Connect with us

Скопје

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, најави капитални проекти за подобар живот на граѓаните

Published

on

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, објави значајна вест за општината, потпишувајќи договори со владините министерства и општините кои добија финансиски средства од проект со вкупна вредност од 250 милиони евра. Оваа инвестиција е наменета за капитални проекти кои ќе донесат „вистинска преродба на локалните самоуправи и ќе обезбедат поквалитетен живот за граѓаните.“

Општина Кисела Вода аплицираше и доби поддршка за четири крупни проекти:

1. Уредување на речното корито на реката Мала Рада,

2. Реконструкција на патот кон Пеленица со изградба на тротоар,

3. Реконструкција на улицата „Ѓорѓи Димитров,“

4. Доградба на основното училиште „Кирил Пејчиновиќ.“

„Сакам да изразам голема благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и Владата на Република Македонија за поддршката која, за првпат, овозможува вистинска помош за општините и граѓаните,“ изјави Ѓорѓиевски, додавајќи дека оваа влада е „вистински партнер“ на граѓаните.

Ѓорѓиевски посочи дека ќе продолжат со создавање подобри услови за жителите на Кисела Вода, бидејќи, како што истакна, „мојот народ заслужува.“

Скопје

Серија апсења на повеќе локации низ Карпош, Центар, Аеродром, Гази Баба…

Published

on

Денеска (27.10.2024) во 00.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода лице(21) од Велес, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (27.10.2024) во 02.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода лице(32) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 26.10.2024 во 14.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода лице(24) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 26.10.2024 во 15.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода лице(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 26.10.2024 во 20.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 26.10.2024 во 19.50 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода лице(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 26.10.2024 во 11.30 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода лице(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Скопје

Несреќа во скопско, Докторите не успеале да го спасат повредениот

Published

on

Несреќата се случила на крстосницата од регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак со улицата „1“ во селото Батинци. Починатиот е маж со иницијали Ф.И., а автомобилот со кој бил удрен го управувал 33-годишник од селото Цветово (А.С.), објави полицијата.

Пешакот загинал од здобиените повреди, а од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Со телесни повреди се здобил и возачот на автомобилот.

Извршен е увид.

Continue Reading

Скопје

Кој е виновен за тешката несреќа меѓу автомобил и мотоцикл во Скопје?

Published

on

На 26 октомври 2024 година, во 16 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улиците „Јужноморавски бригади“ и „Среќко Пужалка“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фолксваген“ со скопски регистарски ознаки и мотоцикл, исто така со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата, 24-годишниот мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. На местото на несреќата бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, која ги истражува причините за инцидентот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк