Connect with us

Свет

Камала преку писмо ПОБАРА ПОДДРШКА ОД МАКЕДОНЦИТЕ во САД

Published

on

Пред неколку недели, Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) испратила прашалник до кампањите на поранешниот претседател на САД Доналд Трамп и до актуелната потпретседателка на САД Камала Харис со релевантни приоритети и барања од македонско-американската заедница. Од ОМД наведуваат дека прашањата се однесуваа околу прогласувањето на септември за месец на македонско-американското наследство, засилување на стратешкиот дијалог и партнерство меѓу САД и Македонија, за потенцијален договор за двојно оданочување меѓу САД и Македонија, како и за вклучување на Македонија во програмата за укинување на визи за САД.

Се проценува дека во САД живеат над половина милион Американци со македонско потекло.

ОМД добила писмо од потпретседателката Камала Харис што го споделија со јавноста во оригинален формат. ОМД се` уште чека одговор од поранешниот претседател Доналд Трамп и ќе го сподели со јавноста штом ќе го добие.

„Со изминување на септември, месец посветен на македонско-американското наследство, сакаме да го искористиме овој момент за да оддадеме почит за огромните влијание и богата култура што македонско-американската заедница ѝ ги донесе на нашата нација. Минатиот месец беше особено значаен, бидејќи се одбележа независноста на тогашната Република Македонија од Југославија на 8 септември 1991 година – извонредно достигнување што ја отелотворува издржливоста и трајниот стремеж како единствена земја која ги достигна својата независност и слобода по мирен пат.

Повеќе од еден век, македонските имигранти бараат заштита и можности во САД, водени од клучните историски настани како што се Илинденското востание, Балканските војни и глобалните конфликти во 20 век. Од 1880-тите, десетици илјади Македонци најдоа нов дом овде, придонесувајќи за богатата разноликост на нашата нација. Денес, околу 500.000 поединци со македонско потекло прогресираат и придонесуваат во заедниците низ нашата држава.

Силното присуство на Македонци во држави како Мичиген, Њу Џерси, Њујорк, Охајо, Индијана, Илиноис, Флорида, Пенсилванија и Калифорнија, говори доволно за трајниот придонес. Македонските Американци се истакнаа во различни области – независно дали се работи за бизнис, технологија, уметност или медицина. Претприемачите ја зајакнаа нашата економија, спортистите донесоа дома олимписки медали, а уметниците го збогатија нашиот културен пејзаж, истакнувајќи ги неверојатните таленти што произлегуваат од оваа заедница.

Покрај придонесите кон економијата и културата, македонските Американци активно се вклучуваат во нашата демократија. Многумина служат во законодавните тела и граѓански организации, рефлектирајќи ги принципите на слобода и заедница што ја прават нашата држава посилна. Нивната посветеност во граѓанскиот сектор е инспирирачка и клучна за здравјето на нашата демократија.

Ги славиме не само извонредните достигнувања на Македонците, туку и богатото наследство што вие продолжувате да го градите. Ајде да се здружиме за да го признаеме длабокото влијание на македонските Американци во обликувањето на разновидниот дух на САД. Вашите придонеси ја подобруваат силата и карактерот на нашата нација и со нетрпение очекуваме да го продолжиме овој пат заедно“, стои во пораката на Харис до македонско-американската заедница.

Бизнис

Раст на берзите, фокусот врз технолошкиот сектор

Published

on

На светските берзи цените на акциите пораснаа минатата по остриот пад седмица претходно, а инвеститорите се фокусираа на акциите на технолошките гиганти „Nvidia“ и „Alphabet“.

на Волстрите индексот Dow Jones скокна за речиси 2 отсто минатата седмица, на рекордни 44.296 поени, додека S&P 500 порасна за 1,7 отсто, на 5.969 поени, а индексот Nasdaq 1,7 отсто, на 19.003 поени.

Растот на индексите најмногу се должи на корекцијате на цените на акциите по остриот пад една седмица претходно, кога инвеститорите беа разочарани од пораката на претседателот на американската централна банка Федералните резерви (Federal Reserve – Fed), Џером Пауел, дека централната банка може да го забави темпото на намалување на каматните стапки.

Последните макроекономски податоци потврдија дека американската економија солидно расте, дека пазарот на трудот е стабилен, а инфлацијата и натаму е значително над целното ниво од 2 отсто.

Поради оваа причина, целосно е неизвесно дали Fed ќе ги намали каматните стапки уште еднаш, по трет пат оваа година, на состанокот во декември. Пазарот проценува дека има нешто повеќе од 50 проценти шанси да го направат тоа.

Минатата седмица, кварталниот деловен извештај на „Nvidia“ беше во фокусот на инвеститорите. Нето профитот на производителот на чипови достигна 19,3 милијарди долари во третиот квартал, двојно повеќе од истиот квартал минатата година. Приходите на „Nvidia“ скокнаа, пак, за 94 отсто на годишна основа, на 35 милијарди долари.

Иако резултатите беа подобри од очекувањата на аналитичарите, цената на акцијата падна по објавувањето на резултатите. Некои аналитичари велат дека тоа е последица на забавувањето на стапката на раст на приходите на „Nvidia“, која во претходните квартали изнесуваше повеќе од 120, па дури и 260 отсто.

„Иако Nvidia испорача импресивен раст на приходите, јасно е дека пазарот очекуваше повеќе“, рече Џорџ Бубурас, директор во „K2 Asset Management“.

Во фокусот на инвеститорите беше и акцијата на „Alphabet“, чија цена остро падна. Тоа следи по аргументот на американското Министерство за правда пред судот дека Google мора да го продаде својот прелистувач Chrome и да преземе други мерки за да го прекине својот монопол над онлајн пребарувањето.

Минатата седмица инвеститорите ја следеа ескалацијата на војната меѓу Русија и Украина, откако Украина истрела проектили од американско производство кон Русија. Рускиот претседател Владимир Путин изјави потоа дека Русија може да размисли за употреба на нуклеарно оружје доколку биде нападната со конвенционални ракети поддржани од нуклеарна сила.

Сепак, овие настани досега имаа само краткорочно и умерено влијание на пазарите.

Така пораснаа цените на акциите на повеќето европски берзи минатата недела, по две недели пад. Лондонскиот FTSE индекс зајакна за 2,5 отсто, на 8.262 поени, а франкфуртски DAX за 0,6 отсто, на 19.322 поени. Парискиот CAC, пак, ослабе за 0,2 отсто, на 7.255 поени.

Continue Reading

Свет

Пентагон потврди дека САД добиле известување непосредно пред лансирањето на рускaта ракета „Орешник“

Published

on

Соединетите држави добија известување од Русија непосредно пред лансирањето на хиперсоничната ракета „Орешник“, потврди на брифингот за новинарите во четвртокот заменик-портпаролката на американското Министерство за одбрана Сабрина Синг.

„САД беа известени непосредно пред лансирањето преку каналот за намалување на нуклеарната опасност“, рече таа.

Претходно, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков за ТАСС изјави дека Русија автоматски ги предупредила Соединетите држави 30 минути однапред за лансирање на хиперсонична ракета „Орешник“ преку Рускиот национален центар за намалување на нуклеарната опасност.

Во средата САД привремено ја затвораат својата амбасада во Киев откако добија, како што велат, „конкретни информации за потенцијален значаен воздушен напад на 20-ти ноември“.

„Од изобилство на претпазливост, Амбасадата ќе биде затворена, а вработените во Амбасадата добиваат инструкции да се засолнат на место“, се вели во објавата на Х. Таа одлука беше донесена откако ден пртходно Украина изведе удар подлабоко на територијата на Русија со шест ракети со долг дострел ATACMS, испорачани од САД.

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот во ненајавен обраќање потврди дека Русија лансирала хиперсонична балистичка ракета со среден дострел врз украински воен објект и го предупреди Западот дека Москва може да ги нападне воените постројки на која и да е земја чие оружје е употребено против Русија.

Путин рече дека Западот го ескалира конфликтот во Украина дозволувајќи му на Киев да истрела ракети со долг дострел кон Русија што е невозможно без воен персонал и сателитско наведување од земјте од НАТО, како и претворајќи го конфликтот во глобален.

Русија изврши тестови на хиперсоничниот ракетен систем „Орешник“ (Лешник) како одговор на агресивните дејствија на членките на НАТО против Русија, рече Путин.

„Како одговор на употребата на американско и британско оружје со долг дострел, на 21 ноември оваа година руските вооружени сили извршија комбиниран напад врз објект на воено-индустрискиот комплекс на Украина. Еден од најновите руски ракетни системи со среден дострел, меѓу другото, беше тестиран и во борбени услови. Во овој случај, тоа беше балистичка ракета во ненуклеарна хиперсонична опрема“, рече рускиот претседател.

Continue Reading

Свет

НАЈНОВА ВЕСТ: Издадени налози за апсење за Нетанјаху

Published

on

Меѓународниот кривичен суд во Хаг во четвртокот објави дека издал налози за апсење на водачот на Хамас Мохамед Диаб Ибрахим Ал-Масри (познат и како Мохамед Деиф) и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант.

Судот рече дека израелското прифаќање на јурисдикцијата на судот не е неопходно.

Меѓународниот кривичен суд додава дека овие налози за апсење „се во интерес на жртвите и нивните семејства“.

Се наведува и дека постојат „основи за сомневање“ да се верува дека тие „ги превиделе нападите врз цивилното население во Појасот Газа“, пишува Ројтерс.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк