Connect with us

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Потребна е оставка од Димовска и колективна одговорност од Судски совет

Published

on

На Судскиот совет и Советот на јавни обвинители како да не им е грижа за ниската доверба на граѓаните, па со свои постапки продолжуваат да ја поткопуваат и така ниската доверба во правосудните органи од само 2%, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Со последниот дрзок упад кој што Судскиот совет го направи во Академијата на судии и јавни обвинители, дополнително ќе ја намали довербата на граѓаните во правосудството.

Пред недела дена, на 24 октомври, спротивно на закон, Судскиот совет за член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, наместо судии, ја назначи Антоанета Димовска, која истовремено е член на Судскиот совет.

Според Членот 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, се забранува избрано или именувано лице истовремено да врши функција на член на орган на управување во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице кое располага со државен капитал.

А, токму членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се избрани и именувани лица и не можат да вршат функција во органи на управување како што е Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Тоа е флагрантно кршење на законските прописи.

Антоанета Димовска, освен што спротивно на закон е назначена за член на УО на Академијата, треба да се напомене дека е и сестра на пратеничката на СДС, Снежана Калеска Ванчева.

Дали роднинските врски со членови на СДС бил мотивот на Судскиот совет да го прекрши законот и Антоанета Димовска да ја назначи за член на УО на Академијата за судии и јавни обвинители?

Одговор треба да дадат и од СДС и да кажат, која е нивната улога и дали се вмешани во овој избор?

Освен одговори, потребно е Димовска да си поднесе оставка од незаконски добиената функција, а Судскиот совет да понесе колективна одговорност за противзаконскиот упад во системот“, се вели во соопштението на партијата.

Македонија

Тешка сообраќајна несреќа вечерва на патот Горно-Долно Лисиче

Published

on

Тешка сообраќајна несреќа вечерва на патот Горно-Долно Лисиче

Continue Reading

Македонија

Возот серија 411 103-104 повторно во служба на патниците!

Published

on

По четири месеци пауза, патничкиот воз серија 411 103-104 повторно е во сообраќај! Со целосно нови тркала и зголемена функционалност, возот е ставен во служба на патниците на популарната релација Скопје – Гевгелија – Скопје.

Железници на Северна Македонија продолжуваат со своите напори за унапредување на железничкиот превоз, обезбедувајќи сигурни и удобни патувања за сите корисници.

Од компанијата најавуваат уште една позитивна вест: вториот патнички воз на релација Скопје – Гевгелија, кој беше укинат во март 2024 година, наскоро ќе биде вратен во сообраќај.

Continue Reading

Македонија

АД ЕСМ: Новиот топловод под мостот „Беласица“ проработи без прекини

Published

on

Новиот топловод под мостот „Беласица“ од ноќеска е целосно ставен во функција и обезбедува стабилна и сигурна испорака на топлинска енергија, информира АД ЕСМ.

Новиот топловод под мостот „Беласица“ од ноќеска е целосно ставен во функција и обезбедува стабилна и сигурна испорака на топлинска енергија, информира АД ЕСМ.

Откако вчера најави дека можно е да има прекини во испораката при поврзувањето на топловодот, денеска АД ЕСМ информира дека се поминало без никакви прекини или отстапки во квалитетот на испораката на топлинска енергија.

Соопшти дека поставувањето на новите топловодни цевки е завршено „во рекордно краток период од помалку од два месеца, благодарение на високата ефикасност и посветеноста на тимовите на АД ЕСМ и ЕСМ Дистрибуција на топлина“.

-Иако првично беше предвидено привремено прилагодување на квалитетот на испораката за мал дел од корисниците за време на финалните активности, ефикасната координација и професионалноста на екипите овозможија поврзувањето на новиот топловод со постоечкиот систем за дистрибуција на топлинска енергија да помине без никакви прекини или отстапки во квалитетот на испораката. Задоволен сум што со тимска работа и вложување на натчовечки напори успеавме да го завршиме зафатот за 40 дена и овој капацитет веднаш да го ставиме во целосна функција, истакнува Петар Милетиќ, директор на ЕСМ-Дистрибуција на топлина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк