Connect with us

Македонија

Мицкоски добил порака: Пола од тоа што го има ВЛЕН е доволно, за ДУИ да влезе во Влада

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на пратенички прашања откри дека добил пораки од високи функционери во ДУИ.

„Јас можам да ви покажам СМС пораки од високи членови на вашата политичка партија како ми праќаат пораки дека тоа што Влен, нашиот коалиционен партнер, го има во Владата пола е доволно за ДУИ само за да влезе во Владата“, порача Мицкоски.

Македонија

Млад возач од тетовско тешко повреден во сообраќајна несреќа

Published

on

На 14.11.2024 во 08.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Гостивар – Тетово, во близина на клучка Камењане, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.О.(20) од с.Пирок, тетовско, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ш.О., констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

Continue Reading

Македонија

Семејна драма во Тетово: Приведени сопружници по меѓусебни обвинувања за насилство

Published

on

На 14.11.2024 во 19.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Е.Б.(26) и И.Б.(31), двајцата од Тетово. Според пријавеното, околу 18.30 часот, Е.Б. оштетила дел од покуќнината во семејниот дом, по што физички ги нападнала 60 – годишниот свекор и сопругот И.Б.. Додека, при приведувањето, таа пријавила дека претходно била физички напаѓана од сопругот И.Б..  Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Continue Reading

Македонија

Филков: Судскиот совет мора да биде ослободен од политички влијанија

Published

on

Министерот за правда, Игор Филков, денес ја отвори првата од серијата стручни дебати посветени на измените на Законот за Судскиот совет. Овие дебати се организираат во рамки на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, со цел создавање функционален и независен Судски совет, кој ќе работи исклучиво во служба на правдата.

„Судскиот совет мора да биде ослободен од политички влијанија и да функционира во интерес на правдата. Ова е од клучно значење за зајакнување на владеењето на правото во нашата земја,“ изјави Филков.

Работната група на Министерството за правда веќе подготви нацрт-измени, а јавноста, стручната фела, меѓународните организации и граѓанскиот сектор активно се вклучени во процесот на дебатирање. До крајот на годината, ќе се одржат уште три дебати, по што ќе следат конкретни предлози за законски измени.

Филков истакна дека транспарентноста и инклузивноста се клучни за креирање ефективен правосуден систем. „Ова е само почеток на нашиот реформски процес. Нашата цел е Судскиот совет да го вратиме на патот на вистинска независност и интегритет,“ додаде министерот.

Овие реформи се дел од пошироките напори на Владата за зајакнување на правната рамка и исполнување на европските стандарди за владеење на правото.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк