Connect with us

Македонија

Во рок од една недела се започнува изградба на два автопати во Македонија, меѓи кој и автопатот Прилеп-Битола со кои ќе се промени целосно сликата за Македонија.

Published

on

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николсоки заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, амбасадорката на САД Ангела Агелер, директорот на ЈП за државни патишта Коце Tрајановски, претставници од Владата, грaдоначалници од Пелагоснкиот регион, извршија увид во изградбата на автопатот Прилеп – Битола.

Министерот Николоски истакна дека ова е ден за паметење бидејќи во рок од една недела се започнува изградба на два автопати во Македонија, меѓи кој и автопатот Прилеп-Битола со кои ќе се промени целосно сликата за Македонија.

– Навистина ова е значаен ден за целиот Пелгониски регион. Многу значајна работа и за Прилеп, за Битола, за Могила, Новаци, Ресен Кривогаштани, ако сакате и за Охрид бидејќи ова е алтернативен пат и за Охрид. Но најважното е дека овој автопат води до два големи центри во Македонија, до Прилеп и до Битола, а тука води и до границата со Грција, до нашиот втор граничен премин со Грција, што значи целосно отворање и за туризмот и за економијата.

Ова значи заживување на економијата за целиот Пелагониски регион, добрите економски перформанси во овој регион дополнително се надградуваат, да се отвораат нови добро платени работни места и луѓето да ја видат својата иднина тука.

– Можам со задоволство да кажам дека со завршувањето на овој автопат од Прилеп до Битола, како и со пуштењето во функција на експресниот пат од Градско до Прилеп кој што оди во три сексции и тоа од Градско до Дреново ќе биде готов до Нова година, Дреново до Фариш некаде март следната година и во текот на следната година и од Фариш до Прилеп, и кога ќе се заврши и овој автопат од некаде четириесетина километри, очекувам за три до три и пол години од денеска, од Скопје до Прилеп да се патува во едно пријатно патување од еден час и детсетина минути а до Битола еден час и триесет минути, што целосно ќе ја промени реалноста во регионот, во делот на економијата, во делот на комуникацијата и во делот на напредокот, потенцира Николоски и додава:

„Сакам да се заблагодарам на прмиерот Мицкоски затоа што на дневна основа ја следи реализацијата на овие проекти, лично е вклучен и помага на сите предизвици кои што ги имаме, на прекрасниот тим на ЈПДП кои се тука заедно со директорот Коце Трајановски, секако на компанијата Бехтел и Енка, на амбасадорката на САД кои што ни даваат несебична подршка и навистина мислам дека Македонија не видела во исто време да почнат да се градат два автопати во рок од една недела. А во брзо време ќе гледаме и завршени експресни патишта и автопати и железнички решенија.

Во однос на трасата, таа се движи паралелно или по линија на постојаниот магистрален пат Прилеп – Битола. Она што мислам дека е добро во делот на планирање и проектирање и да се заблагодарам на луѓето во министерството за транспорт и во ЈПДП, е што нема да има село кое што нема да биде поврзано со другата страна на автопатот без разлика на која страна е селото, бидејќи има голем број на потпатници и натпатници, а исто така имаме и 5 клучки кои имаме спојување во Прилеп, во Битола и на самиот коридор”.

Македонија

Лимани: Градинката „Младост“, Тетово доби 42 нови вработувања, со новиот објект „Рилиндја“ листите на чекање за упис во градинка ќе бидат минато 

Published

on

Повод за посетата се новите 42 вработувања на воспитувачи и негуватели во оваа јавна установа, 13 по основ на пензионирања односно испразнети работни места, а 29 вработувања за новиот објект „Рилиндја“ кој наскоро ќе биде отворен.

Во обраќањето пред присутните министерот Лимани искажа задоволство што конечно проблемот со кадар во оваа јавна установа е решен.

„Ме радува фактот што успеавме после 2 години закочен процес за вработувања во оваа Јавна установа, конечно да се реализираат потребите од кадар во истата. Задоволство ми е да соопштам дека обезбедени се и вработувањата за новиот објект „Рилиндја“, кој наскоро ќе биде и официјално отворен,“ посочи Лимани.

Тој истакна дека обезбедувањето на стручен кадар во детските градинки и инвестирањето во зајакнување на нивните компетенции придонесува за квалитетот на воспитно образовниот процес. Како и дека министерство ќе продолжи посветено да работи во насока на обезбедување на предучилишно воспитание и образование согласно предвидените стандарди.

Јавната установа Младост е една од најголемите установи во државата за предучилишно образование во однос на капацитетот на деца кои ги згрижува, со отворањето на новиот објект „Рилиндја“, листите на чекање за упис во градинка ќе бидат минато.

Лимани на нововработените воспитувачи и негуватели им посакува успешна и плодна работа.

Continue Reading

Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

Published

on

На саемот „Винска визија на Отворен Балкан“, претседателот на Србија, Александар Вучиќ се пофали со убавите жени во Врање, но македонскиот премиер Христијан Мицкоски одговори дека убави жени има и во Македонија.

На саемот се претставија повеќе од 300 винарии од Македонија. Во Белград се одржа и Македонска вечер. 

Continue Reading

Македонија

Молика стара 250 години уништена од силен ветер

Published

on

Пелистер изгуби дел од најстарата моликова шума. Невремето кое изминатиот викенд го зафати Битолскиот регион уништи преку 150 дрвја, меѓу кои и најстарото стебло, старо и пол векови.

Според НП „Пелистер“ најголема штета е причинета во средишниот дел, каде се наоѓа најстарата шума од молика, а каде се уништени околу 150 стебла на површина од стотина хектари. Според познавачите, освен силниот ветер, причина за ваквата штета е и староста на дрвата.

Македонскиот бор, како што му е и официјалното име, е исклучително значен ендемичен вид, а тој е и причина што Пелистер во 1948 година е прогласен за национален парк, прв во државата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк