Connect with us

Македонија

Без струја утре следниве градови и села

Published

on

На 29.10.2024 (вторник), екипите на Електродистрибуција ДООЕЛ ќе изведуваат значајни реконструкциски и модернизациски активности на дистрибутивната мрежа. За подобрување на квалитетот на снабдување со електрична енергија, дел од населените места припаѓаат на Корисничките Енерго Центри (КЕЦ) во листата во прилог ќе бидат без струја. Овие инвестиции се дел од заложбите на компанијата за посигурно и поквалитетно снабдување со електрична енергија во иднина.

Македонија

НА 9 ДЕКЕМВРИ ЌЕ СЕ ОТВОРИ ЦРКВАТА СО АНГЕЛОТ ОД КУРБИНОВО, ФРЕСКИТЕ СЕ ЦЕЛОСНО РЕСТАВРИРАНИ И КОНЗЕРВИРАНИ

Published

on

На 9 декември, кога се прославува верскиот празник Свети Ѓорѓи, конечно ќе бидат отворена и црквата „Свети Ѓорѓи“ од 12 век во преспанското село Курбиново, каде заврши заштитата на објектот и ѕидното сликарство во внатрешноста на храмот е целосно реставрирано и конзервирано.

Заштита на ѕидното сликарство кое долги години беше под ризик да биде оштетено, се спроведе во изминатите две години со средства на Министерството за култура и Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици од Солун, Грција. Активностите се изведуваа додека со Завод и музеј Битола раководеше претходната директорка Мери Стојанова, а на терен заштитата ја спроведе грчки и македонски експертски тим.

Црква во Курбиново е еден од најзначајните византски средновековни споменици на културата на Балканот. Овој црковен бисер е познат и како македонската Мона Лиза поради живописот со особените сликарски остварувања и е еден од ретките претставници на уметничките текови од крајот на 12 век. Препознатлив е најмногу по оригиналната фреска на ангелот на благовестието Гаврил, кој од тука е пресликан на македонските банкноти од 50 денари.

Храмот подолго време помина оставен на забот на времето, со нарушена статика и пожолтени фрески. Заштитата долго време беше заглавена во проекти на хартија и долги административни постапки меѓу институциите, па народот имаше изгубено надеж дека ќе дојде денот кога ќе се спаси Ангелот од Курбиново.

Во 2020 тогашната министерка за култура Ирена Стефоска го прогласи Курбиново за културно наследство во опасност, откако ѕидовите на некои места распукаа, а фреските пожолтеа, меѓу кои и ангелот на благовестието Гаврил. Договорот со експертите од Солун беше потпишан во јуни 2021. Тогаш беше отворена и посебна буџетска линија во Министерството за финансии: културно наследство во опасност.

Изминатите години Министерството за култура вложи поголема сума на пари за заштита на црквата. Се случуваше на годишно ниво најмногу пари од областа на културата во Битолско-Преспанскиот Регион државата да ги вложи за заштита на македонскиот црковен бисер „Св. Ѓорѓи“. Па така, се успеа да се дозвршат конзервацијата и реставрацијата на архитектурата и на фрескоживописот. Останува во иднина само уште да се конзервира ѕидното сликарство на фасадите.

Директорот на Завод и музеј од Битола Зоран Николовски, кој на функцијата дојде во септември годинава, најави дека црквата во Курбиново ќе биде повторно отворена на 9 декември, денот кога се прославува верскиот празник Свети Ѓорѓи, а во рамки на програмата за одбележување 90 години работа на Завод и музеј Битола.

Continue Reading

Македонија

Јакимовски:Не сум излезен од ЗЕЛС, но нема ниту да останам ако владата не го когригира односот со општините

Published

on

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во изјава за 24инфо го објасни својот однос кон Владата и кон Заедницата на единиците на локалните самоуправи.

Според Јакимовски, тој како градоначалник нема намера да го напушти ЗЕЛС, но нема намера ниту да остане, ако според него продолжи таквиот однос на ЗЕЛС кон општините. 

„Јас како градоначалник не сум изглегол од ЗЕЛС; но ниту имам намера да останам во ЗЕЛС ако актуелната Влада не го корегира односот на одрени министесрства. Ако тоа не се случи, ќе го напушамшам ЗЕЛС и ЗЕЛС треба да одлучи дека секое девијатно однесување на секој еден министер треба да подлежи под санкции“ рече Јакимовски додавајќи дека тој како градоначалник до сега немал проблем со ниту еден премиер на државата.

Continue Reading

Македонија

Милошоски: ДУИ треба да се фокусира на реформи во сопствената партија, наместо на испраќање патетични писма

Published

on

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се справува со последиците оставени од владеењето на СДС и ДУИ меѓу кои и огромен буџетски дефицит и падната доверба на граѓаните во институциите на системот, вели пратеникот и  член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во гостувањето во централниот Дневник на Сител телевизија.

Но, од друга страна пак, посочува Милошоски, ДУИ тешко се справува со позицијата во опозиција и смета дека нивниот претседател, очигледно, во обидот да привлече внимание и кај актуелната влада и кај меѓународната заедница манипулативно отвара теми кои не соодвестуваат со реалноста.

Во однос на писмото кое денеска Ахмети го испрати до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, Милошоски вели дека самиот се побива бидејќи тој лично пред неколку години потврди дека Охридскиот договор е завршена работа и партијата ја ребрендираше во зелена.

„Прво, самиот Али Ахмети се побива себе си со ова напишано писмо, бидејќи тој лично како претседател на ДУИ во 2021 година тука во Скопје промовираше на роденденот на ДУИ дека Охридскиот договор е завршена работа, националните теми се затворени и затоа ДУИ се трансформира во зелена партија со агенда за животната  средина. И сега одеднаш кога падна ДУИ во опозиција ја нема животната средина ја нема зелената агенда, не е приоритет, сега повторно се оди на етнизирање на одредени теми како балансерот или слични други алатки кои ДУИ кога била на власт се согласила да бидат избришани. И затоа сметам дека ваквото негово писмо е патетично и е еден очаен обид  за да се привлече внимание врз себе како одреден фактор од кој што зависи стабилноста или нестабилноста на државата, но тие времиња поминаа и најдобро е ДУИ да си посвети внимание на сопствените внатрепартиски реформи“, рече Милошоски додавајќи дека Али Ахмети има обврска да си ја реформира неговата партија од високата  корупција.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк