Connect with us

Македонија

Јаневска: Утврдени нерегуларности на повеќе универзитети

Published

on

Во процесот за контрола на работата на универзитетите и високообразовните установи се утврдени одредени проблеми и недостатоци. Министерката за образование и наука Весна Јаневска вели дека процесот се уште не е комплетиран туку постепено утврдуваат „една по друга нерегуларност“.

Во Неделното интервју за Радио Слободна Европа, таа посочи дека има нелегален избор на двајца наставници на Тетовскиот универзитет и дека таму инспекцискиот надзор сè уште трае.

-Имаме проблеми на универзитетот „Апостол Павле“ и таму се утврдени нерегуларности. Имаше сериозен проблем на универзитетот во Струга, таму го затворивме смерот за медицински науки. Тоа се повторно процеси коишто траат и кои сè уште се во фаза на анализа затоа што и Законот за просветна инспекција дава одредени насоки како треба да се работи. За некои пропусти се вели дека треба да се отстранат во одреден рок, потоа Државниот просветен инспекторат оди да провери дали се отстранети или не се. Повторно ја прави проверката, ако се отстранети следи нов извештај. Ако не се отстранети следат некакви пенали и во моментов за два случаја имаме т.н. порамнување кога универзитетот треба да плати казна. Порамнувањето го прави МОН за казната да биде помала. Значи, во моментот се случуваат такви два процеси. Затворивме два научни институти и мислам дека во брзо, во најскоро време, ќе затвориме уште два, вели Јаневска.

На прашањето дали ќе се затворат универзитети, министерката одговори дека тоа во овој момент не може да го тврди, но инспекцискиот надзор, како што рече, „ќе каже што ќе треба да се направи тогаш кога ќе биде завршен“.

Во однос на антидискриминацијата во образованието и тоа што во предложените измени на Законот за основно образование се наведува дека  „во основното образование се забранува секоја директна или индиректна дискриминација по основ на пол, раса, националност …“, но се брише „родовиот идентитет“ и „сексуалната ориентација“, како што стои во актуелниот закон, Јаневска одговара  дека со наведувањето на „и друго“ во текстот се опфатени сите видови дискриминација.

-Апсолутно сме против секаков вид на дискриминација, но по реакциите кои ги имаше во македонската јавност, целокупната јавност, заклучивме дека треба да бидеме внимателни во однос на тоа како се изразуваме. Ние имаме континуитет и во Законот за средно образување се спомнува родовата еднаквост. Да не биде недоразбирање, на крајот на реченицата има „и друго“ што опфаќа секаков вид на дискриминација. Не знам зашто би требало да го оптоваруваме законот и да ги набројуваме сите видови дискриминации кои постојат, затоа што тоа е номотехника. Зборот „и друго“ на крајот на реченицата ги опфаќа сите можни постоечки видови на дискриминација, појаснува министерката во интервјуто за Радио Слободна Европа. 

Македонија

Тешка сообраќајна несреќа вечерва на патот Горно-Долно Лисиче

Published

on

Тешка сообраќајна несреќа вечерва на патот Горно-Долно Лисиче

Continue Reading

Македонија

Возот серија 411 103-104 повторно во служба на патниците!

Published

on

По четири месеци пауза, патничкиот воз серија 411 103-104 повторно е во сообраќај! Со целосно нови тркала и зголемена функционалност, возот е ставен во служба на патниците на популарната релација Скопје – Гевгелија – Скопје.

Железници на Северна Македонија продолжуваат со своите напори за унапредување на железничкиот превоз, обезбедувајќи сигурни и удобни патувања за сите корисници.

Од компанијата најавуваат уште една позитивна вест: вториот патнички воз на релација Скопје – Гевгелија, кој беше укинат во март 2024 година, наскоро ќе биде вратен во сообраќај.

Continue Reading

Македонија

АД ЕСМ: Новиот топловод под мостот „Беласица“ проработи без прекини

Published

on

Новиот топловод под мостот „Беласица“ од ноќеска е целосно ставен во функција и обезбедува стабилна и сигурна испорака на топлинска енергија, информира АД ЕСМ.

Новиот топловод под мостот „Беласица“ од ноќеска е целосно ставен во функција и обезбедува стабилна и сигурна испорака на топлинска енергија, информира АД ЕСМ.

Откако вчера најави дека можно е да има прекини во испораката при поврзувањето на топловодот, денеска АД ЕСМ информира дека се поминало без никакви прекини или отстапки во квалитетот на испораката на топлинска енергија.

Соопшти дека поставувањето на новите топловодни цевки е завршено „во рекордно краток период од помалку од два месеца, благодарение на високата ефикасност и посветеноста на тимовите на АД ЕСМ и ЕСМ Дистрибуција на топлина“.

-Иако првично беше предвидено привремено прилагодување на квалитетот на испораката за мал дел од корисниците за време на финалните активности, ефикасната координација и професионалноста на екипите овозможија поврзувањето на новиот топловод со постоечкиот систем за дистрибуција на топлинска енергија да помине без никакви прекини или отстапки во квалитетот на испораката. Задоволен сум што со тимска работа и вложување на натчовечки напори успеавме да го завршиме зафатот за 40 дена и овој капацитет веднаш да го ставиме во целосна функција, истакнува Петар Милетиќ, директор на ЕСМ-Дистрибуција на топлина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк