Connect with us

Македонија

Паркинг местото стана арена: Физичка пресметка во Ѓорче Петров по недоразбирање

Published

on

На 27.10.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање околу паркинг место бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Р.(69), О.Р.(45) и С.Р.(22) од една страна и З.Р.(59), А.Р.(23) и Е.Р.(22) од друга страна, сите од Скопје, а бил употребен и тврд предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија

Јакимовски:Не сум излезен од ЗЕЛС, но нема ниту да останам ако владата не го когригира односот со општините

Published

on

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во изјава за 24инфо го објасни својот однос кон Владата и кон Заедницата на единиците на локалните самоуправи.

Според Јакимовски, тој како градоначалник нема намера да го напушти ЗЕЛС, но нема намера ниту да остане, ако според него продолжи таквиот однос на ЗЕЛС кон општините. 

„Јас како градоначалник не сум изглегол од ЗЕЛС; но ниту имам намера да останам во ЗЕЛС ако актуелната Влада не го корегира односот на одрени министесрства. Ако тоа не се случи, ќе го напушамшам ЗЕЛС и ЗЕЛС треба да одлучи дека секое девијатно однесување на секој еден министер треба да подлежи под санкции“ рече Јакимовски додавајќи дека тој како градоначалник до сега немал проблем со ниту еден премиер на државата.

Continue Reading

Македонија

Милошоски: ДУИ треба да се фокусира на реформи во сопствената партија, наместо на испраќање патетични писма

Published

on

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се справува со последиците оставени од владеењето на СДС и ДУИ меѓу кои и огромен буџетски дефицит и падната доверба на граѓаните во институциите на системот, вели пратеникот и  член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во гостувањето во централниот Дневник на Сител телевизија.

Но, од друга страна пак, посочува Милошоски, ДУИ тешко се справува со позицијата во опозиција и смета дека нивниот претседател, очигледно, во обидот да привлече внимание и кај актуелната влада и кај меѓународната заедница манипулативно отвара теми кои не соодвестуваат со реалноста.

Во однос на писмото кое денеска Ахмети го испрати до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, Милошоски вели дека самиот се побива бидејќи тој лично пред неколку години потврди дека Охридскиот договор е завршена работа и партијата ја ребрендираше во зелена.

„Прво, самиот Али Ахмети се побива себе си со ова напишано писмо, бидејќи тој лично како претседател на ДУИ во 2021 година тука во Скопје промовираше на роденденот на ДУИ дека Охридскиот договор е завршена работа, националните теми се затворени и затоа ДУИ се трансформира во зелена партија со агенда за животната  средина. И сега одеднаш кога падна ДУИ во опозиција ја нема животната средина ја нема зелената агенда, не е приоритет, сега повторно се оди на етнизирање на одредени теми како балансерот или слични други алатки кои ДУИ кога била на власт се согласила да бидат избришани. И затоа сметам дека ваквото негово писмо е патетично и е еден очаен обид  за да се привлече внимание врз себе како одреден фактор од кој што зависи стабилноста или нестабилноста на државата, но тие времиња поминаа и најдобро е ДУИ да си посвети внимание на сопствените внатрепартиски реформи“, рече Милошоски додавајќи дека Али Ахмети има обврска да си ја реформира неговата партија од високата  корупција.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски најавува инвестиции во развојот на сите универзитети: Поддршка за Универзитетот Мајка Тереза, ФИНКИ и Факултетот за физичка култура

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање во врска со распределбата на средства за Универзитетот Мајка Тереза, нагласувајќи дека универзитетот е интегрален дел од образовната стратегија на Владата. „Универзитетот Мајка Тереза е најновиот универзитет и треба да се поддржува со инвестиции во модерна инфраструктура и квалитетни наставни програми“, истакна Мицкоски.

На прашањето дали распределбата на средства е исполнување на барањата на коалицискиот партнер, Мицкоски потврди дека е важно да се инвестира во образованието, со цел да се произведат добри студенти кои ќе придонесат за општеството.

Тој дополнително увери дека Владата планира да ги заврши и двата незавршени факултети на Факултетот за компјутерски науки, односно ФИНКИ и Факултетот за физичка култура. „Нема потреба од загриженост, ќе го изградиме и кампусот на Универзитетот Мајка Тереза, и ќе ги завршиме сите објекти што долго време се споменуваат“, изјави премиерот.

Со овие изјави, Мицкоски потврдува посветеност на развојот на образовниот сектор и обнова на инфраструктурата во земјата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк