тетово водоснабдувањето се врши само со планинските извори и со градски бунари, чиј капацитет не е доволен за оптимално водоснабдување.

Continue Reading

Македонија

Од Тетово си, имаш 36.500 евра, а САКАШ ДА ЌАРИШ ВО ДУБАИ

Published

on

На 22.11.2024 во 13:30 часот во СВР Тетово 51 – годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен и оштетен за 36.500 евра од A.И. од Теарце, Л.Р. од Скопје , В.С. од Тетово, М.М.(58), П.Л.(56), и В.С.(30) тројцата од Р. Албанија, кои во текот на месец јануари 2024 година, му понудиле да инвестира во наводно многу профитабилен проект во Дубаи, но откако ги дал парите сфатил дека бил измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк