Connect with us

Македонија

Градоначалникот Коњановски денес во Владата потпиша 16 договори за реализација на 16 проекти во Општина Битола

Published

on

Денес во Владата на Македонија се потпишаа договорите помеѓу владините министерства и единиците на локална самоуправа, поточно општините кои учествуваа во јавниот повик, кои ги исполнија условите и добија средства од проектот во вкупна вредност од 250 милиони евра за капитални инвестиции за општините. Дел од тие средства ќе бидат реализирани во овој буџет, останатиот дел дополнет со оние средства коишто недостигаат ќе биде со следниот буџет за следната година.

Денес се потпишуваа договорите кои се темелат на 6 владини одлуки, поделени на 6 клучни ресори каде што овие пари ќе бидат инвестирани во изградба на проекти. 

Прво, денес се потпишуваат договори врз основа на одлука за користење на капитални донации до единиците на локална самоуправа за инфраструктурни проекти од областа на образованието и науката за 2024 година за што се издвојуваат речиси 133 милиони денари (132.619.804 денари). Со оваа одлука се опфатени општини како Гази Баба, Битола, Липково, Боговиње, Кичево и други. При тоа се однесува на реконструкции, изградби и модернизирање на училишта и спортски сали и унапредување на условите за образование.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски по потпишувањето на договорите изјави:

-Денес, ги потпишав 16 те договори за реализација на 16 проекти, за кои како резултат на нашата навремена проектна подготвеност, Владата одобри за општина Битола 3,7 милиони евра. Ова е значајна поддршка за нашата општина со која ќе инвестираме во изградба и реконструкција на улици во должина од над 10 километри на територијата на цела општина, изградба и реконструкција на атмосферска и фекална канализациона мрежа во должина од речиси 2,5 километри, како и водоводна мрежа во должина од околу 6 километри. Проектите опфаќаат и поставување на ново улично осветлување, енергетски ефикасна фасада на едно основно училиште, изградба на Центар за спорт и рекреативни активности, како и за санација на јужната трибина на фудбалскиот стадион „Петар Милошевски“. Веднаш, по потпишувањето на договорите, започнуваме со отпочнување на постапките за реализација на активностите на терен. Добиената поддршка значи поголеми можности и повеќе инвестиции, затоа што покрај инвестирањето во овие проекти, веќе планираме и работиме на нови инвестиции од општинскиот буџет. Делата ги потврдуваат промените за поубава Битола.

Македонија

Зошто некои работници добиваат само неколку илјади денари за К-15?

Published

on

Во Општиот колективен договор за стопанството е наведено дека работодавачите кои се соочуваат со потешкотии во работењето можат да исплатат регрес за годишен одмор во помал износ од оној утврден со колективниот договор. Многу работодавачи ја користат оваа недореченост и исплаќаат К-15 од само неколку илјади денари, велат од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Оттаму истакнуваат дека секој работодавач и јавна институција мора да го исплати пропишаниот минимум за К-15, кој изнесува 11.000 денари за јавниот сектор и околу 16.800 денари за приватниот сектор.

Continue Reading

Македонија

Пожар во хотел „Манастир“ во Берово

Published

on

Пожар избувнал во хотелскиот комплекс „Манастир“ во Берово. Според информации на “Курир”, зафатен е дел од поткровјето на овој комплекс.

Целиот град мириса на чад, изјавија жителите на овој град.

Continue Reading

Македонија

Илија Димовски и Сања Божиновска разговараа со младите за одржлив развој во организација на УМС ВМРО-ДПМНЕ Битола

Published

on

Во рамките на третиот модул од политичката академија, организиран од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Битола, младите учесници имаа можност да се сретнат и да разговараат со Сања Божиновска, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, како и со поранешниот пратеник Илија Димовски. Главната тема на дискусијата беше одржливиот развој — концепт кој ги обединува економските, социјалните и еколошките аспекти за задоволување на тековните потреби, без притоа да се загрозат можностите на идните генерации.

Божиновска и Димовски истакнаа дека изградбата на одржлива држава бара соработка помеѓу институциите, бизнисите и граѓаните, потенцирајќи ја важноста од активното учество на младите во овие процеси кои водат кон подобра иднина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк