Connect with us

Македонија

Прекини на струја во повеќе градови и села низ Македонија – ЕВН информира за временски исклучувања (28.10.2024 понеделник)

Published

on

Екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ ќе вршат реконструкција и модернизација на дистрибутивната мрежа на наведените локации. Поради овие инвестициони активности за подобрување на квалитетот на снабдувањето со електрична енергија, привремено без електрична енергија ќе останат населени места од Корисничките Енерго Центри (КЕЦ) според листата во прилог.

Македонија

Филипче: Ќе соработувам со сите за да се спротивставам на лошите политики на власта

Published

on

„Ќе соработувам со сите за да се спротивставам на лошите политики на власта“ рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче на 30-от партиски конгрес и изјави дека СДСМ ќе го вратат на победничките патеки.

Тој рече дека нема волшебно решение преку кое СДСМ ќе биде владејачка партија.

Наведе дека е потребно многу работа и дека да се води државотворна партија е посложено од операција. Порача дека со многу критики се согласува и тие ќе бидат водилка, а за поразот на изборите, рече дека не е крај, туку нова шанса.

„Точно е дека ЕУ и НАТО не се мачкаат на леб, граѓаните сакаат ефикасна држава“, додаде Филипче.

Смета дека биле сервилни кон коалицискиот партнер, не се справиле до крај со криминалот на претходниците. (Фокус)

Continue Reading

Македонија

Исчезнат е Виктор – најблиските бараат помош од граѓаните

Published

on

Чиетиресет и едногодишник од селото Младо Нагоричане бил пријавен за исчезнат вчеравечер од неговата мајка.

– На 22.11.2024 година во 20.30 часот во СВР Куманово М.Н.(62) од село Младо Нагоричане пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот син В.Н.(41), информираат од Секторот за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Апел за негово пронаоѓање се врти и по социјалните мрежи.

На 19.11.2024 од својот дом се одалечува Виктор Николиќ.Од тогаш му се губи секоја трага,се замолуваат сите ако го имаат видено или ако имаат некоја информација да се јават во најблиската полициска станица или на број +38970568382.

Continue Reading

Македонија

Ќе се асфалтира и во зима автопатот до Охрид, а од утре и рехабилитација на превојот Пресека

Published

on

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, рече дека сите села пред Охрид ќе имаат алтернативен пат за поврзување меѓу селата, експропријациите се завршени, а автопатот ќе се заврши до крајот на 2026 година. Николоски е дециден дека ќе се асфалтира и во зима.

„Главната амбиција на оваа Влада е да имаме автопат од главниот град до Охрид. Промовираме асфалтирање и преку зима. Работат околу 300 машини и 600 луѓе. Дел ги гледате на трасата која се гледа, дел не ги гледате на трасата која е надвор од магистралниот пат. Ќе го завршиме автопат. Од утре почнува рехабилитација на превојот Пресека, кој ќе се користи до 2026 година додека не се пушти целото автопатско решение“, рече Николоски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк