Connect with us

Европа

„ЕУ МОРА ДА ПОКАЖЕ ПОВЕЌЕ ПОЧИТ, ПОМАЛКУ АРОГАНЦИЈА“ Мишел порача дека време е да престанат да држат предавања

Published

on

Во интервју за „Фајненшл тајмс“ објавено во петокот, Мишел призна дека блокот станал самоуверен дека знае што е правилно, а што погрешно и честопати не се обидува да разбере зошто другите земји мислат поинаку.

Европската унија треба да престане да „држи предавања“ во другите делови на светот и треба да има поголема почит кон своите партнери со цел да се бори против растечкото влијание на Русија и Кина, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Во интервју за „Фајненшл тајмс“ објавено во петокот, Мишел призна дека блокот станал самоуверен дека знае што е правилно, а што погрешно и честопати не се обидува да разбере зошто другите земји мислат поинаку.

Тој истакна дека во ЕУ постои „рефлекс што е блиску до форма на предавање“ при комуникација со земјите во развој со кои блокот има потпишано договори за стратешка, трговска или политичка соработка.

– Ние не сме секогаш многу добри во однос на комуникацијата, во однос на објаснувањето, во однос на разговорот со нив и покажувањето одредена почит кон нив – рече Мишел.

Тој, исто така, предложи ЕУ да го преиспита својот пристап за спроведување на своите стандарди и регулативи за трговските партнери, давајќи ги како пример правилата за риболов.

– Го користиме вокабуларот: жолт картон или црвен картон – рече тој, посочувајќи дека „зборовите што ги користиме се навистина понижувачки бидејќи оставаме впечаток дека сме играч на теренот, а во исто време и судија“.

Забелешката на претседателот на ЕК дојде откако десетици светски лидери се собраа во рускиот град Казан за да присуствуваат на 16-тиот самит на БРИКС. На листата на гости беа претседателите на Египет, Обединетите Арапски Емирати и Турција – членка на НАТО и земја кандидат за ЕУ.

Мишел посочи дека фактот што лидерите на овие земји, кои исто така се „многу блиски“ со ЕУ од економска и воена гледна точка, избрале да присуствуваат на Самитот на БРИКС, сугерира дека тие „сакаат да испратат порака до останатите во светот“.

– Еден од емирите во земјите од Персискиот залив еднаш ми рече, ако има вакуум, многу брзо некој ќе го пополни вакуумот. И ако не сте вие ​​таму, другите се таму – се сеќава Мишел, нагласувајќи дека ЕУ треба да најде „нов пристап“ за да ги придобие земјите кои сакаат да ги диверзифицираат своите економски и безбедносни сојузи.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно оваа недела истакна дека групата БРИКС не се заснова на „сојуз против некого“ и за разлика од ЕУ, нејзините членки не се обврзани со меѓусебни обврски.

Тој објасни дека БРИКС претставува „асоцијација на земји кои споделуваат заеднички вредности и заеднички насоки“ и се посветени на универзалните принципи на заемно почитување и взаемна корист.

– ЕУ, од друга страна, е организација која има јасно дефинирани правила, обврзувачки документи и ‘цел сет на меѓусебни обврски’ – рече Песков.

Извор: ПлусИнфо

Европа

Полско радио ги замени сите новинари со вештачка интелигенција

Published

on

Станицата ОФФ од Краков соопшти дека „ова е прв експеримент во Полска со новинари кои се виртуелни ликови кои ги создаде вештачка интелигенција“.

Радиото соопшти дека креирале три аватари кои се така дизајнирани за со прилозите за културата, уметноста и општествените прашања, вклучувајќи ги проблемите на ЛГБТ заедницата, да допрат до младите слушатели, пренесува Асошиејтед прес.

„Дали вештачката интелигенција е повеќе прилика или закана за медиумите, радиото и новинарството? Ќе бараме одговори на тоа прашање“, кажа директорот на радиото Марќин Пулит.

Оваа промена предизвикала внимание во цела Полска откако новинарот и филмски критичар Матеуш Демски, кој до неодамна водел емисија на тоа радио, во отворено писмо изразил протест „поради замената на вработените со вештачка интелигенција“.

„Тоа е опасен преседан кој нè погодува сите“, напиша Демски, додавајќи дека тоа би можело да отвори врата „на свет во кој искусните вработени кои со години биле поврзани со медиумскиот сектор и луѓето вработени во креативната индустрија би можеле а бидат заменети со машини“.

Демски за АП кажа дека петицијата која ја иницирал до вчера наутро ја потпишале повеќе од 15.000 луѓе. Кажал дека примил повици од стотина луѓе, меѓу кои млади, кои не сакаат да бидат заморчиња во таков експеримент.

Демски работел во радиото ОФФ од февруари 2022 година, водејќи разговори со избегани Украинци, до август, кога бил отпуштен со уште десетина новинари. Кажал дека му е особено шокантно бидејќи радио-станицата делумно се финансира од парите на даночните обврзници.

Директорот Пулит, пак, тврди дека отпуштањето следело бидејќи слушаноста била „речиси нула“.

Министерот за дигитализација и заменик премиер Кжиштоф Гавковски изјави дека го прочитал писмото на Демски и дека е потребна законска рамка со која ќе се регулира вештачката интелигенција.

„Иако сум поддржувач на развојот на вештачката интелигенција, мислам дека сè повеќе и повеќе се преминуваат некои граници“, порача полскиот министер на платформата Икс.

„Широката примена на вештачката интелигенција мора да оди во корист на луѓето, а не против нив“, додаде Гавковски.

Continue Reading

Европа

Унгарија остро го крева данокот на краткорочниот наем

Published

on

Унгарија планира речиси четирикратно да го зголеми данокот на краткорочниот наем на станови во Будимпешта за да се избори со станбената криза во својата престолнина.

Според нацрт законот, месечниот данок на краткорочниот наем на станови ќе изнесува до 150.000 форинти, односно околу 373 евра, што претставува значителен пораст во однос на досегашните 38.400 форинти, пренесува Блумберг.

Покрај тоа, унгарската влада нема да издава нови дозволи за краткорочен наем на станбени единици во Будимпешта во 2025 и 2026 година, се наведува во нацрт законот.

Жителите на шестиот градски округ на Будимпешта, една од најпопуларните туристички дестинации, минатиот месец ја подржаа целосната забрана на краткорочниот наем почнувајќи од 2026.

Тие со години се жалат на бучавата, големото количество ѓубре и поскапувањето на кириите поради растот на туризмот.

Трошоците за живеење во Будимпешта во изминатите десет години пораснале за речиси четири пати, делумно и поради развојот на платформите за изнајмување како Букинг и Ербиенби.

Continue Reading

Европа

НА ГЕРМАНИЈА ИТНО И ТРЕБААТ РАБОТНИЦИ: Еве кои работници ќе бидат масовно регрутирани

Published

on

Германија планира да го реши недостигот на квалификувана работна сила со масовно ангажирање работници од Индија, објави оваа недела во Берлин германскиот министер за труд Хубертус Хајл.

За таа цел, рече тој, компанијата ќе преземе повеќе од 30 мерки за отстранување на бирократските пречки во однос на издавањето дозволи.

Хејл предупреди дека Германија се соочува со сериозен недостиг на работна сила, а овие тесни грла го кочат растот и напредокот на земјата. Министерот стравува дека ситуацијата ќе се влоши со стареењето на општеството без имиграција, објави германската новинска агенција dpa.

– Во Индија ситуацијата е токму спротивна – рече тој и објасни дека тамошниот пазар на труд тешко ги апсорбира дури и високообразованите луѓе. Според него, милион луѓе се приклучуваат на пазарот на труд во Индија секој месец, па индиските власти ја поттикнуваат миграцијата.

– Во оваа светлина, Германија ја гледа Индија како особено важен партнер – нагласи Хејл.

Како што најави, германското Министерство за надворешни работи до крајот на годинава ќе го дигитализира издавањето визи за Индија, а нешто подоцна и за другите земји. Со ова сакаат да го забрзаат вработувањето на странци во Германија.

Планираат и поширока промоција на германскиот јазик, а воедно и подобра помош за Индијците кои веќе се во Германија да најдат работа.

Според Хејл, Германија ќе ја претстави својата индиска стратегија за вработување за време на посетата на германските претставници на Индија следната недела.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк