Connect with us

Македонија

По ремонт во Чешка – ПРИСТИГНАА ДВАТА ВОЕНИ ХЕЛИКОПТЕРИ

Published

on

Во касарната ,,Страшо Пинџур” во Петровец, денеска пристигнаа двата воени хеликоптери М-8, кои беа целосно ремонтирани од Чешкиот ремонтен завод, објави на својата Фејсбук страница министерот за одбрана Владо Мисајловски.

„По само 4 месеци раководење со министерството успеавме да ја завршиме целокупната процедура која со месеци беше заглавена од претходното раководство, кое покажа апсолутна негрижа за суштинската потреба од дополнителни пловидбени летала, особено во летниот период кога се соочивме со серија на пожари низ целата територија на Македонија. Целокупната процедура ја завршивме без дополнителни финансиски средства по буџетот на министерството. Армијата сега располага со 4 хеликоптери.

Благодарност до вработените кои беа вклучени во постапката, кои вложија максимални напори овој процес да се реализира со цел да бидеме подготвени за периодот што следува“, напиша Мисајловски.

Македонија

Тетовско: Пријавено исчезнување на 16-годишно девојче

Published

on

На 20.11.2024 во 16.00 часот во СВР Тетово, С.И.(44) од с.Ларце, тетовско, пријавила дека од домот се оддалечила незјината ќерка З.А.(16). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Continue Reading

Македонија

Се вклучува и финансиската полиција, ги проверува јавните набавки за мазут при ЈСП

Published

on

Од Основното јавно обвинителство Скопје попладнево информираа дека ги следат сите информации и веќе се дадени одредени насоки на Управата за финансиска полиција да ги испита постапките за јавни набавки на мазут за потребите на ЈСП.

Веќе втор ден има гужви на автобуските станици, немање автобуси и нервоза е присутна и денеска во главниот град Скопје. 

Нафтата за автобусите не стаса ниту синоќа, ниту утрово, па Скопјани имаа потешкотии да дојдат до своите работни места, а учениците на училиштата.

Continue Reading

Македонија

Министерката Божиновска главен таргет на опозицијата на првите пратенички прашања по нов деловник

Published

on

Денеска за првпат се одржуваат пратенички прашања според новиот деловник усвоен од претходниот состав на Собранието.

Според новите правила не се знаат прашањата но однапред се знае на кого се однесуваат пратеничките прашањата.

Тие од сега натаму ќе се поставуваат до членовите на владата кои пратениците однапред ги повикале да одговораат.

На првата ваква седница за пратенички прашања најинтересна за опозицијата е министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Божиновска која допрва го етаблира новото министерство кое го раководи денеска ќе треба да одговори на три прашања, две поставени од СДСМ и едно од Левица.

Божиновска претходно наместо да биде прашувана за проектите во енергетиката во дел од јавноста беше ,,расчеречена” за бугарскиот пасош иако таа одамна побарала отпуст од бугарско државјанство.

Иако е јавна тајна дека таа де факто веќе не е бугарски државјанин затоа што бугарската потпретседателка Јотова не сака да го потпише актот за отпуст од државјанство наводниот бугарски пасош се уште е интересна тема за дел од јавноста.

Бугарската потпретседателка Јотова не сака да го потпише актот со кој Божиновска формално нема да биде бугарски државјанин за да може да води ефтина пропаганда дека наводно во македонската влада има бугарски граѓани.

На седницата за пратенички прашања денеска три прашања има и за министерот за здравство Арбен Таравари, две има за премиерот Христијан Мицкоски и за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ….

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк