Connect with us

Балкан

11 лица загинаа во Нови Сад, меѓу нив и дете!

Published

on

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ соопшти дека загинале 11 лица.

Тој за ТВ Пинк изјави и дека три лица се спасени.

„Спасени се и две жени кои биле под урнатините со кои имале контакт во текот на денот“, вели Дачиќ.

Тој рече дека дошло до недоразбирање со медиумите, а девојката која е спасена нема 14 туку повеќе од 20 години, но тоа е помалку важно.

„Меѓу жртвите има и дете“, изјави Дачиќ.

Балкан

Приведен хрватскиот министер за здравство, истрага и за познат доктор

Published

on

Хрватската полиција утрово во акција по наредба на Одделот за сузбивање на корупцијата и организиран криминал (УСКОК) го уапсила министерот за здравство Вили Берош, јавуваат хрватските медиуми.

Според неофицијални информации, уапсен е и директорот на Клиниката за неврохирургија.

Станува збор за финансиски малверзации со набавка на микроскопи.

Од УСКОК ја потврдиja акцијата.

„Апсењата и спроведувањето на итните доказни дејствија се резултат на истрагите кои претходно ги спроведе УСКОК. Наведените дејствија се вршат на подрачјето на Загреб и Скрадин во врска со повеќе лица, од кои едното е висок државен функционер, а за кои постои основано сомнение дека сториле коруптивни кривични дела. По распитот на осомничениот УСКОК ќе донесе одлука за понатамошно постапување по предметниот случај за што навремено ќе ја информира јавноста“, соопшти УСКОК.

Познатиот загрепски адвокат Љубо Павасовиќ Вишковиќ за Јутарњи потврди дека директорот на Клиниката го ангажирал како бранител, но не сакаше да коментира зошто неговиот клиент е уапсен.

Претходно државниот секретар во Министерството за здравство Томислав Дулибиќ во емисијата на хрватското радио „Полиграф“ изјави дека не знае зошто полицијата упаднала во куќата на министерот Берош.

Полицијата утрово изврши претрес на адресата на министерот Берош.

Според првите информации, освен министерот, цел се и неколку високи лекари, меѓу кои и директори на некои болници.

Continue Reading

Балкан

Минималната плата се зголемува од 300 на 600 евра

Published

on

Минималната плата во Федерацијата БиХ во моментов е 619 марки (околу 310 евра).

Федерацијата Босна и Херцеговина воведува фискални реформи кои ќе ја зголемат минималната плата на над 600 евра, речиси двојно повеќе од сегашната.

Со новиот сет закони, работодавачите ќе бидат ослободени од дел од придонесите, со што се очекува позитивно влијание врз економијата и намалување на црниот пазар.

Премиерот Нермин Никшиќ истакна дека реформите ќе го олеснат водењето бизнис и ќе ја зајакнат економската стабилност.

Вицепремиерот на Федерацијата Босна и Херцеговина, Војин Мијатовиќ, истакна дека, покрај законот за минимална плата, Владата ќе донесе и регулатива за приходите на работниците со цел да се обезбеди соодветна заштита на оние со приходи под сегашниот минимум. Минималната плата во Федерацијата БиХ во моментов е 619 марки (околу 310 евра).

Покрај минималната плата од 1.200 марки, се планира и закон за фискализација, кој ќе воведе централен систем за контрола на финансиските трансакции, насочен кон спречување на даночно затајување и заштита на работниците со пониски приходи.

Continue Reading

Балкан

Вечерва протести во Белград, се барат оставки од државниот врв за несреќата во Нови Сад

Published

on

Српската парламентарна опозиција вечерта организираше протест во Белград на кој побара оставка од премиерот и владата, кои ги сметаат заеднички одговорни за трагедијата во Нови Сад, кога загинаа 14 претежно млади лица, а тројца беа тешко повредени во уривањето на настрешницата на железничката станица на 1 ноември.

Беа прочитани барањата, меѓу кои и оставка на премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ, објавување, како што наведуваат, „тајни договори“ поврзани со реконструкција на железничката станица во Нови Сад, апсење на сите одговорни за смртта на 14 лица и ослободување на сите приведени по протестот во Нови Сад.

Организаторите најавија дека доколку не се исполнат барањата во рок од седум дена, ќе продолжат да се борат на улица и ќе бараат седница на српското Собрание за импичмент на Владата како единствена точка на дневен ред.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк