Connect with us

Балкан

Борисов прогласи победа на изборите во Бугарија, за влада ќе мора да коалицира

Published

on

Десничарската партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов е победник на бугарските парламентарни избори, според првите прелиминарни резултати на 27 октомври.

ГЕРБ освои 25 отсто од гласовите, што е за околу 10 отсто повеќе од реформистичката коалиција на партијата „Продолжуваме со промените“ и десничарската Демократска Бугарија.

Конечните резултати се очекуваат в понеделник, а доколку првичните податоци се покажат како точни, Борисов ќе добие мандат да ја формира својата четврта влада, но ќе мора да влезе во коалиција за да може да формира влада.

ГЕРБ за потенцијални партнери ги смета сите партии во следниот парламент, освен „Преродба“. Ова го порача лидерот на партијата Борисов во изјава по изборниот ден.

„Ќе владееме со секој кој ја поддржува нашата програма“, рече Борисов во изјавата во партискиот штаб, одбивајќи да одговара на прашања на новинарите.

„Сите се потенцијален партнер освен Преродба“, додаде тој, наведувајќи ги како причина идеолошките разлики со партијата на Костадин Костадинов, која често зазема проруски позиции.

Борисов ја отфрли идејата на ПП-ДБ за непартиски кандидат за премиер.

„Никој денеска не гласаше за нечие име кое не го знаеме. Тоа нема да го дозволам“, рече Борисов.

Тој додаде дека доколку во парламентот влезат сите девет партии, кои според излезните анкети на социолошките агенции имаат шанса, влада нема да има.

Инаку политичките аналитичари предвидуваат дека дури и овие резултати, кои не се значително различни од претходните шест избори одржани во последните три години, може да доведат до нови избори.

На последните избори одржани во јуни, немаше јасен победник, а седумте групи избрани во парламентот не беа во можност да формираат одржлива коалиција.

Набљудувачите сугерираат дека денешното гласање ќе доведе до потешки преговори меѓу групите во парламентот, особено што се очекува да бидат девет.

Серијата неуспешни избори имаше сериозно влијание врз економијата на Бугарија и нејзината надворешна политика.

Земјата ризикува да загуби милијарди евра од фондовите за обновување на ЕУ поради недостаток на реформи.

Целосната интеграција во отворената Шенген зона и приклучувањето кон еврозоната најверојатно дополнително ќе бидат одложени.

Заморот на гласачите и разочарувањето од политичарите создадоа средина во која радикалните политички гласови, потпомогнати од широко распространетата руска дезинформација, успешно ја поткопуваат јавната поддршка за демократскиот процес и ја зголемуваат популарноста на проруските и екстремно десничарските групи.

Ваквите алармантни сигнали аналитичарите ги дешифрираат како можни мотиви за партиите од двата краја на политичкиот спектар да бараат решение засновано на прагматични компромиси.

Главната бугарска проруска партија, Преродба, за која анкетарите предвидуваа дека ќе стане втора по големина група во законодавниот дом, очигледно имаше слаби резултати.

Екстремно десничарската, ултранационалистичка и популистичка партија бара Бугарија да ги укине санкциите против Русија, да престане да и помага на Украина и да одржи референдум за членство во НАТО.

Групата досега беше изолирана во парламентот и нема нови знаци за идно партнерство.

Но, ако главните партии во законодавниот дом не успеат да го решат ќор-сокакот, пнаклонетоста кон Преродба и други слични партии може да се зголеми и да стави пречки на прозападниот пат на Бугарија.

ГЕРБ објави дека Борисов ќе биде нивниот кандидат за премиер доколку освојат најмалку 80 од вкупно 240 пратенички места.

Реформистичката прозападна коалиција „Продолжуваме со промените/ Демократска Бугарија“, која во моментов е на второто место, истакнува дека нема да го поддржи Борисов за премиер и бара независен кандидат со силна антикорупциска агенда да ја поддржи владата.

Ова се седми избори во изминатите три години, откако Борисов поднесе оставка, бидејќи големите антикорупциски протести ја урнаа неговата влада.

Оттогаш, ГЕРБ победи на пет од седум избори, но никогаш немаше доволно гласови за самостојно да формира парламентарно мнозинство и не успеа да ја добие поддршката од другите партии.

Изборите во јуни го забележаа најниското ниво на излезност на гласачите досега во посткомунистичка Бугарија, само 34 отсто.

И овие избори одржани на 27 октомври, како што се оценува, даваат слаби надежи дека ќе стават крај на политичкиот ќорсокак во најсиромашната држава на Европската Унија (ЕУ).

На изборите учествуваа 22 партии и девет коалиции.

Балкан

Македонците во Хрватска и оваа година организираат Рацинов ден во Самобор

Published

on

По повод 85-годишнината од издавањето на збирката поезија од Кочо Рацин „Бели мугри“, денеска во Самобор, заедницата на Македонците во Република Хрватска и МКД „Охридски бисер“ од Загреб, организираат културна манифестација „Рацинов ден – Бели мугри“.

По повод 85-годишнината од издавањето на збирката поезија од Кочо Рацин „Бели мугри“, денеска во Самобор, заедницата на Македонците во Република Хрватска и МКД „Охридски бисер“ од Загреб, организираат културна манифестација „Рацинов ден – Бели мугри“.

Традиционалниот собир и годинава ќе почне со положување венци и цвеќе на бистата на Кочо Рацин во паркот на Музејот, со почеток во 13:30 часот.

Кочо Рацин, нелегално ја отпечатил својата стихозбирка „Бели мугри“ пред 85 години во Самобор. Затоа македонската заедница секоја година се собира на Рациновиот ден, организирајќи културен настан во Самоборскиот музеј.

На настанот, предавање за животот и делото на Кочо Рацин ќе одржат професорите Игор Деспот, Горан Коров и Ивана Брезовец. Учениците кои следат настава по македонски јазик по модел Ц во Хрватска, ќе рецитираат поезија на Рацин.

Покровител на настанот е Советот за националните малцинства на РХ и Самоборскиот музеј.

Continue Reading

Балкан

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС СЕ ИЗЛИЗГА НА АВТОПАТ ВО СРБИЈА Нема повредени патници, има поголема штета на возилото

Published

on

По обилните врнежи од снег автобусот се излизгал и удрил во банкината.

Синоќа македонски автобус имал сообраќајна несреќа на автопатот А5 кај Појате во Србија, пренесоа српските медиуми.

По обилните врнежи од снег автобусот се излизгал и удрил во банкината.

Нема повредени патници.

Причинета е поголема материјална штета на автобусот.

Continue Reading

Балкан

Поранешниот српски министер за градежништво, Горан Весиќ, почна штрајк со глад

Published

on

Екс српскиот министер Горан Весиќ, кој од вчера е во притвор, започна штрајк со глад. По информациите кои се појавија во медиумите дека меѓу уапсените поради падот на настрешницата во Нови Сад е и Горан Весиќ, тој имаше објава на својата мрежа Х.

„Не бев уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицајците со кои дојдов во Нови Сад и се ставив на располагање на истражните органи за целосно да се истражат сите околности кои довеле до несреќата во Нови Сад. Секогаш, како и досега, ќе им бидам на располагање на надлежните органи и ќе докажам дека не сносам кривична одговорност за овие трагични настани. Адвокатската канцеларија што ме застапува во овој случај ќе комуницира со јавноста и медиумите за понатамошното развој на настанот“, напиша Горан Весиќ.

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад вчера соопшти дека вкупно 11 лица се уапсени и приведени поради падот на настрешницата во Нови Сад, при што загинаа 15 лица.

Горан Весиќ поднесе оставка од функцијата министер за градежништво, транспорт и инфраструктура.

Јелена Танасковиќ, вршител на должноста генерален директор на акционерското друштво „Српска железничка инфраструктура“, вчера поднесе оставка на оваа функција. Тоа го направи и Томислав Момировиќ, министерот за внатрешна и надворешна трговија на Србија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк